You are on page 1of 2

Анализа на ликот Едип

Едип бил крал на градот Тива, иако неговиот изглед во самото драмско дело не е опишан со овој
податок ние самите можеме да го замислиме. Јас Едип го замислувам како човек кој е висок и е
убаво граден, човек кој има темен тен со темна коса. Неговата облека била соодветна на времето
во кое се случува ова драмско дело. Сите ние сме запознаени со тешката судбина на кралот Едип,
но и покрај сите трагични случки можеме да забележиме дека Едип има безброј прекрасни
особини. Ликот на Едип е сложено и добро опишан па тоа ни помага да се сочуствуваме со него.
Тој е крал кој би направил се за својот народ, и затоа неговиот народ премногу го почитува. Едни
од особините кои највеќе се истакнуваат кај него се посветеноста, решителноста како и неговата
желба за правда. Неговата посветеност ја гледаме низ целото драмско дело, по тоа што тој е
целосно решен да му помогне на својот народ. Со ова се истакнува и неговата решителност, затоа
што тој од моментот кога дознава дека болеста која го обземала неговиот град може да се тргне
доколку се октрие вистината за убиството на Лај без прекин се обидува да го најде и казни
убиецот. Тука тој исто така ја покажува својата желба за праведност и желбата да се открие
вистината. Без разлика на се, собирајќи информации, Едип самиот ја дознава вистината. Иако
вистината е болна не само за него, туку и за сите луѓе околу него, тој не ја негира и решава самиот
да се казни со нај суровата казна во тоа време, да се протера од својот град како и да се
самоповреди. Едип да не инсистирал да ја дознае вистината, не би имало потреба самиот себеси
да се казни. Покрај тоа што тој ја открил вистината, низ делото ние се среќаваме и со неговите
лоши страни. Тој бил свесен за моќта која ја поседува и затоа бил многу вообразен и горд. Овие
негови особини тој ги покажува за време на неговата кавга со Јокаста и Креон, кога одбива да им
верува и пребргу го осудува Креон, во тие моменти тој исто така го напаѓа Креон со многу тешки
зборови, со што можеме да воочиме дека е избувлив и непромислен додека е нервозен. Според
мене Едип никако не можеме да го опишеме како лош човек. Поради тоа што тој покажува дека
има грижа на совест и дека се кае за работите кои што ги направил кога ја дознал вистината. Тој е
еден од најтажните и најповредените ликови во литературата, а најтажно е тоа што тој самиот не
бил свесен дека судбината од која бегал секогаш била зад него. Сметам дека доколку Едип би
знаел што прави, тие злодела не би ги сторил своеволно токму поради самото негово каење по
дознавањето на вистината. Меѓутоа од судбината без разлика колку и да е сурова Кралот Едип ни
покажува дека таа е неизбежна.

Етапи во развојот на драмското дело “Крал Едип”


Оваа драмско дело има 5 етапи во развојот на драмското дејство

(експозиција,заплет,кулминација,перипетија,расплет)

Експозиција
Експозиција или почетен настан во ова дело, се јавува кога авторот ги претставува ликовите со кои
ќе се среќаваме низ целото дело.

Заплет
Заплетот се јавува кога во Тива се јавува епидемија од болеста чума. Кралот Едип не знаејќи како
да помогне на својот народ бара решение од Аполон. Креон отишол да го праша како би можеле
да ја тргнат клетвата и му го пренесува одговорот на Едип. Дека единствениот начин неговиот
народ да биде спасен од болеста е да се најде убиецот на претходниот крал, Лај. Едип дава се од
себе за да го пронајде убиецот и го повикува Тирезиј да му помогне. Наместо да обвини некој
друг, Тирезиј му вели дека нема потреба да го бара убиецот, затоа што убиецот е Едип.

Кулминација
Кулминација во делото се јавува кога Едип дознава дека е виновен за убиството на кралот Лај.

Перипетија
Перипетија се јавува кога Едип ја открил целата вистина, дека тој бил убиецот на својот татко и
дека се оженил за својата мајка со која имал деца.

Расплет
Расплетот се јавува, кога сите дознаваат за гревот на Едип, Јокаста си го одзема животот, а Едип се
прогонува од градот и си ги прободува очите со златна игла.

Драмски белези
Судир

Судирот во ова дело е Едиповата клетва, која Едип пробал на секој начин да го спречи нејзиното
остварување но сепак не успеал.

Диалог
Во ова дело има два вида диалог, диалог помеѓу две личности и диалог кој се води помеѓу два
дела од човековата свест

Дидаскалија
Дидаскалија има пред секој чин, каде што има објаснување за ликовите кои ќе бидат во овој чин и
каде се одвива самото дејствие. На пример во првиот чин се опишува како гледачите доаѓаат пред
портите на дворецот и како сите се облечени и дека носат маслинови гранчиња во рацете.

Пролог
Прологот го имаме на почетокот каде што е претставено самото драмско дејство, каде се случува,
кои се ликовите и се опишува почетокот на трагедијата.

Епилог
Во епилогот е претставена судбината на Едип, дека тој самиот се протерал и дека на негово место
дошол Креон, и дека Едип го замолил да се грижи за неговите деца.

Чин

Во ова дело има 6 чина, првиот е всушност прологот, па ја имаме првата епизодија а по неа следи
втората третата четврата и последниот чин кој е екзода.

You might also like