You are on page 1of 1

Стар Египет

Древен Египет или Стар Египет — стара цивилизација во


источниот дел на Северна Африка, сконцентрирана во долниот тек
на реката Нил, каде денес се наоѓа современата држава Египет.
Египетските цивилизации се обединиле околу 3150 година п.н.е. со
политичката унификација на Горен и Долен Египет кои биле под
власт на првиот фараон и продолжиле да се развиваат наредните
три миленими. Успехот на страта египетска цивилизација делумно
произлегол и од нивната способност да се приспособат кон
условите во Долината по течението на Нил. Помеѓу многуте
достигнувања на старите Египќани биле и техниките за
експлоатација на каменоломите, надзорните и градежните техники
кои ја олеснувале изградбата на величенствените пирамиди,
храмови и обелисци. Египќаните исто така развиле и математички
систем, практичен и ефективен медицински систем, систем за
наводнување и техники за земјоделско производство, тие ги
направиле и бродовите за кои се смета дека се први, имале
технологија за производство на стакло, создале нови литературни
форми и го направиле првиот мировен договор за кој се знае.
Египет зад себе оставил долготрајно наследство кој е од големо
значење и за Египет и за светот. Египетските архитектура и
уметност се широко имитирани, а египетските антиквитети се
носени во многу далчни делови од светот. Рушевините од
спомениците со векови ги поттикнувале фантазиите на патувачите
и писателите. Новопронајдените антиквитети и ископувања во
модерното време доведоа до научни истражувања на египетската
цивилизација и поголема почит кон културното наследство во
Египет и во светот.

You might also like