You are on page 1of 8

Диетотерапија

Поим
 Диететика или диетотерапија претставува
наука за тоа дека треба да се грижиме да
внесуваме соодветна храна за да можеме
нормално да живееме, да останеме здрави,
односно да спречиме појава на одредена
болест или доколку се појави болеста, да
припремеме соодветна исхрана со цел да
ја спречиме болеста или да го ублажиме
нејзиното манифестирање.
Регулирање на внес
 Глад – претставува потреба за земање храна. Потребата
се формира во централниот нервен системи е поврзана
со низа субјективни чувства како и објективни чувства,
како грчење на желудникот, болки во пределот на
желудникот итн. 
 Апетит – претставува желба за земање одреден вид
храна. Се формира исто во централниот нервен систем. 
 Ситост – е чувство спротивно на гладот. Се појавува
после или за време на земањето на храна
 Сите информации во врска со ситоста и гладот се
обработуваат од хипоталамусот во кој се наоѓаат два
спротивставени центри: центар за глад и центар за
ситост. 
Регулација на внес
 Самата нервна регулација може да се
подели на два дела: Долготрајна
(нутритивна) и краткотрајна (алиментарна)
регулација.
Долготрајна регулација
 Претставува контролен механизам кој се
темели на фактот дека центрите за глад и
ситост се многу чувствителни на
концентрацијата на одредени хранливи
материи во меѓуклеточната течност на ЦНС.
Имено со зголемување на концентрацијата
на гликоза, аминокиселини и масни
киселини во оваа течност(што е директно
поврзана со нивната концентрација во крвта)
работата на центарот за глад се намалува а
истовремено се активира центарот за ситост.
Долготрајна регулација
 Долготрајната регулација е поврзана и со
центарот за телесна температура(кој исто
така се наоѓа во хипоталамусот) При
изложување на телото на ниска надворешна
температура се зголемува потребата за
земање на хранливи материи иако нивната
концентрација во телото е доволна.
Причината за тоа е потребата на организмот
од дополнителнаколичина на енергија која
би се искористила за одржување на
нормалната телесна температура.
Краткотрајна регулација
 Овој вид на регулација се однесува на
количината на храна која се зема за време на
оброкот. Долготраната регулација се
однесува на промените кои настануваат во
организмот после одреден период од
земањето на храната, поради што овој вид
регулација не може да влијае врз
количеството храна кое се зема со еден
оброк. Краткотрајната регуација се однесува
на препознавање кога организмот внел
доволна количина на храна со еден оброк.
Краткотрајна регулација
 Ова се врши преку следење на промените
на одредени карактеристики на органите
од дигестивниот тракт (степен на
истегнатост на желудникот и дуоденумот,
број на залаци, количина на создадена
плунка) или промената на одредени
хормони во крвта како лептин, инсулин и
глукагон. Овај вид на регулација има многу
битен дел во спречување од прејадување.

You might also like