You are on page 1of 30

Новороденче и доенче

предавање 3-
проф. д-р. Ана Фрицханд–
2.11.2022-
Опис на новороденче

 Средна висина околу 50,8см;


 Просечна тежина околу 3200гр.;
 Во првите 4 дена губи до 10%од тежината, а во 10
ден повторно се враќа на првобитната тежина при
раѓањето;
 Поради прозрачноста на кожата некои
новороденчиња се розеникави;
 Некои новороденчиња имаат меки влакна – лануго;
 Некогаш новороденчињата се обвиткани со
белузлава лигава материја која ги заштитува додека
се во плодовата вода.

03/27/2023 2
Опис на новороденче

 Главата на новороденчето изнесува околу ¼


од телото;
 Фонтанелите се затвораат меѓу 12 и 18 месец;
 Вратните мускули не се доволно цврсти и
главата не може да се држи исправено;
 Околу 12 месец се јавува генетичкиот код на
бојата на очите;
 Здравото срце на новороденчето прави од 120
до 150 отчукувања во минута;
 Кај 55-70% од новороденчињата се јавува
физиолошка жолтица која исчезнува по
неколку дена.
03/27/2023 3
Процена на здравјето на новороденчето

 Во првата и во петтата минута по раѓањето


здравствената состојба на новороденчето се
проценува со примена на Апгаровиот тест
(автор: Вирџинија Апгар, 1953г.);
 Тестот издвојува 5 прецизни знаци:
 Фреквенција на отчукување на срце;
 Дишење;
 Мускулен тонус;
 Одговор на стимулуси; и
 Боја на кожа.
 Секој знак се оценува со 0, 1 или 2.
Максималниот скор е 10.
03/27/2023 4
Различни состојби на свеста кај
новороденчето
 Кај новороденчето се разликуваат 6 различни
состојби на свест:
 Длабок сон;
 Активен сон;
 Дремење;
 Смирена будност;
 Активна будност; и
 Плачење.
 Најдобра состојба за интеракција и за испитување на
новороденчето и доенчето е состојбата на смирена
будност;
 Некои новороденчиња спијат по 11 часа, а некои и
по 21 час. Сонот не е континуиран и има будење на
секои 2-3 часа;
 До 6 месец се регулира ритамот на сон и будност.
03/27/2023 5
Исхрана и рефлекси

 Новороденчето цица до 10 пати на ден, а


околу првиот месец 5 пати;
 Во првите два до три дена кај мајката
се лачи колострум кој обилува со
протеини и антитела;
 Новороденчињата имаат рефлекси за
адаптација и примитивни рефлекси;
 Рефлексите за адаптација се суштински
значајни за приспособувањето на
новороденчето (на пр. дишење,
голтање, трепкање, цицање итн.).
03/27/2023 6
Примитивни рефлекси

 Овие рефлекси се јавуваат со раѓањето и исчезнуваат


по неколку месеци. Меѓу нив се вбројуваат:
 Рефлекс на фаќање (Дарвинов рефлекс) –
исчезнува околу 6 месец по раѓањето, бидејќи се
развива делот од кортекстот кој ја воспоставува
контролата над волевото фаќање;
 Рефлекс на гушкање (Мороов рефлекс) –
исчезнува околу 7 месец;
 Рефлекс на одење – исчезнува по неколку
недели од раѓањето;
 Рефлекс на Бабински – исчезнува во 6 месец;

03/27/2023 7
Примитивни рефлекси

 Вртење на главата кон страната на


образите каде што е допрено –
исчезнува околу 3-4 месец по раѓањето;
 Магнет рефлекс (дорзо-флексија на
стапалото) – исчезнува меѓу 2 и 4 месец
по раѓањето.
 Рефлекс на пливање (Галантов
рефлекс) – исчезнува меѓу 4 и 6 месец по
раѓањето;
 Примитивно ползење – исчезнува во 4
месец по раѓањето.

03/27/2023 8
Перцептивни способности на
новороденчето/доенчето

 Новороденчето разликува меѓу 4 основни


вкусови;
 Прави разлика меѓу пријатни и непријатни
мириси и меѓу познати и непознати мириси;
 Посебно е осетливо на допир на кожата;
 Неколку часа по раѓањето новороденчето
разликува неколку звуци;
 Разликува високи и ниски и гласни и тивки
тонови;
 Прави локација на звукот вртејќи ја главата.

03/27/2023 9
Перцептивни способности на
новороденчето/доенчето

 Претпочита гласови со повисока фреквенција;


 Поврзувањето меѓу гласот и ликот се прави во 6
месец;
 Прави конвергенција на очите на предмет на
растојание од околу 20см;
 По неколку недели може да следи движење на
предмет;
 Меѓу 1 и 2 месец го разликува ликот на мајката од
оние на другите лица;
 Од 4 месец разликува црвена, жолта, сина и зелена
боја, а ја претпочита црвената.
03/27/2023 10
Перцептивни способности на
новороденчето/доенчето

 Перцепцијата на длабочина е можеби


вродена или стекната во првите два месеци по
раѓањето (експеримент со „визуелен гребен“ од
авторите Елеонор Гибсон и Ричард Волк);
 При перципирање на различни форми се
претпочита човечки лик, што е вроден
механизам;
 Разликува фацијални експресии и некои
успева да ги изрази;
 Во 2-3 месец новороденчето претпочита
привлечни ликови.

03/27/2023 11
Социјален живот на
новороденчето/доенчето

 За социјалниот живот на новороденчето е значајно


што тоа поседува рефлекси, сетила, перцепции и
емоционални способности;
 Од самото раѓање доживува болка, глад,
фрустрации, непријатности, задоволства и др.
емоции кои соодветно ги манифестира преку
различни видови плачења, односно гугања и
насмевки;
 Плачењето е вродено одбранбено поведение;
 Насмевката е вродена и во првиот месец таа не
е одговор на социјална ситуација; тоа се случува од
вториот месец натаму.
03/27/2023 12
Социјален живот на
новороденчето/доенчето

 Околу 3 недела бебето започнува да


воспоставува контакт очи в очи;
 Препознавање на изразените емоции кај
другите е сигурно на околу 5-6 месечна
возраст;
 На возраст од околу 10 месеци бебето го
анализира внимателно изразот на лицето и
бојата на гласот со различните емоции;
 Тоа му служи како социјална референца
т.е. реакциите на родителот (возрасниот) му се
референца за одмерување на неговото
однесување.

03/27/2023 13
Физички и моторен развој на доенчето

 Волуменот на мозокот кај двегодишно дете


достигнува проближно 4/5 од оној на
возрасните;
 Развојот на дендритите и синапсите е
максимален меѓу 12 и 24 месец;
 Миелинизацијата на нервните влакна е
направена кон крајот на втората година;
 Во текот на првите 2 години доенчињата ја
зголемуваат тежината за три пати, а
пораснуваат за 25-30см;
 Доенчето во првите 2 години научува да оди и
да фаќа.
03/27/2023 14
Физички и моторен развој на доенчето

 Бројот и густината на коските се зголемува;


 Мускулните влакна се издолжуваат и
згуснуваат;
 Контролата на мускулите нараснува што
му овозможува на доенчето при крајот на 2
година да оди исправено, да трча, да скока, да
јаде со лажица итн.;
 Синдромот на неоргански недостаток за
развој се должи на нестимулативната средина
за развој и отсуство на љубов;
 Дебелината се должи на мрзлив
метаболизам или на изобилство на поткожно
масно ткиво.
03/27/2023 15
Синдром на брза смрт (СБС)

 Се јавува најчесто меѓу 1 месец и првата година од


животот, кај новороденче кое било во добра здравствена
состојба;
 Причините се неразјаснети, но меѓу почесто наведуваните
се привременото прекинување на дишењето
(апнеја);
 Денес се користи програма за оперантно условување
за да се избегне СБС;
 Се препорачува бебињата да не се ставаат да спијат на
стомак и мајките да не пушат;
 Забележано е дека во некои средини (Азија) СБС го има
помалку отколку во некои други средини (САД, Канада,
Велика Британија).

03/27/2023 16
Обучување на чистота

 Општ совет од педијатрите е децата да почнат на


возраст по 18 месеци да се навикнуваат нуждата да
ја вршат без пелени, на приспособена шолја за
нив;
 Во САД и В. Британија пелените почнуваат да се
напуштаат веќе во првите 6 месеци од животот;
 Детето треба да стане самостојно во извршувањето
на нуждата околу 2 година;
 Основни предуслови за да се научи „одењето по
нужда“ се:
 Контрола врз прстенестите мускули на мочниот меур и
дебелото црево, како и на стомачните мускули;
 Треба да умее да соопшти со збор или гестикулација;
 Треба да покажува желба за тоа.
03/27/2023 17
Обучување на чистота

 Родителот никогаш не смее да го


присилува детето кога се учи на контрола на
процесот на дефекација и уринирање;
 Потребно е:
 храбрење и наградување,
 смиреност и трпеливост,
 јасност при објаснувањето што се бара од детето,
 прифаќање постепен успех и пофалба,
 смирено прифаќање на неуспех и доверба во детето;
 Многу професионалци препорачуваат оваа
обука да се започне пред вториот роденден
на детето.

03/27/2023 18
Когнитивен развој на доенчето

 Можат да се издвојат 3 пристапи во


проучување на развојот на когнитивните
способности и интелигенцијата:
 Одмерување на интелектуалните разлики преку
тестови;
 Теорија на Жан Пијаже која се интересира за
развојот на когнитивните структури и за
заедничките модели на развој кај сите деца;
 Обработка на информациите – пристап кој се
интересира за стратегиите на когнитивните
активности.

03/27/2023 19
Теорија на когнитивен развој на
Ж. Пијаже (1896-1980)

 Неговата теорија е пример за интеракциска и


конструкционистичка перспектива;
 Основни поими во теоријата на Ж. Пијаже се:
 Шема-основна единица на психолошко функционирање;
 Адаптација-двонасочен процес составен од процесите на
асимилација и акомодација;
 Асимилација-користење на стара шема за нов објект;
 Акомодација-процес на менување на старата шема за да
одговара на новиот објект;
 Еквилибриум (урамнотежување)-баланс меѓу постоечките
шеми за акција и новите средински искуства;
 Дизеквилибриум (нерамнотежа)-непријатна состојба која
го мотивира детето да дејствува за да се адаптира на
средината.

03/27/2023 20
Сензомоторна интелигенција

 4 стадиуми на когнитивен развој – сензомоторен,


предоперационален, конкретни операции и формални
операции;
 Периодот во првите 2 години од животот на детето е
наречен сензо-моторен, бидејќи првите шеми со кои
располага се сензорни и моторни;
 6 Развојни стадиуми во сензомоторниот период:
 Стадиум 1 (возраст од раѓање до 1 месец);
 Стадиум 2 (возраст од 1 до 4 месец);
 Стадиум 3 (возраст од 4 до 8 месец);
 Стадиум 4 (возраст од 8 до 12 месец);
 Стадиум 5 (возраст од 12 до 18 месец);
 Стадиум 6 (возраст од 18 до 24 месец).

03/27/2023 21
Сензомоторна интелигенција –
Стадиум 1: вежба на рефлексите

 Новороденчето ги вежба вродените


рефлекси;
 Рефлексите прогресивно се менуваат по
пат на искуството;
 Нема имитација и комбинација на
информациите добиени од различни
сетила.

03/27/2023 22
Сензомоторна интелигенција –
Стадиум 2: примарни кружни реакции

 Зборот „кружна“ упатува на тенденцијата


детето да ги повторува активностите или
шемите кои создаваат посакувана акција;
 Зборот „примарна“ се однесува на акциите на
детето насочени кон сопственото тело;
 Почнува комбинација и координација на
шемите од разни искуства;
 Уште не ги поврзува своите акции и нивните
ефекти.

03/27/2023 23
Сензомоторна интелигенција –
Стадиум 3:секундарни кружни реакции

 Доенчето станува се‘ посвесно за


надворешните случувања;
 Истите ги предизвикува да се повторуваат;
 Карактеристични се два процеси:
 Интенционалност (тенденција да се повторува
одредена активност која предизвикува задоволство);
и
 Константност на предмет – се развива
примитивна претстава за предметот преку
моторните акции (моторно значење);
 Доенчето учи преку обиди грешки;
 Нема поврзување меѓу причина и последица;
 Акцијата и реакцијата се автоматски.
03/27/2023 24
Сензомоторна интелигенција –
Стадиум 4: координирање на секундарните шеми

 Се јавуваат намерни поведенија;


 Детето прави разлика меѓу цел и метод
(предмет и средство);
 Ги координира секундарните гестови за да дојде до
саканиот предмет;
 Постои вистинско разбирање на поврзаноста
меѓу причината и последицата;
 Има константност на предмет кога истиот не се
гледа, но само ако остане на исто место;
 Се јавува интермодален пренос – пренесување
на информација од едно сетило на друго.

03/27/2023 25
Сензомоторна интелигенција –
Стадиум 5: терцијални кружни реакции

 Се јавува љубопитство и значење на


новите стимулуси;
 Доенчето почнува да
експериментира со нови начини на
манипулирање со предметите;
 Прави намерни истражувања кои се
многу активни и бара различни ефекти
што ги предизвикуваат тие варијации.

03/27/2023 26
Сензомоторна интелигенција –
Стадиум 6: симболички репрезентации

 Почнува решавање на проблеми;


 Се јавува способност за внатрешно претставување на
настаните;
 Има ментална слика (претстава) за предметот и
настанот;
 Детето почнува да користи симболи за да ги претстави
предметите и настаните;
 Почнува да се јавува „одложена имитација“ –
способност ментално да се претстави отсутна појава;
 На крајот од сензомоторниот период детето треба
успешно да развие:
 Познавање на своето тело;
 Последиците имаат своја причина;
 Постојаност на предметот иако е отсутен; и
 Употреба на симболи во говорот и мислењето.
03/27/2023 27
Понови истражувања на когнитивниот
развој на малото дете

 Доенчето прави интермодални преноси веќе


во првите неколку недели од животот;
 Детето се раѓа со посебно знаење за светот;
 Пијаже сметал дека имитација на фацијалната
мимика е можна дури во 4 стадиум
(интермодален пренос), но поновите
истражувања говорат дека новороденчињата се
веќе способни да имитираат некои изрази на
лицето;
 Констатирано е дека децата кои имаат пречки
во читањето не го вежбале споредувањето на
сетилните податоци добиени преку допир на
предметите со нивниот изглед.
03/27/2023 28
Индивидуални разлики во
сензомоторниот развој

 Поновите сознанија покажуваат поврзаност меѓу


сензомоторниот развој и подоцнежните когнитивни
способности;
 Малото дете е многу повеќе со сензомоторно отколку со
симболичко мислење;
 Дури на возраст меѓу 18 и 24 месеци се случува
кумулативна пресвртница од сензомоторна кон
симболичка обработка на податоците;
 Решавањето проблеми е попромислено;
 При крајот на втората година се јавува играњето „како
божем“ каде децата изведуваат серија божемни
активности;
 Категоризирањето на предметите во склад со
критериумите на возрасните се јавува паралелно со
играњето „како божем“ и одложената имитација.

03/27/2023 29
Учење кај доенчето

 Во периодот на доенче се издвојуваат неколку


вида учење:
 Класично условување;
 Оперантно или инструментално условување;
 Поткрепувања (позитивни и негативни);
 Казнување;
 Гасење (обратен процес од поткрепување);
 Дисциплинирање (особено при крајот на 2 година);
 На децата им е потреба рутина;
 Опсервациско учење (моделирање или викаријско
учење);
 Помнење – до 6 месец помнат, но краткотрајно; по 6
месец информациите ги помнат подолго време со
помалку обука.
03/27/2023 30

You might also like