You are on page 1of 4

Инхалација

Изработила: Зорица Узунова


IV5
За инхалаторна терапија во домашни услови
се користи инхалатор. Тој, препишаните од
лекар лекови во течен облик и раствори ги
трансформира во аеросолна пареа и така се
олеснува нивното вдишување преку устата или
носот. Така се справувате со проблемите со
дишење на детето и на секој член од
семејството побрзо и поефикасно, зашто лекот
се внесува длабоко во белите дробови и има
поголема ефикасност во лекувањето.
Во кои состојби детето има потреба од
инхалаторна терапија?
● Бронхиолит
● Бронхити
● Астмата
● Ларингит
● Акутни состојби на бронхитис со бронхоспазам
Кои видови лекови се инхалираат?

● Најчесто се применува инхалација со солен раствор или стручно 0,9%


натриум хлорид – изотоничен раствор. Со овој тип инхалации се навлажнува
лигавицата на дишните патишта и се разводенува секретот за болниот
полесно да го искашла.
● Бронходилататори се лекови кои дејствуваат на спазмот на бронхиите и
дејствуваат со ширење на дишните патишта
● Секретолитици - можат да се аплицираат во облик на инхалации, но само
кај одредени возрасни групи и во одредени состојби кога секретот кај детето
е густ, жилав, за да му се помогне полесно да го искашла.
● Кортико-препаратите аплицирани инхалаторно се моќни лекови со
антивоспалителен ефект кои брзо и ефикасно го смируваат воспалението.
Се користат во состојби како ларингити, бронхиолити и при астма.

You might also like