You are on page 1of 2

Фетален развој кај човекот

1 ден – Во моментот кога сперматозоидот и јајце клетката ќе се


соединат, започнува нов живот. Во моментот на зачнувањето,
сите карактеристики на бебето,  вклучувајќи го полот, бојата на
коста, бојата на очите се веќе  одредени.
3 недела –  Во овој период  започнува
интензивен развој на органите и ткивата. Срцето почнува да
чука на 21 ден. Во оваа недела може при ултразвучниот
преглед  да се види на кој крај е главата на ембрионот.

6 недела – Во развојот на коските се случуваат прилично


интересни работи: се појавуваат лактовите, а коските
стануваат се поцврсти поради таложење на калциумот.
Почнуваат да се развиваат прстиња, уште малку и ќе можат
да се пребројат! Под непцата почнуваат да се развиваат
продолжетоци за млечните заби.
8 недела – Плодот и понатаму расте со неверојатна брзина и
плива во огромниот простор кој му е на располагање.
Нервниот систем почнува да функционира, срцето е
комплетно оформено и чука со 160 отчукувања во минута. Се
обликуваат и надворешните полови органи, а конечно се
оформени и ушите и горната усна.
10 недела – Оформени се сите органи на плодот кои
нормално, и понатаму ќе растат и ќе се развиваат се до
породувањето. Во оваа фаза жолчката веќе почнува да
излачува, а бубрезите почнуваат да произведуваат урина.
Плодот е способен за поместување, рефлексни движења, а
покрај тоа почнува да функционира и перисталтика (активно
движење на цревата кои ја варат храната за да може да патува
од почеток до крај). Сето тоа е подготовка на плодот за живот надвор од матката. На
плодот веќе му растат нокти, а сега почнува да му расте и коса.
13 недела – Нашиот мал плод сега веќе може весело да го цица
палецот. Тоа хоби може да трае дури до породувањето. Телото на
плодот е покриено со многу тенок слој на кожа и под неа можат да се
видат сите жили. Телото е прекриено со мали, тенки влакненца.
Плодот има веќе 70 грама, а долг е околу 10 см. Во овој период
гинеколозите веќе можат да го видат полот на детето.
16 недела – Плодот е се поактивен. Веќе прави различни
гримаси, што може да се види на тродимензионалниот
ултразвучен преглед. Се криви со јазикот, голта од плодовата
вода, со устата ја допира постелката. Коските и понатаму
зацврснуваат, на прстите се развива мекиот дел околу коските,
а истовремено се развиваат и отисоците на прстите.

5 месец – Мајката може да ги почувствува движењата на бебето. Тоа


може да потскокне како реакција на посилен звук. Мозокот е во фаза на
брзо растење. Плодот почнува да го користи својот имунолошки систем
со кој може да се заштити од инфекции.

6 месец – Потните и лојните жлезди на бебето функционираат.


Нежната и осетлива кожа на бебето е заштитена од плодовата вода со
специјална масна обивка наречена “верникс“. Очите му се отворени и
со интезивна нега тоа може да преживее ако се роди сега.
7 месец- Бебето ги користи сетилата за допир,
вид, вкус и слух. Тоа може да го препознае твојот глас, да ика и да
плаче. Постојат многу добри изгледи за опстанок, ако се роди сега.

8 месец – Фетусот веќе некое време го вежба


дишењето на тој начин што вдишува плодова вода. Плодовата
вода се обновува на секои 3 часа.
Под кожата се таложи масно ткиво кое ќе помогне во регулирање
на телесната температура и ќе послужи како извор на енергија.

9 месец – Сега мајката ќе чувствува помалку


движења.Бебето е пораснато и има само малку простор за
движење наоколу во матката. Сите телесни системи
работат или се подготвени за работа. Телото го има
изградено својот одбранбен систем против
болести.Бебето е подготвено да се роди.

You might also like