You are on page 1of 44

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“, Медицински факултет


ЈЗУ Институт за физикална медицина и рехабилитација, Скопје

КИНЕЗИТЕРАПИЈА ВО ГЕРИЈАТРИЈА

Доц. д-р Цветанка Ѓеракароска Савевска


Напредокот на науката го продолжи просечниот животен век и ја промени
старосната структура на населението во светот.
Но зголемување на животниот век подразбира зголемен ризик од појава на
дегенеративна патологија, намалена психофизичка способност и намален
квалитет на живот кои се постојани придружници на староста.
Геријатриска популација – 65-75г. (млади-стари), 75-85г. (стари-стари), ≥ 85 г.
(најстари-стари)
Над 20% од популацијата на развиените земји е постара од 65 години, во
светот над 6% од вкупната популација, со тенденција за раст.
Стареењето како составен дел на животот опфаќа постепено намалување на
органските системски резерви и хомеостазната контрола. Ова ги прави
старите лица чувствителни кон болест и повреда.
Повеќе од 80% од популацијата постара од 65 години има најмалку една
хронична болест, а 50% имаат две или повеќе болести.
СТАРЕЕЊЕТО Е ПОВРЗАНО СО НИЗА МЕТАБОЛНИ И ФИЗИОЛОШКИ ПРОМЕНИ

Постепено намалување на мускулната маса, опаѓање на мускулната сила и


издржливост, намалување на мускулниот тонус и еластицитет
Губење на коскена маса
Намалување на минутниот и ударниот срцев волумен, пулсот, зголемена
срцева фрекфенција
Намален проток и зголемен отпор низ артерискиот систем
Намалување на максималната кислородна потрошувачка и намалување
на аеробниот капацитет
Намалување на вкупното количество на вода и крвна плазма
Зголемување на бројот на респирации, отежната размена на гасови,
намален белодробен капацитет
Зголемување на телесната тежина (во најголем број случаи)
Намалување на когнитивните функции
Влошена исхрана – намален внес на протеини и амино к-ни
СТАРЕЕЊЕТО Е ПОВРЗАНО СО НИЗА ОРГАНСКИ ПРОМЕНИ И ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ БОЛЕСТИ
SA
Во телото постојат промени на голем број системи што се дел од нормалното стареење.
Често е тешко да се одреди која од овие промени е поради природниот процес на
стареење, а која е поради заболување и секундарни фактори.

АРТРОЗА ( ˃ 60% од жените и 50% од мажите над 70 години – гонартроза, коксартроза,


полидископатија, спондилоартроза), КОНТРАКТУРИ
ОСТЕОПЕНИЈА / ОСТЕОПОРОЗА (фрактури на колк, прешлени, рачен зглоб)
НАМАЛЕН ВИД (макуларна дегенерација, катаракта, глауком) И СЛУХ
КАРДИОМИОПАТИЈА ( миокарден инфаркт)
НЕВРОЛОШКА ПАТОЛОГИЈА (мозочен удар, Паркинсонова болест, полиневропатија, деменција)
РЕСПИРАТОРНИ БОЛЕСТИ ( ХОББ)
ПРЕИФЕРНИ ВАСКУЛАРОПАТИИ (ампутации)
УРИНАРНА ИНКОНТИНЕНЦИЈА
ГАСТРОИНТЕСТИНАЛНИ ПРОМЕНИ
АНЕМИЈА
ЕНДОКРИНИ ПРОМЕНИ (намалена толеранција на глукоза, намалено ниво на естроген,
прогестерон –дијабетес мелитус тип 2)
ТРОФИЧКИ ПРОМЕНИ НА КОЖАТА (декубитуси)
САРКОПЕНИЈА
SA
САРКОПЕНИЈА ПРЕТСТАВУВА ПОСТЕПЕНО ГУБЕЊЕ НА МУСКУЛНАТА МАСА И СИЛА ПРИ
ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ.

Губење на голем број миоцити и намалување на содржината на миозин.


Непропорционална хипо/атрофија на мускулните влакна тип IIA (влакна што брзо се
контрахираат), за сметка на влакната тип I и тип IIB.
Се ↑ времето на контракција и релаксација.
Постои ↑ на катаболичните процеси – ↑ на тумор некротизирачкиот фактор алфа, IL 6, IL 1β.
Се ↓ анаболичките стимулации како и хормонската стимулација од естроген, прогестерон,
хормонот на раст.
Саркопенијата вообичаено не доведува до намалување на телесната тежина бидејќи доаѓа до
зголемување на процентот на масти.
Адипозното ткиво пак има своја улога во севкупниот процес заради излачување на
инфламаторни медијатори кои се зголемени кај саркопенија.
КАЈ ПАЦИЕНТИ НАД 70 ГОДИНИ ШТО ВЕЖБААТ ДОКАЖАНО Е ↓ НА IL 6.
Со редовно вежбање мускулната маса се ↑, се ↑ мускулните влакна тип IIA, се ↑ оксидативниот и
гликолитичкиот капацитет, се ↑ капиларната мрежа, се↓ времето на контракција и релаксација
САРКОПЕНИЈА
SA
ПОСТУРАЛНИ ПРОМЕНИ ПРИ СТАРЕЕЊЕ

Прогресивна протракција на главата


Зарамнување на цервикален рбет
Потенцирање на торакалната кифоза
Зарамнување на лумбален рбет
Скапуларна протракција, улнарна девијација на рачен зглоб
Зголемување на флексија во колк и колено и намалување на
дорзална флексија во скочен зглоб
ПОСТУРАЛНИ ПРОМЕНИ ПРИ СТАРЕЕЊЕ
ПРОМЕНИ ВО ОДОТ

Бројните физиолошки и метаболни промени водат кон намалена издржливост,


намалена брзина и спретност во извршување на задачите, намалена координација
и флексибилност.
Ова води кон неспретен и несигурен од, склоност кон сопнување и чести падови.
Промени во чекорењето: брзината на чекорење обично опаѓа за 0,2% годишно до
возраст од 63г., а потоа за 1,6% над 63г., кај лица кои немаат никакви невролошки,
когнитивни или пак кардиоваскуларни потешкотии.
Чекорот кај стари лица се карактеризира со зголемена поддршка на двата
екстремитети, намалена брзина, пократок расчекор и поширока основа за
поддршка. Кај мажите одот се карактеризира со мали чекори на широка основа, а
кај жените со кратки чекори, нишање на колковите и влечење на стопалата на
тесна основа. Се намалува ротацијата на карлицата и постуралните реакции и
компензации се побавни. Зголемена енергетска потрошувачка при одење.
Фактори во чекорење кои се поврзани со паѓање кај стари лица: зголемена разлика во
должината и брзината од расчекор во расчекор, намалено времетраење на фазата
на нишање, зголемено времетраење на фазата на двојна поддршка.
ПРОМЕНИ ВО ОДОТ
Геријатриската рехабилитација има улога не само во намалување на
функционалната онеспособеност ( редукција на можноста за себезгрижување и
изведување на активности од секојдневното живеење) и рана рехабилитација по
специфична болест или повреда туку и промовирање на превентивни програми за
одржување на физичката состојба за да се избегне слабост и изнемоштеност.

Во обидот да се намали степенот на функционална онеспособеност на старите


лица неопходна е потребата од спроведување на ИНДИВИДУАЛЕН
РЕХАБИЛИТАЦИОНЕН ТРЕТМАН.

Тоа подразбира специфичен индивидуализиран програм на телесни вежби и


активности кои ќе помогнат во унапредување на психофизичката состојба, а со
тоа и на здравјето во целина.
За да се направи план и програма за рехабилитација на еден пациент треба
да се анализира патологијата, оштетувањето и онеспособеноста.

Најприменува алатка за проценка на онеспособеноста: Бартел индексот


проценува степен на независност во самозгрижувањето и во изведувањето
на активностите од секојдневното живеење (лична хигиена, бањање,
хранење, WC тоалет, качување по скали, облекување, контрола на
столица, контрола на мокрење, трансфер количка кревет, покретливост,
покретливост со количка). Кога се повторува во одредени временски
интервали го покажува напредокот во рехабилитацијата.
ИНДИВИДУАЛНИОТ РЕХАБИЛИТАЦИОНЕН ПРОГРАМ е комплексен сет на
процеси чија цел е да го подобри квалитетот на живот на старите кои што
се соочуваат со потешкотии во извршување на секојдневните активности
предизвикани од хронични состојби.

Основни принципи на рехабилитацијата:


Да ја прифати пациентот и околината
Да има јасно определена цел
Да биде реална (не секој може да направи се)
Точно дефинирана
КЛУЧНИ ЦЕЛИ НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА:

• Да се процени потенцијалот за реализација


• Повторно оспособување
• Враќање во средината во која живее
• Повторно исполнување на улогите кои претходно ги извршувал
• Повторно вклопување и прилагодување
ПОТЕШКОТИИ КОИ МОЖЕ ДА ЈА ОТЕЖНАТ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА

Некои пациенти нема да го достигнат нивото на опоравување кое што го


очекувале.
Најчести можни причини се: анемија, срцеви заболувања, хипотиреоидизам,
несакани ефекти на лекови (постурална хипотензија), деменција, депресија,
нарушување на видот или слухот, ново заболување, влошување на
постоечките болести
Отежната адаптација на нов контакт и познанство - интровертност (со стареење
повеќето се оттуѓуваат или се отфрлени од семејството, општеството ги смета за
некорисни членови)
Старите лица сметаат дека со вежбање постоечките хронични болести ќе се влошат
Недоволна свесност и убеденост дека кинезитерапијата не е забава туку терапија.
Затоа редовни контроли и проценка на состојбата игра важна улога во ефективната
рехабилитација. Кон старите лица треба да се има максимално трпение и
умешност за да се убедат дека последиците од хипокинезијата можат да бидат
сериозни и многу тешко да се отстранат.
ФАКТОРИ ЗА УСПЕХ

Фактори за успешна рехабилитација: позитивен став и пристап, индивидуална


проценка за секој пациент, активно учество на пациентот, тимска работа,
охрабрување за независност преку општи и специјални терапевтски
техники и адаптација.

Пациентите се загрижени за последиците кои ги остава болеста и за својата


немоќ во самостојно извршување на активностите. Техники кои лесно се
превидуваат и занемаруваат, а се МНОГУ ВАЖНИ вклучуваат: разговор,
слушање, разбирање, охрабрување и советување на пациентот.

Вештината на рехабилитацијата е да се направи баланс меѓу нејзините алатки


за работа.
МИТОВИ ВО РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Погрешна е претпоставката дека процесот на рехабилитација е временски ограничен


процес кој завршува кога болниот ја напушта болницата (при акутно
заболување/повреда, егзацербација на хронично заболување).

РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НЕ Е БРЗ ПРОЦЕС ТУКУ БАРА ОГРОМНО ТРПЕНИЕ,


КОНТИНУИРАН НАПОР, ОДЛУЧНОСТ И ИСТРАЈНОСТ ЗА ВЕЖБИТЕ ДА СТАНАТ
СЕКОЈДНЕВИЕ.
АКО СЕ ПРЕСТАНЕ СО ВЕЖБАЊЕ ЗА КРАТКО ВРЕМЕ СИТЕ ПРИДОБИВКИ ЌЕ
ИСЧЕЗНАТ.
Погрешна е претпоставката дека рехабилитацијата треба да се спроведува исклучиво
од терапевти, исклучиво во болнички услови и дека не вродува со плод.
Недоразбирање е мислењето дека пациентот е само пасивен учесник во третманот.
РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА ВКЛУЧУВА КИНЕЗИТЕРАПИЈА, МАНУЕЛНА МАСАЖА,
РАБОТНА ТЕРАПИЈА, ФИЗИКАЛНИ МОДАЛИТЕТИ И ХИДРОТЕРАПИЈА.
ЗОШТО БИ ТРЕБАЛО СТАРИТЕ ЛИЦА ДА ВЕЖБААТ?

ДА СЕ ОСТАНЕ ФИЗИЧКИ АКТИВЕН Е КЛУЧОТ ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ ВО ПОНАПРЕДНАТА


ВОЗРАСТ.

Програмите за редовно вежбање им овозможуваат на претходно седентарни стари


лица да постигнат значајни подобрувања на полето на физичките способности,
истовремено редуцирајќи го ризикот за онеспособеност во иднина.
Редовните вежби го редуцираат ризикот од хронични болести (артериосклероза,
миокарден инфаркт, мозочен удар, периферни васкуларопатии, дијабетес
мелитус тип 2, остеопороза, депресија) и го редуцираат ризик за пад.
Програмите за вежбање треба да се прилагодат на индивидуалните потреби и
можности на старите лица.
Правилно дозирани телесни вежби имаат примарно значење во забавување на
атрофичните и дегенеративни процеси кај старите лица.

Во зависност од степенот на оштетување на органската функција, способноста за


изведување на определени движења, нивото на мускулна сила и издржливост,
подвижноста, способноста за комуникација вежбите може да бидат: активни со
отпор, активни (концентрични, ексцентрични, статички), активно потпомогнати
или пасивни.

Вежбите може да се изведуваат самостојно, во пар или во група. Во домашни


услови или во амбулантски/болнички услови.
КАКВИ ВИДОВИ НА ВЕЖБИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗВЕДУВААТ И ЗОШТО?

ВЕЖБИ ЗА ИСТЕГНУВАЊЕ

ВЕЖБИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ

ВЕЖБИ БАЛАНС И ПРОПРИОЦЕПЦИЈА

ВЕЖБИ ЗА ИЗДРЖЛИВОСТ
ВЕЖБИ ЗА ИСТЕГНУВАЊЕ

Го подобруваат тонусот и еластичноста на мускулатурата


Ја подобруваат флексибилноста
Ги олеснуваат движењата
Го намалуваат ризикот од повреда
Помагаат да се релаксираат мускулите на горните и долните екстремитети,
грбот, градите, абдоменот
Претходат на останатите вежби
Времетраење на истегнување 10 сек., повторување 6-8 пати
ВЕЖБИ ЗА ИСТЕГНУВАЊЕ
ВЕЖБИ ЗА ИСТЕГНУВАЊЕ
ВЕЖБИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ

Дури и на возраст над 75г. може да се вежба со прогресивен отпор (вежбање на справи, со
еластична трака, тегови, ергометар за горен и долен дел од телото со отпор).

Ја зголемуваат мускулната сила и маса (стабилизација на телесната маса при трансфер и


движење), ја зголемуваат коскената густина (во превенција и третман на остеопороза),
ја подобруваат рамнотежата, го намалуваат ризикот од пад кој е причина за фрактура
(прешлени, колк, рачен зглоб или рамо). Овие вежби ја намалуваат болката
предизвикана од артритис / артроза - ги зајакнуваат мускулите со што се намалува
притисокот и болката.

Неврални механизми: синхронизација на моторните единици, ↑на спроводливоста на


моторните нерви, инхибиција на Голџиевиот тетивен орган, инхибиција на Реншовите
клетки, супраспинална фацилитација, кортикоспинална ексцитација.

Мускулни промени: хипертрофија на мускулни влакна, ↑ стапка на синтеза на протеини, ↑на


миофибрилите и миофиламентите, ↑на тип IIA влакната, јакнење на сврзното ткиво.

Задолжително да се биде под стручен надзор


ВЕЖБИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ
ВЕЖБИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ
ВЕЖБИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ
ВЕЖБИ ЗА БАЛАНС И ПРОПРИОЦЕПЦИЈА

Ги подобруваат постуралната контрола и стабилност


Ги подобруваат мускулната координација
Го подбруваат постуралното компензирање и чувството на просторна
ориентираност
Помагаат во превенција од пад

Се започнува со вежби во затворен кинетички ланец (движење на повеќе


зглобови) и се продолжува со покомплексни вежби на тесна основа за
доколку состојбата дозволува да се постигне моторен автоматизам преку
задавање на повеќенаменски моторни вежби
ВЕЖБИ ЗА БАЛАНС И ПРОПРИОЦЕПЦИЈА
ВЕЖБИ ЗА БАЛАНС И ПРОПРИОЦЕПЦИЈА
О
ВЕЖБИ ЗА ИЗДРЖЛИВОСТ / АЕРОБНИ ВЕЖБИ

Ја зголемуваат мускулната издржливост


Го зајакнуваат срцето
Ја забрзуваат срцевата акција
Ја зголемуваат искористеноста на О2

Со танцување, пливање, пешачење се одбегнуваат мускулните и зглобните


оптеретувања кои се присутни кај џогирањето.
Треба да се изведуваат барем три пати неделно.
ВЕЖБИ ЗА ИЗДРЖЛИВОСТ / АЕРОБНИ ВЕЖБИ
ДОЗИРАЊЕ НА ВЕЖБИТЕ

Со вежбање се започнува постепено особено кај слаби, кревки или опуштени и


физички неактивни лица. Се започнува со вежби за истегнување и
зајакнување.
Два до три пати неделно по 30 минути е се што е потребно. Бројот на вежби во
комплексот треба да изнесува 8-12, а бројот на повторувањето 6-10 пати.
Брзината на изведување – темпото треба индивидуално да се прилагоди, а
амплитудата на движењето да се движи во рамки на објективните можности.
При секое вежбање особено треба да се внимава на актот на дишење. Тоа не
треба да се прекинува. Кога движењето се изведува кон напред се издишува, а
кога се изведува кон назад се вдишува.
ДОЗИРАЊЕ НА ВЕЖБИТЕ

Секогаш да се води сметка за субјективното чувство и објективните можности на лицето кое


вежба.
Доколку активноста предизвикува пријатно чувство и расположение, не се јават болки или
други потешкотии лицето добро ја поднесува. Појава на одреден замор е нормална
појава и се губи во тек на денот или ноќта. Но доколку не се елиминира ни по ноќниот
одмор неопходно е да се намали интензитетот на оптеретувањето или бројот на
повторувања. Во случаи кога вежбите не се соодветно дозирани се јавува интензивно
црвенило на лицето, обилно потење, задишаност, нарушена координација на
движењата, намалена брзина и спретност, деконцентрација.
Еден од најважните показатели за фрекфенцијата на пулсот и дишењето.
Пулсот непосредно по завршување на активноста треба да биде покачен за околу 40% во
однос при мирување.Не треба да се зголеми повеќе од 110-130 во мин.
Доколку фрекфенцијата на респирации е значително покачена преку 19-20 пати и со
различна длабочина исто така активноста не е добро дозирана.
РАБОТНА ТЕРАПИЈА

Неизоставен дел од рехабилитационите програми.


Насочена кон совладување на активности од секојдневието кои се изведуваат
со потешкотија или воопшто неможе да се изведат поради привремена
онеспособеност.
Кај стари лица се фокусира базични активности од секојдневниот живот
(јадење, облекување, бањање, чешлање, користење тоалет, трансфер
крвет стол, када, WC школка) затоа што тие се есенцијални за независност.
ПРЕПОРАЧАНИ АКТИВНОСТИ / СПОРТОВИ

ПЕШАЧЕЊЕ: ( кај срцеви заболувања, респираторни заболувања, прекумерна телесна


тежина, дијабет, кај дегенеративни заболувања на локомоторниот апарат, по хируршки
интервенции или повреди). Во почетокот се започнува со пешачење по рамно. Во фаза
на реконвалесценција по секои поминати 100-200 метри да се прави одмор (1-2 минути).
Со подобрување на психофизичката состојба се зголемува должината на патеката на
500-1000 метри па и повеќе. Потоа следи совладување на нерамен терен со бавно
темпо во почетокот. Со напредување на состојбата може да следи и наизменично
забрзувањево должина од 15-20 метри или лесно поттрчување10 -15 метри.
ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД / СТАТИЧКИ ВЕЛОСИПЕД: Фрекфенцијата на пулсот не треба да
надминува 110-130 удари во минута.
ПЛИВАЊЕ: не се оптеретува коскено зглобниот апарат, се активира и јакне речиси целата
муксулатура, не се оптеретува срцевата работа.
За физичката активност да има позитивно влијание врз организмот вежбањето
треба да биде организирано најмалку 2-3 пати неделно, со времетраење од 40-
50 минути.
КОНТРАИНДИКАЦИИ ЗА ВЕЖБАЊЕ

Нестабилна ангина пекторис


Конгестивна срцева болест
Сериозен степен на валвуларно оштетување
Малигни аритмии
Зголемена артерсика хипертензија во мирување ( 110/200 mmHg)
Аортна аневризма
Акутна ретинална хеморагија или неодамнешен офталмолошка хируршка
процедура
Нестабилна мускулоскелетна повреда
Напредна деменција или нарушување во однесувањето
ПАДОВИ

Се случуваат кај ˃ 30% од лицата над 65 г.


Повреди има во 10-20% од падовите од кои 3-5% се фрактури.
Падот како главна причина за морбидитет и морталитет кај стари лица е резултат
на интеракција од интринзични и екстринзични фактори.
Интринзични фактори се: пореметување на одот и рамнотежата, периферна
невропатија, мускулна слабост, вестибуларна дисфункција, вртоглавица,
пореметување на видот, деменција, постурална хипотензија, кардиолошки
проблеми, синкопа, ТИА и други цереброваскуларни нарушувања,
Паркинсонова болест и други екстрапирамидални синдроми, епилепсија,
анемија, артроза на долни екстремитети, примена на извесни лекови
(седативи, антиепилептици, вазодилататори, диуретици, антиаритмици),
делириум, алкохолизирана состојба и др.
Екстринзични фактори се: лизгави и нерамни површини, слабо осветлување,
препреки, несоодветни обувки, несоодветни помагала.
Падовите најчесто се случуваат во домашни услови: станувајќи од кревет, одејќи
во тоалет, посегање по предмети.
ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПАД

Обид да се третира органската патологија


Вежби за баланс и проприоцепција
Обука за одење по нерамни површини, скали, избегнување на лизгави површини за
одење)
Едукација на пациентот за користење на помагала во домот, во тоалетот, при
бањање, помагала за облекување.
Примена на соодветни ортопедски помагала
Соодветни обувки, обложени пантолони (надворешни протектори за колк)
Да се спречи ортостатска хипотензија
Пиење доволно течности
Внимателна промена на положба
Носење еластични чорапи
Реорганизирање на предметите во домот
ПОМАГАЛА ВО ДОМОТ
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА ОКОЛИНА

Ова претставува алтернативен пристап за соочување со онеспособеноста

Високи седишта во транспортните средства ( автобус, воз, метро)


Семафорите може временски да се прилагодат да дозволат доволно време за
постарите лица безбедно да ја преминат улицата
Држачи
Рампи
Нелизгави подни површини
Широки тротоари
Обезбедување на негуватели
Кинезитерапијата има профилактичко и тераписко дејство во секој период од животот на
човекот без разлика на полот, возраста и индивидуалните карактеристики на
поединецот. Таа успешно го подобрува квалитетот на живот.

Ниту еден медикамент неможе да ги елиминира последиците од инактивноста. Но правилно


дозираните и систематски спорведени телесни вежби и активности се замена за многу
лекови.

Старите луѓе треба да се мотивираат и да го прифатат вежбањето како терапија / лек и


континуиран процес кој треба да биде составен дел од понатамошното живеење.

Со одржување на функционалниот статус тие може да живеат во заедницата со помали


трошоци отколку при нивно институционализирање.

ГОДИНИТЕ НЕ СЕ ВАЖНИ
БЕЗ ОГЛЕД КОЛКУ ГОДИНИ ИМАТЕ
НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ
ВЕЖБАЈТЕ
ВИ БЛАГОДАРАМ

You might also like