You are on page 1of 1

Метаболизам

Поимот метаболизам (од грчки metabolismos) опфаќа серија на биохемиски процеси


и патишта во кои енергијата од храната се трансформира во организмот и се искористува за
одржување и одвивање на сите животни функции во истиот. Специфични протеини во телото
го контролираат метаболизмот и секоја биохемиска реакција е координирана со телесната
функција. Метаболизмот е константен процес кој започнува со самото зачнување.
При дефинирањето на метаболизмот, важно е да се
разликуваат енергетскиот и интермедиерниот метаболизам, иако всушност тие се неодвоиви.
Енергетскиот метаболизам е вкупната топлинска продукција во еден организам, додека
интермедиерниот ги претставува биохемиските реакции во клетките и ткивата. Генерално,
терминот "метаболизам" се однесува на интермедиерниот метаболизам. Исто така треба да
се познава и поимот базален метаболизам, кој е мерка за степенот на метаболизам кој се
одвива додека единката мирува.

You might also like