You are on page 1of 2

„Цар Едип“ – химна на човечката пожртвуваност и потрага по

вистината

Вистината претставува многу битен фактор за добар однос помеѓу


луѓето. Тоа воедно е и нај релевантната информациja што можеме да ја
добиеме. Понекогаш потребно и да се пожртвуваме самите себе за истата.
Најдобар пример за ова ни претставува и самата драма “Царот Едип” од
Софокле.
Царот Едип кој што на почеток бил оставен без своите родители е
претставен како лик кој што претставува пример за пожртвуваноста и
значењето на вистината. Тој низ целиот негов живот се пожртвува најпрвин
за да ја уништи сфингата, а подоцна за да може да го открие убиецот на Лај
и да го спаси неговиот народ. Тој со самото ова трга по пат кој што ќе ја
покаже вистината но и ќе му ги донесе и најмрачните денови во неговиот
живот. Тој преку потрагата на убиецот на Лај ќе дознае многу работи, кој
што никогаш не помислил дека ке се случат. Најпрвин дека тој е убиецот на
Лај, неговиот татко, и дека жена му е негова мајка. После сите овие случки
Едип си го жртвува својот вид за да си ја задржи својата чест, не можејќи да
ги погледне своите деца и граѓани во очи.
Многу е битно човек да во одредени моменти се пожртвува за
одредени нешта, како што и самата вистина. Колку и да може да е
понекогаш болна секогаш може и да помогне. Затоа е значајно да се трага
по вистината. Како што рече и самиот Креонт: “Сè што бараш, ќе
пронајдеш, небараното само се оддалечува”.
Посветеност

You might also like