You are on page 1of 3

Дигестивен систем

Дигестивниот систем се состои од дигестивен тракт(органите кои го представуваат патот на храната


од устата до аналниот отвор) и дополнителни органи (жлезди кои низ канали ослободувааат
дигестивни сокови кои имаат значајна улога во процесот на дигестија)

Дигестивен тракт

Усна празнина

Во не а сместен јазикот кој е мускулест орган. Тој служи за мешање на храната и голатње, како и за
формирање на гласови при зборување. На својата површина тој има голем број вкусови пупки со
кои се чувствува вкусот на храната.

Во усната празнина се сместени и забите. Кај децата на возраст од 2-6 год има 20 заби, а кај
возрасните 32 заби (8секачи- во форма на длето со остри рабови- по 4 на секоја вилица; 4
песјаци(кучешки)- поостри од секачите и имаат слична намена како нив; 8 предкатници- кои имаат
широки нерамни површини и 12 катници- слични, но малку поголеми од предкатниците).

Кај забите разликуваме два дела: дел кој се гледа и се вика корона и дел кој не се гледа- сместен е
во непцето и се вика корен на забот.. Короната од надворешната страна е препокриена со глеѓ
(тенка мазна материја- емајл кој содржи калциум).Глеѓта има заштитна улога- ја штити забната
коска. Под неа се наоѓа забната коска дентин, која е изградена од живи коскени клетки, а во
средината има празнина- забна пулпа која е исполнета со нервни завршетоци(го прават забот
осетлив) и крвни садови- кои носат кислород и хранливи материи до клетките.

Водете грижа за вашите заби!

Кога во јадеме благо или пиеме газирани пијалоци, а исто така ако не ги измиеме забите нарочито
навечер после целодневна конзумација на храна во усната празнина се создава кисела средина.
Всушност остатоците од храна скапуваат и на нив се населуваат бактерии кои ја нагризуваат глеѓта,
а и дентинот. Таа дупка потоа продира и до забната пулпа така што нервот ќе дава сигнал за
вашиот расипан заб со слина болка.

Целата храна во усната празнина се меша со плунка, која се лачи од трите пара плунквони жлезди:
подвилични, подјазични и задушни.

Голтка и хранопровод

Иситнетата и навлажнета храна во облик на залак се проголтува со помош на јазик која го турка
залакот во голтката. Тоа е место каде се вкрстуваат патиштата на органите за дишење и дигестија.
На дното од голтката има капаче epiglotis кое го затвора дишникот при голтање за да не ни залетне
храната.

Проголтаната храна потоа поминува низ хранопровод oesophagus. Тој е мускулна цевка долга
околу 25 см. кој ја носи храната во желудникот, минувајќи низ дијафрагмата.

Желудник

Желудникот gaster е орган кој има облик на буквата Ј и е сместен во левиот дел од стомачната
празнина. Желудникот има три слоја на мускули кои учествуваат во мешање на храната со
дигестивните сокови. На двата краја на желудникот има мускули, кои овозможуваат поминување
на хранливите материри само во една насока.

Tенко црево

Тенкото црево е долго 6 м и има пречник од 2,5 см.

Првите 25 см од тенкото црево се нарекува дванаесетпалечно црево. Во него се наоѓаат жлезди


кои создаваат цревен сок, а исто така тука се излеваат и дигестивни сокови од црниот дроб и
панкреасот.

Во внатрешноста на тенкото црево има голем број на прстовидни продолжетоци наречени цревни
ресички кои вршат ресорпција на хранливите материи

Дебело црево

Дебелото црево е долго 1,5м и има напречен пресек од 6,5 см. Започнува во долниот десен дел од
стомачната празнина. Првиот негов дел е малку надуен и се нарекува слепо црево. Меѓу тенкото и
дебелото црево има кружен мускул кој не дозволува храната да се враќа назад во тенкото црево.
Дебелото црево прави круг околу тенкото црево и на крај преку право црево rectum завршува со
анален отвор.

Дополнителни органи

Црн дроб

Црниот дроб hepar е најголема жлезда во нашиот организам. Тој е сместен во десниот дел од
стомачната празнина. Составен е од два резни- десен и лев резен. Тој е жлезда со најголем број
функции поради што е наречен мала лабараторија во нашиот организам.
Го складира вишокот на шеќер во облик на глукоген.

Создава жолчка која ги разградува мастите

Ги одстранува отровите, лековите и алкохолот.

Панкреас (поджелудечна жлезда)

Панкреасот како што веќе знаеш има двоја улога- ендокрина и егзокрина.

Ендокрината функција се состои во тоа што тој лачи хормони: инсулин и глукагон.

Егзокрината функција се состои во тоа што панкреасот преку панкреасен канал излачува
панкреасен сок во дванаесетпалечно црево. Панкреасниот сок содржи ензими кои ги
разградуваат: шеќерите, мастите и протеините.

You might also like