You are on page 1of 2

Моторни функции на желудникот

Постојат два типа на движење тонички и перисталтички

Улогата на тоничните движења ( се јавуваат на секои 20 секунди) се состои во мешање на


храната,додека перисталтичките движења имаат за цел да ја туркаат и исфрлаат храната од
желудникот.

Празнење на желудникот

Празнење на желудникот се остварува во порции, а зависи од количината и хемискиот состав на


химусот. Навлегувањето на првата количина од химусот во дуоденумот дејствува по механички
(рефлекс преку вагус) и хемиски пат (ентерогастрон и секретин) врз понатаможното празнење на
желудникот. Празнењето на желудникот е забавено во случаи кога химусот е покисел отколку што
е нормално, кога содржи повеќе маснотии и протеини.Брзината на празнењето на желудникот
зависи од видот на храната.

Повраќање (вомитус) претставува сложен рефлексен акт со кој содржината на желудникот, а


делумно и од почетниот дел од цревата се исфрла надвор преку устата. Понекогаш дел од
содржината се исфрла и преку носните отвори. Пред повраќањето човекот чувствува мака,гадење
и изнемоштеност. Ова чувство е придружено со бледило, потење и зголемено лачење на
плунката. Поттик за повраќање се јавува при дразнење на голтникот, коренот на јазикот,
лигавицата на желудникот, цревата итн. Импулсите се пренесуваат до центарот за повраќање во
продолжениот мозок, а од тука еферентните нерви до мускулите што учествуваат во актот на
повраќање. Повраќањето започнува со отворање на кардијалниот сфинктер, поради силната
мускулна контракција од предниот абдомијален ѕид со што желудникот се потиснува кон
дијафрагмата. Желудочната содржина, преку отворената кардија се уфрлува во хранопроводот,
низ кој со антиперисталтичките движења содржината се пренесува во голтник, усна празнина и
најпосле се исфрла на надвор.

Варење во дванаесетпалечното црево

Врз хранливата каша (химус) што доаѓа од желудникот во дваесетпалечното црево дејствуваат
жолчката, цревниот и панкреасниот сок.

Улогата на дванаесетпалечното црево и другиот дел од тенкото црево е значајна, бидејчи во нив
продолжува варењето на хранливите материи. Под влијание на цревните и панкреасните сокови,
хранливите материи, протеините, маснотиите и јаглехидратите се разложуваат до материи
погодни за ресорпција преку крвта и лимфата.
Панкресниот сок претставува секрет што панкреацот го излачува во дуоденумот.

●Ендокрина функција

Делот од панкреасот кој има ендокрина функција е изграден од приближно 3 милиони


панкреасни островчиња. Секое островче е изградено од четири главни видови на клетки. Тие
релативно тешко можат да се разликуваат меѓу себе. Во зависност од нивната секреција се делат
на: α алфа клетки кои секретираат глукагон (ја зголемува концентрацијата на глукоза во крвта), β
бета клетки кои секретираат инсулин (ја намалува концентрацијата на глукоза во крвта), δ делта
клетки кои секретираат соматостатин (ја регулира/запира секрецијата од α и β клетките) и γ (гама)
клетки, кои секретираат панкреасен полипептид.

Основната физиолошка улога на инсулинот е намалување на концентрацијата на глукозата во


крвта (хипогликемично дејство) и го овозможува преносот на глукоза преку клеточната мембрана.
Глукагонот има спротивно, антагонистичко дејство од инсулинот врз концентрацијата на глукоза
во крвта. Тоа значи дека глукагонот, при состојба на хипогликемија, ја зголемува концентрацијата
на гроздовиот шеќер во крвта. Тоа го остварува преку разградување на резервниот јаглехидрат
гликоген во црниот дроб до глукоза (процес познат и како гликогенолиза).Регулацијата на
лачењето на овие два хормона од страна на панкреасот се остварува со количеството на глукоза
во крвта. Врз секрецијата на инсулинот влијае и вегетативниот нервен систем. Притоа,
парасимпатикусот ја зголемува, а симпатикусот ја намалува неговата секреција.

► Егзокрина функција на панкреасот

Панкреасниот сок се излачува од панкреасот преку панкреасниот канал во дванаесетпалечното


црево. Тој е смеса од трипсиноген и химотрипсиноген. Тие се активираат во тенкото црево во
трипсин и химотрипсин. Овие ензими ги разложуваат протеините до прости белковини и
аминокиселини.

Амилазата го разградува скробот до малтоза.Малтозата под влијание на малтазата се разградува


до гликоза.

Липаза ги разградува маснотиите до глицерол и масните киселини.

Жолчка

Жолчката претставува производ на лачење на хепарните клетки.Разликуваме два вида на жолчка


хепатична (златно-жолта боја) и жолчка од жолчно ќесе (кафеаво-зелена боја).

Присуството на жолчката во дуоденумот претставува стимуланс за лачење на панкреасниот


сок.Извесен број материи кога же навлезат во дуоденумот дејствуваат стимулативно врз
хепатоците со што се засилува создавањето на жолчката.

You might also like