You are on page 1of 15

Наставна единица 33

Лекцијата се наоѓа на страна 46

ПОВТОРУВАЊЕ ЗА РЕСПИРАТОРЕН СИСТЕМ КАЈ ЧОВЕКОТ


Респираторен систем кај
човекот
Што го сочинува
респираторниот систем?

Без да размислуваме дневно вдишуваме и


издишуваме воздух 23 000 пати.
НОСНА ПРАЗНИНА
Носната празнина претставува орган изграден од два отвори
наречени ноздри и во нивно продолжение има празнини
наречени носни празнини. Во носните празнини има леплива
течност и влакненца каде со поминувањето на воздухот се
прочистува од непотребни маттерии и честичките прав.
ГОЛТКА (фаринкс)-pharinx
Голтката го носи воздухот во
респираторниот систем, а
храната и течностите во
системот за варење.
ГРКЛАН (larynx)-ларинкс
Гркланот е звучна кутија сместена меѓу голтката и дишникот. Тој
во основа е изграден од `рскавица. Има испупчување кое е
создадено од една `рскавица наречена Адамово Јаболко кое јасно
се забележува на вратот. Од двете страни на гркланот има гласни
жици кои ги образуваат звуците. Нивните треперења заедно со
јазикот и забите ги прават гласовите.
Грклан
• Отворот на гркланот се затвора со
помош на капаче кое се нарекува
епиглотис.
• Спречува навлегување на храна во
дишните патишта.
ДУШНИК-трахеа
Душникот претставува цевка која е изградена од полупрстенести
`рскавици, што ги има по целата негова должина и овозможува тој
да биде отворен. Улогата на дишникот е да го пренесе воздухот од
гркланот до белите дробови.
БРОНХИИ
Стеблата на кои се дели
дишникот што навлегуваат во
белите дробови се нарекуваат
бронхии. Десната бронхија е
поголема од левата и поради
тоа ако се вдише некое страно
тело, навлегува во десното
белодробно крило.
БЕЛИ ДРОБОВИ
Тие се органи во кои има места
за размена на гасовите преку
тенки и нежни белодробни
ткива кои се сместени во
градниот кош. Кога бронхиите
навлегуваат во белите дробови,
почнуваат да се разгрануваат.
Десната бронхија се дели на
три бронхиоли кои влегуваат во
свои резени, а левата има две
бронхиоли и два резена.
БРОНХИОЛИ И АЛВЕОЛИ
Најмалите спроводни цевки се
нарекуваат бронхиоли. Тие
немаат `рскавица и се изградени
од мазни мускули. На крајот од
секоја бронхиола има мали
воздушни ќесиња –алвеоли.
Нивните ѕидови се изградени од
флексибилен тенок епител за да
можат да поминуваат гасовите.
Алвеолите се обвиткани со
капилари низ кои циркулира крв и
овозможува размена на гасови.
ДИЈАФРАГМА
Мускулот кој белите
дробови ги одделува
од стомачната
празнина и го
потпомага дишењето
се вика дијафрагма.
ПЛЕВРА
Секое белодробно крило е
покриено со двослојна обвивка
која се вика плевра. Првиот
слој од плеврата е поврзан со
белиот дроб, а вториот е со
градниот кош. Меѓу двата слоја
има течност која ги подмачкува
обвивките.
ШТО Е ДИШЕЊЕ
Процесот на размена на воздухот од околната средина
во белите дробовии и обратно се вика дишење.
Потребниот гас на телото - кислородот се внесува, а
јаглерод диоксидот се исфрла.Тој процес на внесување
или вдишување и изнесување или издишување се вика
дишење или респирација.

You might also like