You are on page 1of 27

Римската култура

Страници во учебник: 81 - 84
Римската култура и религија:
 Римјаните постепено создале и развиле своја култура.
 Римската култура настанала и се развивала под непосредно влијание на етрурската и хеленската
култура.
 Римската култура имала свои посебни белези, по кои се разликува од културата на другите народи.
 Голема мисла: „Рим ја покори Хелада, но Хелада го освои Рим“.

 Римската религија:
 Римјаните верувале во разни натприродни сили.
 Римската религија била политеистичка, односно Римјаните верувале во многу богови.
 Римската религија била многу слична со хеленската религија, меѓутоа римските божества имале
латински имиња. (види слајд 3).
 Римјаните ги замислувале боговите со човечки лик (види слајд 4).
 Римјаните во чест на боговите граделе храмови, во кои се молеле, принесувале жртви и носеле
подароци.
 Најпознати римски божества биле: Јупитер (врховен бог), Јунона, Марс, Венера, Дијана и Плутон.
 Римјаните имале и семејни божества, што ги почитувале како духови на своите предци. Тие биле
заштитници на семејството. Нивните статуи ги чувале дома.
Хеленски и римски пантеон
Хеленско име Римско име Област на дејствување
Зевс Јупитер Бог на небото
Хера Јунона Божица на женското достоинство
Посејдон Нептун Бог на морето и водата
Деметра Церера Божица на земјата и земјоделството
Арес Марс Бог на војната
Атена Минерва Божица на мудроста и знаењето
Аполон Аполон Бог на сонцето и светлината
Афродита Венера Божица на убавината, љубовта и плодноста
Хермес Меркур Бог на трговијата, лукавството и крадењето

Артемида Дијана Божица на месечината, ловот и ѕверовите


Хефест Вулкан Бог на огнот и ковачките вештини
Хестија Веста Божица на огништата и домаќинствата
Хеленски и римски божества
Книжевност и говорништво:
 Книжевноста кај старите Римјани:
 Римската книжевност се развила под влијание на хеленската книжевност.
 Особено рано во Римската држава се развиле драмата и поезијата.
 Златен век на римската книжевност претставува I век ст.е.
 Најпознат римски поет бил Вергилиј. (види слајд 6)
• Вергилиј, меѓу останатото, го напишал епот „Ајнеида“, по примерот на „Илијада“ на Хомер.
 Најпознат римски комедиограф бил Плаут. (види слајд 7)

 Говорништвото кај старите Римјани:


 Римјаните посветувале големо внимание на говорништвото (ораторството).
 Оваа вештина била многу почитувана и вреднувана во Римската држава.
 Говорништвото на Римјаните им било потребно при расправите во Сенатот, Народното
собрание и во судовите.
 Најпознат римски говорник (оратор) бил Кикерон. (види слајдови 8 и 9)
 Во говорништво, исто така, посебно се истакнувале браќата Грах и Гај Јулиј Цезар. (види
слајд 10)
Вергилиј – Најпознатиот римски поет
(70 – 19 година с.т.)
Плаут – Најпознатиот римски комедиограф
(околу 254 – 184 година ст.е.)
Марк Тулиј Кикерон – Најпознатиот римски оратор
(106 – 43 година ст.е.)
Чезаре Макари - „Кикерон го осудува Катилина“
Ораторски настап на Гај Грах
Градежништво, вајарство и сликарство:
 Градежништвото кај старите Римјани:
 Римјаните биле познати како големи градители.
 Римјаните најмногу граделе патишта. Тие им биле потребни заради воените походи и заради развој на
трговијата во државата. (види слајд 12)
 Римјаните, исто така, граделе и водоводи, бањи, театри, храмови, дворци и плоштади.
 Најубави градежни објекти биле римскиот Форум (плоштадот околу кој се наоѓале јавните згради),
Колосеумот (амфитеатар) и Пантеонот (храм на сите богови). (види слајдови 13, 14, 15, 16 и 17)
 Во Рим и во другите римски градови имало терми (јавни бањи), коишто имале базени со топла и со
студена вода, сали за гимнастика и за состаноци. Салите и ходниците биле украсени со скулптури, бисти,
мозаици и слики. (види слајд 18)

 Вајарството кај старите Римјани:


 Во Римската држава вајарството, исто така, се развило под силно хеленско влијание.
 Се изработувале статуи на богови, на видни граѓани, владетели и на војсководци. (види слајд 19)

 Сликарството кај старите Римјани:


 Особен белег на римското сликарство претставуваат убавите слики и мозаици, со коишто биле украсувани
ѕидовите и подовите на куќите, бањите и другите градби. (види слајдови 20 и 21)
 Многу мозаици, статуи и други уметнички дела биле пронајдени во Помпеја и Херкуланум. (види слајдови
22 и 23)
Римска улица во Помпеја
Илустрација на римскиот Форум
Римскиот Форум
Римскиот Форум
Колосеумот во Рим
Пантеонот во Рим
Римска јавна бања (терма)
Статуа на Октавијан Август
Римски мозаик во Помпеја
Мозаик на Александар Велики во Помпеја
Помпеја
Херкуланум
Наука:
 Науката во Римската држава се развила под влијание на хеленската наука.
 Римјаните ги прифатиле и понатаму ги развиле следните науки: историја, филозофија,
географија и медицината.
 Најпознати биле историографите Тит Ливиј и Такит. (види слајдови 25 и 26)
 Особено било развиено римското право.
 Римското право ги регулирало односите меѓу поединците (приватно право) и односите
помеѓу поединците и државата (јавно право).
 Римското право станало основа на целиот подоцнежен развој на европското право и
законодавство.
 Два основни принципи на римското право биле:
1) Сите лица се еднакви пред законот;
2) На обвинети лица им се гарантира легална заштита
 Во времето на Гај Јулиј Цезар била извршена реформа во сметањето на времето, при што
бил воведен т.н. Јулијански календар.
Тит Ливиј
Публиј Корнелиј Такит
Прашања за домашна работа:
1. Под чие влијание настанала и се развивала римската култура?
2. Каква била римската религија?
3. Со која религија била многу слична римската религија?
4. Наброј неколку римски божества?
5. Кој бил врховен бог во римската митологија?
6. Зошто Римјаните големо внимание посветувале на градењето патишта?
7. Кој бил најпознат римски поет?
8. Кој бил најпознат римски говорник?
9. Кои биле најпознати градежни објекти во Римската држава?

You might also like