You are on page 1of 1

Општа градба и функции[уреди 

| уреди извор]
Иако коската изгледа како нежива материја, сепак таа е динамична структура составена од
живи ткива, како коскени клетки, масни клетки и крвни садови, како и од неживи материи,
вклучително вода и минерали.
Коските се повеќенаменски структури кои имаат различни и витални улоги кај ‘рбетниците.
Тие образуваат рамка на телото, давајќи му потпора и форма. Тие исто така образуваат
површина за прикачување на мускулите и дејствуваат како лостови, овозможувајќи многу
сложени движења. Повеќето коски ги штитат помеките внатрешни органи; на пример, коските
на черепот го заштитуваат мозокот, а ребрените коски формираат кафез
околу срцето и белите дробови. Освен овие структурни и механички функции, коските исто
така учествуваат во физиологијата на телото. Тие складираат калциум, минерал кој е
есенцијален за активноста на нервните и мускулните клетки. Меката срцевина на коската
(коскена срж) е место каде се формираат еритроцитите, одредени леукоцити и тромбоцитите.
Возрасен човек има 206 коски, кои чинат 14% од вкупната телесна тежина. Најдолгата и
најјаката коска е бутната коска која во период на зрелоста е долга околу 50 cm и широка 2,5
cm. Најмалата коска е чеканчето (stapes), која е една од трите ситни ковчиња во средното уво.
Таа е долга само 0,18 cm.
Коските (со исклучок на забите) се најцврстите органи во телото на човекот. Нивната
структура овозможува да се отпорни на свиткување, влечење и притисок. Коските се
изградени од коскено ткиво.
На секоја коска разликуваме проширени краеви - епифизи, поврзани меѓусебе со издолжен,
цевчест дел - дијафиза. Во дијафизата се содржи коскената срж во која до 25 годишна
возраст (кај човекот) се врши хемопоеза.
Врз основа на формата, коските се поделени во три основни групи:

 Цевчести
 Куси

You might also like