You are on page 1of 34

Физиотерапија кај пациенти

после ампутација на долен


екстремитет
Ас. Др. Билјана Калчовска
Ас.др. Марија Гоцевска
Проф. Др. Ериета Николиќ-Димитрова
Медицински факултет, Скопје
Универзитет “Кирил и Методиј”, Скопје
 Ампутацијата значи отстранување на целиот или на
дел од екстремитетот.
 Самата ампутација претставува тешко
пореметување како на физичкото, така и на
психичкото единство на личноста.
 Протезата не ја надополнува само изгубената

функција, таа со својот естетски изглед го


надополнува она што е изгубено со ампутацијата
 Најчести причини за амуптација:
-периферни васкуларни заболувања-
дијабетична ангиопатија, артериосклеротични
промени, trombangitis obliterans (M. Burger)
-трауматски промени
-тумори (малигни тумори на коски, метастази)
-инфекции (остеомиелит)
-тешки изгореници или смрзнатини на
екстремитетот.
 Во рехабилитацијата учествува цел тим составен од

физијатар, физиотерапевт, мед. Сестра, протетичар,


социјален работник, психолог.
 Рехабилитациониот третман се состои од 2 фази:
-предоперативна-(подготовка на пациентот)
 Респираторни вежби
 Кондициони вежби за горни екстремитети и
здравата нога
 Вежби за одржување на подвижноста во сите
зглобови
 Вежби за циркулација
 Вежби обука одење со патерици и евентуално со
инвалидска количка
 Учење на корективни положби со цел превенирање
на декубитуси
 Рехабилитациониот третман се состои од 2 фази:
-постоперативна-(подготовка на пациентот)
 Рана
 Претпротетичка
 Протетичка
 Постпротетичка
 Хируршката интервенција има за цел да се створи
добра и оптимално обликувана чкунка (врвот на
коската да е покриен со добро мускулно перниче,
лузната да е слободна и неосетлива). Должината на
чкунката во средна третина на надколеницата дава
можност за добро, функционално и естетско
решавање на проблемот.
ПОСТОПЕРАТИВНАТА ФАЗА ГИ ОПФАЌА:
 Рана рехабилитација

-започнува прв ден после операцијата


-основно е негата на постоперативната рана
-спречување на настанување на контрактури
-правилно позиционирање во кревет
А) кај надколена ампутација-
Чкунката треба да е во полна екстензија и аддукција.
Пациентот треба поголем дел од денот на лежи на
стомак. Строго забрането е ставање на перница под
чкунката и долго седење.
Б) кај подколена ампутација-
Чкунката треба да е во потполна екстензија
ПОСТОПЕРАТИВНАТА ФАЗА ГИ ОПФАЌА:
 Рана рехабилитација

-вежби за чкунката
-кондициони вежби на горни екстремитети и на
здравата нога
-респираторни вежби
-ВАЖНА Е РАНА ВЕРТИКАЛИЗАЦИЈА И
ОБУКА ОДЕЊЕ СО ПАТЕРИЦИ
-бандажирање на чкунката-со еластичен завој со
постепено намалување на притисокот почнувајќи од врвот
кон базата. Бандажирањето се прави за спречување на
едемот и создавање на масно ткиво и формирање на
конусен или цилиндричен облик на чкунката кој ќе
овозможи комплетен контакт со лежиштето на протезата.
ПОСТОПЕРАТИВНАТА ФАЗА ГИ ОПФАЌА:
 Рана рехабилитација

Компликации:
-пукање на раната
-проблеми на кожата на чкунката
-едем на чкунка
-контрактура на проксималните зглобови на
чкунката
-болка
Во текот на цело време на рехабилитацијата значајна
е добра хигиена на чкунката, благи масажи на
испакнатите делови кои трпат и најголем притисок.
ПОСТОПЕРАТИВНАТА ФАЗА ГИ ОПФАЌА:
 Предпротетичка фаза

-Се одвива најчесто во специјален центар за


рехабилитација и има единствена цел-припремање
на чкунката и пациентот за протеза.

-Тоа значи дека чкунката треба да биде правилно


обликувана со конусен или цилиндричен облик, со
добра мускулна сила, без контрактура во зглобот над
ампутацијата
ПОСТОПЕРАТИВНАТА ФАЗА ГИ ОПФАЌА:
 Предпротетичка фаза

--Програмот за рехабилитација тргнува од:


-општата состојба на пациентот
-состојбата на другите екстремитети
-состојбата на чкунката:
 форма и должина
 оперативна лузна (зарасната или не)
 обем на движење на зглобот над ампутацијата
 сила на останатите мускули на чкунката
 присуство на фантомска болка
ПОСТОПЕРАТИВНАТА ФАЗА ГИ ОПФАЌА:
 Предпротетичка фаза

-Во оваа фаза се спроведува:


 бандажирање на чкунката
 вежби за зголемување на подвижноста на
преостанатите зглобови на ампутираниот екстремитет
 вежби за јакнење на мускулната снага на чкунката
 кондициони вежби за горните екстремитети, здравата

нога
 респираторни вежби
 вежби за јакнење на паравертебралната мускулатура
 масажа на чкунката
 вежби одење со предпротеза
 При бандажирањето се применуваат неколку принципи:
-притисокот да не предизвикува големи
пореметувања на крвотокот
-притисокот да биде доволно јак и постепено да се
намалува од врвот кон базата
-должината на траењето на бандажата е
индивидуално
 Се изведуваат вежби за зголемување на подвижноста на

преостанатите зглобови на ампутираниот екстремитет и


тоа:
-кај надколена ампутација-вежби за екстензори и
аддуктори на чкунката со цел поголемо истегнување на
флексорите и аддукторите на истата.
-кај подколена ампутација-вежби за истегање на
флексорите на чкунката со цел истегнување на
 Вежби за зајакнување на мускулната снага на
чкунката:
-започнуваат веднаш по зараснувањето на раната
-вежбите се спроведуваат со постепено дозирано
оптеретување
-се прави програм за јакнење на општата
кондиција (кондициони вежби за горните
екстремитети како и зајакнување на здравата нога)
-хидрокинезитерапија, пливање
-мануелна масажа на чкунката
-вертикализација, одење со патерици, или
увежбување на трансфер кревет-количка со што
секогаш треба да се земе предвид постоењето на
фантомската болка.
Доколку лекарот процени дека пациентот ќе биде
способен за одење со протеза , може да му се
препише имедијантна протеза
 Предности:
-се аплицира уште првиот месец и кај незарасната,
но сепак стабилна рана
-ја припрема чкунката за прием на трајно лежиште
-овозможува рано обучување на пациентот за
одење со протеза
-скратување на рехабилитациониот третман.
 Првиот контакт со оваа протеза е во разбој, не подолг

од 10 минути, со увежбување на рамнотежа и


чекорење со протеза во сагитална и фронтална
рамнина. Во почетокот е битно да пациентот да ја
контролира карлицата и да ја користи целата
површина на протетичко стопало при одот, а потоа с
епродолжува со обука одење во разбој, па се учи
одење со патерици.
 Протетичка фаза на рехабилитација:
Препишување на протеза и изработка на истата
Контраиндикации за поставување на протеза:
-возраст на пациентот
-ХБИ
-состојба на КВС и РС
-невролошки заболувања (Sclerosis multiplex,
M. Parkinson)
-состојби на одземеност, пример после ЦВИ
-неадекватна должина или форма на чкунка,
трофички промени на кожата на чкунката, големи
лузни, присуство на неуриноми, контрактури на
зглобовите
 Оваа фаза започнува кога чкунката е формирана со
конусовидна или цилиндрична форма, има добра
трофика и снага на мускулатурата на чкунката,
глутеалната, карличната и паравертебралната
мускулатура.
 Се разликуваат два основни принципи за изработка

на протези:
-егзоскелетен тип
-ендоскелетен тип
Делови на протезата:
-структурни-се изработуваат од индустриски
изработени полуготови елементи-модули
-механички-зглобовите и стопалата
-функционални и тоа:
 ЛЕЖИШТЕ- го спојува телото со протезата.
 Функции-
-ги притиска меките делови на чкунката и ја менува формата
-ја пренесува тежината на телото преку чкунката на подлогата
-во фаза на нишање на протетската нога обезбедува добра
задршка на протезата и го спречува слизнувањето на протезата во
чкунаката.
Услови што треба да ги исплони лежиштето:
-најмал притисок на местото каде постои проминенција на
коската
-да обезбеди статичка оптовареност
-да обезбеди биодинамичка подвижност на протезата
-да обезбеди доволно простор за непречена функција на
мускулите на чкунката
-да обезбеди сигурна задршка на протезата во фаза на нишање
на ногата
-да обезбеди непречена циркулација во чкунката
 Видови на лежишта:
◦ -квадрилатерално
 -попречно овално лежиште
 -надолжно овално лежиште
ОСНОВЕН УСЛОВ ЗА ДОБРО И ФУНКЦИОНАЛНО
ЛЕЖИШТЕ КАЈ НАДКОЛЕНИТЕ АМПУТАЦИИ Е ПОТПОЛН
КОНТАКТ НА ЧКУНКАТА И ЛЕЖИШТЕТО.

КОЛЕНСКА ЕДИНИЦА- функции:


-обезбедуваат подршка при поаѓање, апсорпција на удар,
при промени на тежината, промена на тежиштетопри поаќање,
забавување на подколеницата при крајот на флексијата
А) механички колена
Б) пневматски или хидраулични колена
В) хибридни колена
 СКОЧЕН ЗГЛОБ И СТОПАЛО-
Најчесто користени се нефункционален скочен зглоб со
ограничена подвижност и скочен зглоб со полна функција .
Протетското стопало треба да задоволува неколку услови:
-да е стабилно
-способно да се прилагодува на нерамни подлоги
-мала тежина
-едноставно сервисирање
-добра естетика
Најкористено стопало е од типот на “SACH”(solid ankle cushion
heel)-изработено од тврда еластична потплата од дрво или
пластика и еластична и мека пета.
 СУСПЕНЗИЈА- е со функција да го прицврсти
лежиштето на протезата за телото и е од големо
значење за контролирање на движењата на колкот.
Може да се оствари со лумбален појас кој
овозможува основни движења на флексија и
екстензија во колкот.
 Постпротетичка фаза

Пациентот со рехабилитацијата треба да е способен


за самозгрижување кое вклучува:
-ракување со протезата
-одржување на протезата
-одење со протезата
 Потребно е да се проанализираат и да се
евидентираат сите пропусти направени со
изработката на протезата и истите навреме да се
отстранат
 Се прави анализа на состојбата на чкунката, анализа

на протезата и анализа на одот-


-од назад, од напред и од страна при што
девијациите во одењето се синтетизираат во 4 групи:
1. медико-хируршки-мускулна слабост, контрактури
во колк, инфекции на коска, пореметена циркулација
2. Протетски причини- изработка на протезата
3. Неправилно ракување со протезата
4. Психолошко-социјални причини
 ПОСТОПЕРАТИВНИ ФАЗИ
-Фаза II- 3-14 ден
-вежбите до сега
-вежби за јакнење на M. quadriceps
-електростимулација на M. quadriceps
-интерферентни струи, магнетотерапија
-пасивна екстензија на коленото треба да е
потполна, со дозволен дефицит на активна екстензија
од 10 до 15̊
-активно-потпомогната флексија и тоа до 90̊
треба да се постигне до 2 недели после операција
-употреба на штаки и оптеретување на
оперираната нога до болка
 Фаза III- 2 -5 недела
-вежбите до сега
-зголемување на флексијата во коленото
-вежби за проприоцепција
-хидрокинезитерапија
-статички велосипед
-вежби во фитнес сала
 Фаза IV- 5-12 недела
-вежбите до сега
-вежби против отпор
-вежби за проприоцепција

You might also like