You are on page 1of 8

Дишење и вентилација

Биологија 9
Механизам на дишење
Како што претходно споменавме дишењето се одвива во три
фази:
белодрбна вентилација
дифузија на гасови и
​пренесување.
Белодробната вентилација се одвива во две фази: вдишување и и издишување.
Вдишување е активна фаза во која дијафрагмата се спушта, а меѓуребрените мускули го
шират градниот кош, со што белите дробови се полнат со воздух.
Издишување е пасивна фаза во која дијафрагмата се враќа во првобитната положба, а
исто и меѓуребрените мускули кои го стегнуваат градниот кош и воздухот се истиснува
во надворешната средина.
Движењето на воздухот се одвива од надворешната средина кон белите дробови, како
резултат на тоа што гасовите секогаш се движат од место со поголем парцијален
притисок кон место со помал парцијален притисок.
Кај децата бројот на вдишувања во минута е 20 до 40 пати, а кај возрасните 12 до 20 пати.
Дифузија на гасови представува премин на кислородот од алвеолите во
крвните капилари со кои се тие обвиени и премин на јаглеродниот
диоксид од крвните капилари во алвеолите. И дифузијата на гасови се
одвива како резултат на движење на гасовите од место со повисок
парцијален притисок кон место со помал парцијален притисок.
Кога сме вдишале кислород него го има со поголем притисок во
алвеолите одколку во крвта и затоа тој се движи кон крвните капилари
- место со помал парцијален притиоск. Од друга страна пак
јаглеродниот диоксид кој го носат крвните садови до белите дробови за
да го издишеме во крвните садови е со поголем притисок отколку во
алвеолите каде е со помал парцијален притисок и затоа се движи кон
нив.
Пренесување е задача која ја има крвта. Откако кислородот
ќе дифундира во крвните капилари тие го носат на поголемите
крвни садови за да го пренесат до сите клетки во телото. Во
крвта кислородот се поврзува со молекулата на хемоглобин т.е.
со железото во хемоглобинот. Железото во присуство на
кислород се оксидира и на тој начин крвта го пренесува
кислородот до сите клетки. Кога ќе го предаде кислородот на
клетките за железото се врзува јаглероден диоксид кој крвта го
носи во белите дрбови за да се издиши во надворешната
средина.
Во секоја клетка со крвта ќе стигне кислород, но и хранливите
материи кои беа ресорбирани од тенкото црево на
дигестивниот систем. Во клетката хранливите материи под
дејство на кислородот согоруваат и се ослободува енергија,
јаглероден диоксид и непотребни материи. Овој процес се
нарекува клеточно дишење.

Енергијата која се добива од клеточното дишење ја користиме


во извршување на животните процеси, јаглеродниот диоксид
крвта го носи до белите дробови за да го издишат, а
непотребните материи со крвта одат во бубрезите кои преку
филтрација на крвта непотребните материи ќе ги исфрлат во
надворешната средина.
Активности

Мерење на белодробен Ефекти од вежбање врз


капацитет стапката на дишење Вредностите да се внесат во
табели и графикони и да се
пресмета вашиот белодробен
капацитет
Работна тетратка
Видео

Видео
Работен лист

You might also like