You are on page 1of 2

Гилгамеш-потрага по билката

Гилгамеш, кралот на Урук, знаел вистински да ужива во животот. Тој господарел, се забавувал
и пирувал денови и ноќи, другарувал, љубел, смело се борел, херојски убивал ѕверови, на
боговите им се спротивставувал – зашто и самиот бил две третини бог, а само една третина
човек. Најмногу од сè го сакал својот пријател, дивиот Енкиду, кој му бил рамен во сила и
издржливост и со него ги споделувал убавите моменти од животот. Затоа, огромна била
неговата болка кога Енкиду умрел. Шест дена и шест ноќи го оплакувал, ги корнел косите и
облеката, рикал како лавица. Но, во тие денови, освен болката, го почувствувал и својот
најголем страв – стравот од смртта. Тогаш Гилгамеш се соочил со краткотрајноста на животот
и со сознанието дека еден ден и тој самиот ќе умре. Оттогаш тој има само една цел во животот
– да ја пронајде бесмртноста! Со натчовечки напори поминува мориња и планини, се соочува
со богови и со својот прататко Утнапиштим и заради својата упорност и издржливост ја добива
тревката на бесмртноста. Тревката, која ќе посака да ја подели со сите луѓе, за сите да ги
направи бесмртни! Боговски несебичен, бескрајно хуман, со спас за сите во рака, ќе мора
повторно да очајува кога змијата ќе му ја изеде тревката. Разочаран и паднат во духот,
беспомошен, тој ќе се врати во родниот град.

Вечниот живот – вечна дилема

Кога зборуваме за неуспешната потрага на Гилгамеш по еликсирот на вечноста, не можеме, а


да не се потсетиме на моментот кога оваа помисла воопшто му дошла на ум.
Тоа бил оној момент кога ја загубил најважната личност во својот живот. Пред тоа, додека
владеел со најмоќниот сумерски град, од тронот на еден од најмоќните луѓе во Месопотамија,
не ни помислувал на нешто друго освен на грижата за својот град и за жителите, и одржување
коректни односи со вишите сили.
Но, сè се променило со смртта на Енкиду. Затоа што му бил важен. Затоа што не ја очекувал
неговата смрт. Затоа што токму неговата, а не нечија друга смрт, го натерала да си го постави
прашањето што го чека, каде и дали некогаш воопшто повторно ќе се сретнат.
Кога божицата Сидури го опсипала со хедонистички мантри за среќен живот, тоа уште повеќе
го растажило Гилгамеш, затоа што станувал свесен дека целиот живот води битка со
неизвесноста и дека самиот се излажува одбивајќи да си признае дека е учесник во таа грижа.
Звучи неверојатно, но оваа обеспокојувачка вистина човечката цивилизација ја добила на
дванаесет глинени плочи, со врежани знаци од клинесто писмо, во сосема примитивен облик.
Па, сепак, никогаш повистинито, никогаш поактуелно и поболно од тоа.
За тагата да биде уште поголема, самиот факт што јунакот на овој еп бил цели две третини бог,
а една мизерна третина човек, ни сведочи дека токму тој минијатурен човечки отпечаток ја
детерминирал целата негова неизбежна судбина, односно неопстанокот на оваа планета.
За разлика од боговите, кои се кријат од потопот и во најтешките околности гледаат само за
себе, Гилгамеш во својата неволја е вистински идеал за благородност и човечка добрина, и
тревката на бесмртноста несебично сака да ја сподели со своите сограѓани.
Покрај тоа, наспроти сите доблести што го воделе низ животот, а и на најтешкиот пат, завршил
како што завршуваат многумина после него – како губитник и како победник. Губитник, затоа
што бил поразен во борбата со сопствената смртност, а победник, затоа што во смртта го
понел најдоброто што можел да го стекне во животот и зад себе оставил неизбришлива трага.
Хектор и Ахил
А хил е јунакот околу кого се одвиваат настаните во епопејата. Со него започнува
„Илијадата“, без него борбите се неуспешни, а со неговото враќање се насетува победата на
Ахајците. Ахил е идеал за совршен јунак. Нему не му се важни богатството и пленот од војната,
туку честа и општото добро на сите Ахајци.

Ахил е бестрашен јунак кој е непоколеблив во борба, најубав и најсилен од сите, одважен,
непопустлив, гневен и упорен. Тој е верен пријател кој се колне дека ќе одмазди по секоја цена.
Одмаздувајќи, го гледаме како бездушен (кога го влече Хекторовото тело со двоколката), но и
сочувствителен, великодушен и чесен кога му го дава телото на Пријам.Така, Ахил е
брзоногиот, божескиот, боголикиот, прекрасниот, русокосиот, синот Пелејев;(добива епитети)

Ахил е син на морската божица Тетида и кралот Пелеј и е водачот на Мирмидонците, јунакот
околу кого се групирани сите поважни настани во „Илијада“. Во античко време тој бил
олицетворение на нивниот идеал за совршен јунак. 

Х ектор е најславниот јунак на Тројанците. Хектор зрачи со својата чесност: како човек, како
борец, како сопруг и како бранител на својот град. Заради честа на брат му Парис, заради
честа на татко му Пријам, тој го жртвува својот живот. Особено пленува љубовта која ја
покажува кон жена си Андромаха и верноста кон неа и семејството. За него тоа е свето, но
сепак најсвета за него е родната земја. Хектор е коњокротец, сјајношлемец итн. Освен за
ликовите двојни епитети се употребени и за други појави и предмети: кораби брзопловни; оган
живожарен; корабоводци итн.(добива епитети)

Хектор страшливоста ја сметал за недостојна слабост и го прекорува својот брат Парис,


кој, кога го повикал Менелаја на двобој за да го решат спорот околу убавата Елена, штом
го видел како скока од колата, се уплашил и почнал да бега: Од Хектор зрачи човечка
доблест, искреност и непосредност. Ако на бојното поле идеал му била чесната борба,
идеал во домот му е семејната среќа. Тој е нежен татко и верен сопруг, целосно предаден
на жената и синот.

You might also like