You are on page 1of 10

Тема: Желудочен (стомачен) сок

Желудник (стомак) градба

Желудникот (gaster) претставува дел од системот за варење. Во горниот дел се


надоврзува на хранопроводот (oesophagus), а во долниот продолжува со
duodenum (дванаестопалачно црево). Тој е изграден од 3 дела и тоа:
 cardia (горен)
 corpus - тело (среден)
 pylorus (краен).
Најдолниот дел од gaster-от е antrum, а најгорниот е fundus и е исполнет со
воздух. Ѕидот на желудникот е изграден од 3 слоја:
 надворешен - серозен кој го претставува перитонеумот
 среден - мускулен
 внатрешен - мукозен или слузница.
Слузницата е набрана и содржи цилиндрични епители. Тука се создава
стомачната (желудочна  слуз која ја штити слузницата од ерозивното дејство на
HCl. На двата краја од желудникот се наоѓаат свинктерии. Свинктерот што се
наоѓа меѓу oesophagus-от и cardia е наречен кардијачен, а оноj меѓу дното  на
желудникот (fundus) и duodenum-от е пилоричен.
Во слузницата на желудникот се наоѓаат 2 вида на жлезди (кои учествуваат во
варењето на храната):
 Специфични желудочни жлезди сместени по целата слузница и имаат улога
да лачат желудочен сок кој учествува во варењето на храната.
 Пилорични жлезди кои се сместени во делот на antrum-от.
 Кардијачни жлезди сместени во делот на cardia-та. Овие жлезди лачат
исклучиво слуз што ја штити слузницата од ерозивното дејство на
желудочниот сок.
Специфичните желудочни жлезди се изградени од 3 вида на клетки:
 главни клетки кои лачат и создаваат пепсиноген
 обложни - париетални клетки кои создаваат и лачат HCl
 споредни кои создаваат слуз.
Пепсиногенот е проензим кој го лачат главните клетки во неактивна форма, а се
активира под дејство на HCl во активен пепсин.
HCl има неколку функции во желудникот. Покрај тоа што го активира пепсиногенот
во пепсин таа ги денатурира протеините со што го овозможува дејството на
пепсинот врз нив. Делува бактерицидно врз бактериите кои не содржат капсула
врз липидната обвивка. Ја одржува pH во желудникот од 1,5-4,5 која е оптимална
реакција за да се одвива активноста на пепсиногенот. При повисока pH дејството
на пепсинот се инхибира.
Во слузницата на желудникот се лачат и мали количества на желудочна амилаза
и липаза кои немаат голема ензимска активност бидејќи pH на желудочниот сок не
им одговара. Активноста на овие ензими може да се одвива само ако pH
реакцијата е околу 8 што е многу повисока од pH на желудочниот сок.
Мукоидните клетки од желудочната слузница го лачат внатрешниот или интрисинг
фактор кој е важен за реапсорпцијата на vit B12. Бидејќи недостаток на vit B12
доведува до пернициозна анемија затоа при атрофија на стомачната слузница
често се јавува пернициозна анемија. Тие лачат и муцин чија функција се состои
во чување на желудочната слузница од дејството на HCl.

Желудник и негова функција

Тој е дел од системот за дигестија на храната во кој таа се подготвува за


понатамошно разградување и апсорпција на хранливите продукти. Кога храната ќе
се соџвака во устата со голтање преку хранопроводот се спушта во желудникот
каде почнува нејзиното варење. Од желудникот размекнатата храна во вид на
кашеста смеса (химус) преку пилорусот постепено доаѓа во тенкото црево
(duodenum).
Тенкото црево има мал дијаметар а долго е 4-6m. Во неговиот состав влегуваат 3
дела: duodenum, jejunum, и ileum. Во првиот дел од тенкото црево завршува
дигестијата на храната. Храната се доразградува, а во останатиот дел преку
цревните ресички хранливите материи влегуваат во крвта. Неразградените
преминуваат во дебелото црево (colon) преку кој поголемо количество од овие
материи се исфрлаво надворешната средина.
Секреција-лачење на желудочен сок

Лачењето на желудочниот сок се одвива во 3 фази:


1. Цефалична фаза - претставува рефлексна фаза на секреторната
активност на желудникот. Ја предизвикува мирисот, изгледот или пак помислата,
разговор или гледање на храна, а ја овозможуваат импулсите што доаѓаат по
нервен пат од кората на големиот мозок или од центрите за апетит во
хипоталамусот. За време на оваа фаза може да се излачи и до 1,5L желудочен
сок.
2. Гастрична фаза - започнува кога храната ќе навлезе во желудникот, кога
таа ќе дојде во допир со желудочната слузницаа (механичко дразнење). Во оваа
фаза делува и гастринот - хормон од желудочната слузница којво крвта се лачи
кога примената храна ќе го растегне желудникот. Гастринот ги поттикнува
обложните (париетални) клетки да лачат HCl. Речиси идентично дејство на овие
клетки и хистаминот поради што тој се користи како стимуланс кој го поттикнува
лачењето на HCl во т.н. хистаминска проба и при одредување на максимален
хистамински одговор.
3. Интестинална (цревна) фаза - започнува кога храната во вид на химус ќе
излезе од желудникот и ќе навлезе во тенкото црево (duodenum-от). Оваа фаза ја
потпомагаат материите кои ги лачи цревната слузница. Во желудникот храната се
задржува околу 2h, а полутечната сварена храна од желудникот преминува во
duodenum-от и продолжува да се вари. Сварената храна продолжува низ тенките
црева и тука хранливите материи преку цревните ресички навлегуваат (се
ресорбираат) во крвта.
Лачењето на желудочниот сок се инхибира преку 3 механизми:
1. Ентерогастричен рефлест кој настанува како резултат на растегнување
на ѕидот на цревата кога храната ќе навлезе во цревата. Промена на pH
реакцијата на цревната содржина откако ќе се измеша со химусот кој доаѓа од
желудникот кој има кисела реакција. Надразнување на цревната слузница со оваа
кисела pH и со продуктите кои настануваат како резултат на разградба на
протеините во желудникот.
2. Ентерогастрон - хормон од цревната слузница кој се лачи кога во цревата
се лачат поголеми количества на масти и глукоза (се лачиво duodenum).
3. Намалена pH на желудочната содржина на помалку од 1,5 откако ќе се
испразни желудникот и ќе започне интестиналната фаза на секреција.
Состав на желудочен сок

Главна улога во дигестијата на храната во желудникот има желудочниот сок.


Жлездите на желудочната лигавица дневно лачат околу 1-1,5 сок. Лачењето е
постојано, а во текот на варењето на храната тоа се засилува.
Желудочниот сок е бистра, безбојна течност со силно кисел вкус. Главни состојки
на желудочниот сок се: вода, минерални материи (особено бикарбонати), HCl,
ферменти…
Во составот на желудочниот сок влегуваат: вода, HCl, слуз, амино к-ни, уреа, NH3,
минерални материи, јони на K, Na, ферменти - ензими (пепсиноген и пепсин, мало
количество желудочна амилаза и липаза), може да содржи и млечна к-на,
излачевини од усната празнина, назофарингсот, ларингсот или од храна која се
вратила од duodenum-от вклучувајќи ја и жолчката, неоргански соли на Cl и P,
мукополисахариди, глукопротеини, хистамин, крвно-групни супстанци.
Сите овие материи кои не потекнуваат од желудникот туку од респираторниот или
дигестивниот систем имаат поалкална pH и тоа може да пречи во функцијата на
желудникот.
Ензимите од желудочниот сок главно ја започнуваат дигестијата на протеините и
делумно на липидите од храната. Желудочниот сок содржи 3 ферменти:
• Пепсиноген кој е најважен од ензимите. Се излачува во форма на
проензим кој под дејство на киселата средина што ја обезбедува слободната HCl
преминува во активен пепсин. Има улога во варењето на протеините од храната.
Тој е протеолитички фермент. Ја започнува разградбата на протеините до
попрости соединенија албумози и пептони. Овие соединенија го поттикнуваат
лачењето на хормонот гастрин кој ја зголемува секрецијата на HCl. Колку повеќе
протеини се конзумираат со храната толку е поинтензивно лачењето на гастринот
и на HCl. Целосно разградување се остварува под дејство на протеолитичките
ферменти присутни во панкреасниот сок.
• Лабфермент е задолжен за згрутчување и засирување на млекото.
Дејствува врз засирување на казеинот протеин од млекото. Со тоа овозможува
казеинот подолго време да се задржи во желудникот за да може пепсинот да
дејствува.
• Липазата (желудочна) е липолитичен фермент кој од желудочниот сок
зема учество во варењето на емулгираните масти од млекото разградувајќи ги до
глицерол и масни к-ни. Останатите масти се разградуваат во тенкото црево под
влијание на цревната и панкреасната липаза. Улогата на муцинот се состои во
чувањето на желудочната лигавица од дејството на HCl.
Во составот на желудочниот сок влегува HCl која има улога да ја одржува
киселоста во желудникот и тоаод 1-1,5. HCl се сретнува во 2 форми: активна и
врзана. Слободната HCl е активна форма и е јонизирана, а врзаната е
неутрализирана ,но придонесува за одредена киселост. HCl дисоцира на H+ и Cl-
со што:
 се зголемува киселоста во желудникот одржувајќи ја во граници од 1-1,5
 се создаваат услови за активирање на пепсиногенот во пепсин
 се овозможува набабрување на протеините и нивна подготовка за ензимско
дејство
 се дејствува бактерицидно врз микроорганизмите внесени со храната, врши
дезинфекција
 се раствараат нерастворливите соли на Fe, P, Ca итн.
Муцинот од желудочниот сок заедно со бикарбонатите ја заштитува слузокожата
на желудникот од разорната моќ на HCl и пепсинот.
Лачењето на желудочниот сок се стимулира под дејство на разни стимуланси.

Преглед на желудочен сок

Функцијата на желудникот се испитува со помош на разни дијагностички тестови


кои опфаќаат преглед на желудочен сок на гладно или по одредена стимулација.
Овие испитувања даваат само увид во функционалната состојба на желудникот
без да се добијат поточни дијагностички податоци. Прегледот на желудочниот сок
опфаќа одредување на: промени во волуменот, киселоста, пептичката активност,
присуство на крв, ненормално заостанување на храна во желудникот итн.
Желудочниот сок може да се испитува хемиски и микроскопски, а целта на овие
испитувања е да се утврди функционалната состојба на желудочната слузница и
промени што настанале во неа.
Кај здрав човек pH на желудочниот сок е во граници од 1,5-4,5 единици. Во
составот тој содржи слободна и врзана HCl, пепсин, слуз.
Кај лица кај кои настанале промени во желудочната слузница може да се
забележи зголемено или намалено количество на слободна и врзана HCl или
истата потполно недостасува. Исто така може да постои и делумен или потполн
недостигна пепсин, да недостасува внатрешниот фактор, да има присуство на
млечна к-на.
Во седиментот на желудочниот сок може да се видат неколку свежи Er кои
потекнуваат од повреда на слузницата при вадење на желудочниот сок, мал број
Le, епителни клетки и понекогаш остатоци од храна.
Може да се забележат и патолошки промени во седиментот на желудочниот сок,
односно да се појават голем број на Er, Le, епителни клетки, бактерии, габички и
паразити.
Хемиски испитувања на желудочен сок

Хемиските испитувања на желудочниот сок може да се изведат во примерок што


се добива со еднократно вадење или со фракционирано вадење на желудочен сок
при што може да се користи стимулативно средство или без нивна употреба. Во
сите примероци може да се одредува:
 Слободна HCl
 Врзана HCl (за муцинот)
 Вкупна киселост (ја сочинуваат сите к-ни, слободна HCl, кисели соли,
мукопротеини и некои органски к-ни млечна и бутерна)
 Дефицит на к-на.

Видови испитувања на фракционирано вадење на желудочен сок

При вадење на желудочен сок кој се добива со фракционирано вадење при што е
употребено стимулативно средство може да се одреди:
 Максимално лачење на к-на (МАО)
 Врвно лачење на к-на (РАО).
Ако желудочниот сок е изваден во фракции без употреба на стимулативно
средство или содржината е извадена пред да се даде стимулативно средство
може да се испита:
 Базално лачење на к-на (ВАО).
Ако желудочниот сок се вади во фракции при што претходно како стимулативно
средство е употребен хистамин може да се испита:
 Максимален хистамински одговор (MHR).
Кога желудочниот сок се добива со еднократно вадење без давање на
стимулативно средство може да се испита:
 Дефицит на к-на
 Присуство на млечна к-на
 Активност на пепсинот во желудочниот сок.
Целта на овие испитувања е да се утврди функционалноста односно
функционалната состојба на желудочната слузница. Овие методи се непријатни
за пациентот и затоа помалку се користат но понекогаш се незаменливи, важни и
неопходни.
Преку хемиските испитувања на желудочниот сок можат да се утврдат следните
состојби:
 Нормоацидитет - кога слободната и вкупната HCl се во граници на
референтните вредности 1,5-4,5
 Хипоацидитет - кога слободната и вкупната HCl се под долната граница на
референтни вредности
 Хиперацидитет - кога слободната и вкупната HCl се над горната граница на
референтни вредности
 Ахлорхидрија - кога во желудочниот сок не може да се докаже слободнаHCl,
но има Cl што значи дека HCl е неутрализирана, ) се сретнува кај пациенти
со пернициозна анемија и карцином на желудник и атрофичен гастритис
 Ахилија - кога во желудочниот сок нема ниту HCl ниту пепсин.
 Нормохлорхидрија - најголема нормална киселост,присуство на слободна
HCl во желудочниот сок изнесува 25-50 единици.
 Хиперхлорхидрија (зголемени вредности на слободна HCl) се сретнуваат кај
гастритис(акутен и хипертрофичен), улкус (чир) на желудник и duodenum.
 Хипохлорхидрија (намалени вредности на слободна HCl,се сретнува кај
пациенти со пернициозна анемија и карцином на желудник и атрофичен
гастритис.
Постоењето на ахилија или ахлорхидрија може да се утврди преку одредување на
активноста на пепсинот. Но може да се докажат и преку одредување на дефицит
на к-на. Всушност се докажува колку слободна HCl е присутна, а ако се докаже и
одреди присуство на млечна к-на во желудочниот сок тоа со сигурност докажува
дека недостасува HCl. Во такви услови во желудникот се развиваат бактерии на
млечно-киселинското варење. Лактозата што се внесува со храната е добра
подлога за дејството на овие бактерии, а како резултат на тоа во желудникот се
создава млечна к-на. Во тие состојби во седиментот на желудочниот сок се
гледаат бактерии на млечно-киселинското вриење наречени боаст-облерови
бацили.
Со хемиските испитувања може да се докаже крварење во желудникот кое е
видливо со голо око или окултно крварење кое не е видливо со голо око.
Крварењето во желудникот се гледа во вид на заматување на желудочниот сок кој
добива црвена или темно кафена боја или добива изглед на црни зрнца во вид на
талог од кафе. Кафената и црната боја настануваат од Hb што се ослободува од
распаднатите Er и кои под дејство на солната к-на од желудникот се
денатурираат, се агломерираат и собираат во зрна кои потсетуваат на зрна од
мелено кафе. Окултното крварење се открива со микроскопски преглед на
седимент на желудочниот сок или со хемиски испитувања.
Микроскопски преглед на седимент на желудочен сок

Со микроскопски преглед на седиментот се добиваат податоци за тоа дали


желудочната слузница е зачувана или пак се јавиле промени во нејзната
функција. Во седиментот на желудочниот сок кај здрави лица се сретнуваат мал
број епителни клетки, а кај особи кај кои постојат воспалителни процеси на
слузнуцата во зависност од интензитетот на воспалението може да се видат
поголем број на поединечно распоредени или групирани епителни клетки и клетки
од желудочните жлезди. Седимент на желудочен сок се подготвува како и
седиментот на урина. Од добиениот талог се подготвуваат 3 препарати:
1.Нативен препарат во кој се гледаат клетки (Er, Le и епителни клетки), габички,
сарцини, бактерии, остатоци од храна и слуз. Слузта, малиот број поединечни Le
и плочести (со потекло од усната шуплина и/или назофарингсот)епителни
клетки,поединечни цилиндрични клетки со потекло од желудечната слузница
немаат патолошко значење, но останатите материи како Er, габички,бактерии во
поголем број, сарцини се со патолошко дијагностичко значење.Габите најчесто се
среднуваат во седиментот кај пациенти со ретенција на жел.содржина.
 Слузта е секогаш присутна и се гледа како влакнести спирални творби.
 Бактериите ретко се сретнуваат ,бидејќи НСl има бактерицидно дејство за
сите бактерии што немаат капсула,поради тоа може да се сретнат Коховиот
бацил,Боаст Облерови бацили(знак за карцином на желудник).
 Сарцините имаат изглед на памучно топче (цврсто поврзани памучни
влакна),во нативниот препарат се безбојни,во препаратот обоен со Лугол со
светло кафеава боја.
 Леукоцитите во поголем број како поединечни или формирани помали или
поголеми групации имаат патолошко значење и тоа кај пациенти со
гастритис,карцином на желудник.Леукоцитите имаат ист изглед како и
леукоцитите во седиментот од урината(безбојни,округли со неправилно
полиморфонуклеарно јадро и гранули во цитоплазмата).
 Цилиндричните клетки со потекло од желудечната слузница се поголеми од
леукоцитите и подолги,како споени два до три леукоците со екцентрично
поставено јадро.Ако ги има во поголем број како поединечни или групирани
означуваат патолошко оштетување на жел.слузница.Тогаш може да се
сретнат и главни и обложни желудечни жлезди,кои се помали и потесни од
цилиндричните.
 Во седиментот на жел.сок може да се сретнат и масни капки,зрна
скроб,растителелни влакна,влакна од месо и кристали кои наликуваат на
кристалите од седимент на урина.
2.Препарат обоен по Судан три се користи за да се добие увид во содржината
на масти во добиениот материјал. Во препаратот се гледаат црвено обоени
масни капки со различна големина.
3.Препарат обоен со Луголов р-р во кој се гледаат сино обоени зрна од скроб со
карактеристична форма со концентрични кругови кои потсетуваат на лушпа од
школка.Слузта и габичките ќе бидат обоени со светло кафена боја.

Sl. Сарцини
Макроскопски преглед на желудочен сок

Нормално желудочниот сок е безбоен,односно претставува бистра ,безбојна


течност.Зелена или жолта боја означува присуство на билирубин од црниот дроб
или жолчното кесе во желудечниот сок и претставува знак дека желудникот е
празен (може и после подолго повраќање).

Волуменот на желудочниот сок ретко се мери, а зависи од возраста и полот, но и


од количеството на слободна HCl. Волуменот и количеството на слободна HCl
имаат највисоки вредности кај човек од 20-65 годишна возраст, а под и над овие
граници вредностите се пониски. Кај здрав човек за време од 1h излачува 50-
100mL желудочен сок.
Количеството во нормални услови по Евалдовиот доручек може да се излачат 40-
60mL сок. Во патолошки услови количеството е различно. При хипермоталитет и
хипоацидитет обично се вадат многу мали количини, а при хиперацидитет и
хиперсекреција може да се извадат поголеми количини на желудочен сок.
Кај пациенти со Золингер-Елисонов синдром (ЗЕС) се јавува хиперсекреција.
ЗЕС е состојба која се карактеризира со образување на мали тумори наречени гастриноми.
Овие тумори може да се формираат во панкреасот.Гастриномите исто така може да се
развијат и во дванаесетпалечното црево. Овие тумори наречени гастриноми лачат големи
количини на гастрин што предизвикува прекумерно зголемување на количината на
киселина во желудникот.

You might also like