You are on page 1of 8

УНИВЕРЗИТЕТ ,, СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ


МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Семинарска работа по предметот: Клиничка анатомија на аортниот лак

Тема:
Ембрионален развој на аортниот лак

Ментор: Проф. Д – р . Јулија Живадиновиќ Изработи: Силвија Маркоска


СОДРЖИНА
Абстракт.....................................................................................................................................................3
1.Вовед.......................................................................................................................................................4
2.Развој на аортната торбичка.................................................................................................................4
3.Развој на примитвните аортни лаци....................................................................................................5
4.Развој на аортниот лак..........................................................................................................................6
5.Развој на заедничката дорзална аорта................................................................................................6
6.Цитолошки и биохемиски аспект на развојот а аортниот лак..........................................................6
Заклучок.....................................................................................................................................................7
Користена литература..............................................................................................................................8

2
Абстракт
Ембриологијата како морфо-функвионална наука се занимава со проучување на развојот на
живите единки пред да дојдат на овој свет. Познавањето на ембриолошкиот развој е неопходен
за клиничката пракса бидејќи ни дава сознанија за потеклото на морфолошките структури во
телото и нивната поврзаност. Целта на оваа семинарска е запознавање со емрионалниот развој на
аортниот лак и структурите кои произлегуваат од него како неопходни структури за живот.
Нивниот развој започнува во четвртата гестациска недела што дополнително ја укажува нивната
неопходност, од тогаш па се до раѓање на плодот овој систем претрпува драстични промени за да
се оформи и изгледа онака како што е познато кај возрасен човек. Познавањето на овие промени
и процеси на лекарот му даваат една комплетно поинаква слика за морфологијата на
циркулаторните структури а воедно и простор за размислување во однос на подобри
дијагностички процедури и решенија на проблемите и аномалиите кои можат да настанат во текот
на ембрионалниот развој.

3
1.Вовед
Аортата и големите крвни садови се дел од васкуларниот систем кои први се појавуваат во
средината на третата недела од ембрионалниот развој, формирани од мезодермни и ектодермни
ангиогени клетки. Потекнуваат од мешавина на клетки од ектодермот на невралниот гребен и
мезодермот на фарингеалните лаци [1].

Првите артерии кои се создаваат се левите аорти кои се продолжетоци на ендокардијалните


канали. Примитивните аортни се савиени назад во првиот фарингеален лак, околу предниот дел
на предното црево и продолжувајќи наназат стануваат дорзални аорти [2]. Двете аорти се споени
на нвните кранијални делови и тој спој ја формира аортната торбичка. Аортната торбичка
продолжува надолу како truncus arteriosus (аортен канал) во вентралниот дел на фаринксот. Двете
аортни се спуштаат надолу зад примитивното црево и се спојуваат со нивните каудални краеви
формирајќи заедничка аорта а нивните кранијални делови остануваат одвоени [3].

Слика 1 Шематски приказ на аортните лаци во текот на шеста и сема недела од ембрионалниот развој

2.Развој на аортната торбичка


Аортната торбичка е првиот дел од аортата што се формира а се појавува како дилатирана
структура над truncus arteriosus кој претставува една од петте дилатации од кои се формира
срцето. Од торбичката потоа се развиваат два рога кои доведуваат до формирање на важни
аортни структури. Од десниот рог настанува брахиоцефаличното стебло додека левиот рог се
комбинира со стеблото на аортната торбичка за да го формира делот од аортниот лак
проксимално до брахиоцефаличното стебло. Аортните лаци се развиваат од аортното ќесе и
продолжуваат да се движат кон фарингеалните лаци.

4
3.Развој на примитвните аортни лаци
Аортната торбичка и двете дорзални аорти се спојуваат напред со аортните лаци кои лежат во
фарингеалните лаци. Во текот на развојотна фарнигеалните лаци аортната торбичка дава шест
гранки за сеој лак и тие гранки завршуваат во дорзалната аортна[4]. Овие шест примитивни
аортни лаци не се истовемено присутни, при јавување на третиот пар лаци првиот пар е веќе
исчезнт[5].

Примитивните аортни лаци во текот на рзвојот се јавуваат и се губат но секој од нив формира
делови од крвоносниот систем витални за адултниот живот[6]. Структурите формирани од
аортните лаци се:

Првиот аортен лак рано се губи но негов остаток ја формира максиларната артерија.[5]

Вториот лак исто како првиот, рано се губи а


негов остаток ги формира хиоидната и
стапедијалната артерија.[5]

Третиот лак има улога во формирање на двете


заеднички каротидни артерии и делови од
внатрешните каротидни артерии.[5]

Четвртиот лак има различна улога на двете


страни. Од левиот лак се формира средниот дел
на аортниот лак додека од десниот го формира
почетниот дел на десната потклучна артерија.[5]

Петтиот лак е рудиментиран и брзо регресира


или пак воопшто не се формира.[5]
Слика 2. Шематски приказ на фази на развој на аортниот лак

Шестиот лак на двете страни се дели на вентрални и дорзални сегменти. Левиот вентрален
сеглент придонесува за формираже на белодробните артерии и белодробното стебло. Деснот
дорзален лак дегенерира додека левиот дорзален лак го формира аортниот канал (ductus
arteriosus) кој подоцна облитерира и станува ligamentum arteriosum[5].

5
4.Развој на аортниот лак
Аортниот лак има потекло од неколку структури. Делот од лакот кој е проксимален од truncus
brachiocephalicus потекнува од стеблото на аортната торбичка. Делот помеѓу од truncus
brachiocephalicus и a.carrotis communis sinistra потекнува од левиот рог на торбичката. Делот
дистален на a.carrotis communis sinistra потекнува од левиот четврт примитивен лак а остаткот
дистален на овој дел потекнува од левата дорзална аорта[7]. Обете дорзални аорти ги даваат
седумте интерсегментални артерии, од нив горните шест вертикално анастомозираат и го даваат
вториот сегмент на a.vertebralis, a.intercostalis superior и a.cervicalis profund. Последната (седмата)
интерсегментална артерија ја формира a.subclavia sinista[8].

5.Развој на заедничката дорзална аорта


Се формира со спој на левата и десната дорзална аорта на нивоа од четврти торакален (Т4) до
втор лумбален (L2) сегмент на сомитите. Од тука се рзвиваат неколку гранки кои понатаму ќе
станат висцерални грани гранки за органите во предните телесни празнини.

6.Цитолошки и биохемиски аспект на развојот а аортниот лак


Два типа на васкуларни клетки произлегуваат од муралните клетки. Првиот е перицитот, кој е
присутен генерално во мали садови, додека вториот тип, васкуларните мазни мускулни клетки, се
наоѓаат во големите крвни садови. Перицитите имаат имунолошки функции и можат да се
однесуваат како матични клетки. Васкуларните мазни мускулни клетки се вклучени во функцијата
на вазоконстрикција и вазодилатација на садовите. Овие клетки имаат и задача да ја одржуваат
морфологијата на садот[10]. Од биохемиски аспект многу молекули го стимулираат созревањето
на муралните клетки (ангиогени фактори и цитокини). На пример, фактор на раст на
фибробластите (FGF) и бета-FGF, трансформирачки фактор на раст од алфа тип (TGF-алфа),
ангиогенин, интерлеукин тип 8 (IL-8), ангиопоетини[11].

6
Заклучок
Продлабоченото и темелно знаење за ембриолошкото потекло и еволуцијата е клучно за
разбирање на патофизиологијата на различни вродени и стекнати аномалии и им овозможува на
лекарите да го третираат пациентот на поадекватен начин. Интеграцијата на ембриологијата во
клиничката пракса со помош на најсовремената технологија е исто така од суштинско значење
бидејќи е поврзана со подобри резултати на пациентот.

7
Користена литература

[1] Khalid N, Bordoni B. Embryology, Great Vessel; StatPearls. Treasure Island: StatPearls Publishing;
2022

[2] Williams, P. L.; Wendell-Smith, C. P.; and Treadgold, S.: Basic Human Embryology. J. B. Lippincott
Company, Philadelphia, 1966

[3] Girsh, E .; A Textbook of Clinical Embryolog; Cambridge: Cambridge University Press.; 2021

[4] EDWARDS JE. Anomalies of the derivatives of the aortic arch system. Med Clin North Am. 1948;
32:925-49.

[5] Живадиниќ Ј, Морфологија на аортниот лак. Јулија Живадиновиќ. - Скопје: Медицински


факултет, 2017. - 62 стр.

[6] Türkvatan A, Büyükbayraktar FG, Olçer T, Cumhur T. Congenital anomalies of the aortic arch:
evaluation with the use of multidetector computed tomography. Korean J Radiol. 2009:176-84.

[7] Vanmierop L, Alley RD, Kausel H, Stranhana A; PATHOGENESIS OF TRANSPOSITION COMPLEXES. I.


EMBRYOLOGY OF THE VENTRICLES AND GREAT ARTERIES. Am J Cardiol. 1963; 216-25.

[8] Cantador A, Siqueira D, Guillaumon A. Anomaly in the Embryogenesis of the Aorta associated with
Subclavian Steal Phenomenon. Ann Vasc Surg. 2019

[9] Rosen RD, Bordoni B. Embryology, Aortic Arch. Treasure Island (FL): StatPearls Publishing; 2022

[10] Костовска Н, Миленкова Л; ХИСТОЛОШКА ГРАДБА И ЕМБРИОНАЛЕН РАЗВИТОК НА


ОРГАНСКИТЕ СИСТЕМИ; Скопје: УКИМ – Медицински факултет; 2012 ; 49 – 51

[11] Wales R. G. (1973). Biochemistry of the developing embryo. Journal of reproduction and fertility.
Supplement, 2018, 117–125.

You might also like