You are on page 1of 1

Писмена задача

Гилгамеш во борба со судбината

За судбината се вика дека таа е нешто што не може да се избегне иако сториме се што можеме,
сите имаат пробано да ја сменат нивната судбина, но што и да направиме таа ќе се исполни, дали
добра или не. Истото пробал да го направи и Гилгамеш.

Гилгамеш бил крал на градот Урук, тој бил силен, вешто се борел, дури и на боговите им се
спротивставувал, бидејќи и тој бил две третини бог, бил храбар херој и сите во Урук го сакале.
Гилгамеш бил многу тажен бидејќи неговиот најдобар другар и брат, Енкиду, со кој правел многу
подвизи се сретнал со судбината секој што ја има-смртта.

Гилгамеш за да ја избегне оваа судбина отишол на голема авантура по потрага на тревката на


бесмртноста. За да ја најдете тој поминал планини и мориња дури се соочил со богови и неговиот
прататко Утнапиштум. Бидејќи тој не сакал да му ја даде тревката гилгамеш му рекол: “Те гледам,
Утнапиштум, ти ни повисок ни поширок од мене не си, ти си ми сличен како татко на синот. Ти не
си строен поинаку од мене и ти не си човек како мене. Но јас сум немирен и создаден да се
борам. А ти од борбата си се отстранил, мирно на грбот си лежиш. Како само во Советот на
боговите довтаса, како си барал и вечен живот нашол?”. Утнапиштум му кажал за тревката и тој ја
нашол, но бидејќи смртната судбина не можел да ја избегне змија му ја изела тревката и се вратил
дома со празни раце каде смртта го грабнала.

Гилгамеш направил се што може и се борел со судбина, но тоа било битка која не можел да ја
победи. Бидејќи сакал да ја избегне смртта тој ја нашол и неговата судбина како и кај Енкиду и кај
сите смртта го фатила и тој не можел да направи ништо да ја спечи.

Никој не знае што е неговата судбина и не знае дали таа ќе е добра или лоша, па затоа човекот
измислил богови на кој им се молел за подбраа судбина, мислејќи дека само тие можат да ја
сменат.

You might also like