You are on page 1of 7

Деформитети на граден кош

Видови деформитети

 Pectus infundibuliforme или вдлабнат граден кош е деформација која најверојатно има конгенитално
потекло,а за стекнат деформитет сеуште не е прецизно јасна причината за негово настанување.
 Pectus carinatum се карактеризира со испакнување на градната коска, што се јавува како резултат на
абнормален и нееднаков раст на костурната 'рскавица што ги поврзува ребрата со градната коска.
Наместо да растат рамно по должината на ѕидот на градниот кош, 'рскавиците растат нанадвор
туркајќи го градниот кош напред
Најчесто се јавува поради нарушен метаболизам на калциум ( рахит )
Рехабилитација на деформитети на граден кош

 Како најчести стекнати деформитети на градниот кош се јавуваат pectus carinatus и pectur infundibuliforme .

 Pectus carinatum или познат како ,,кокошји гради’’ е деформитет кој најчесто настанува како последица на
рахитис.Слабоста на ребрата не може да се спротистави на респираторниот притисок на белите дробови и
абдоминалниот притисок поради што почнува да се криви.Као резултат на овој деформитет се јавува слаба
респираторна функција и чести инфекции заради отежнато проветрување на белите дробови.

 Лечењето и терапијата на оваа состојба се состојат од:лечење на основната болест(рахитис),спроведување на вежби


дишење,вежби за јакнење на паравертебралната мускулатура и меѓуребрената мускулатура,лежење на стомак и носење
на мидер со еластична пелота која врши притисок на градната коска.Во одредени случаеви се применуваат и одредени
хируршки техники за отстранување на овој деформитет доколку предходно биле компромитирани фунциите на
внатрешните органи.

 Pectus infundibuliforme или вдлабнат граден кош е деформација која најверојатно има конгенитално потекло,а за
стекнат деформитет сеуште не е прецизно јасна причината за негово настанување.

 Лечењето на овој дефект е конзервативно со примена на кинезитерапија со цел јакнење на паравертебралната и


меѓуребрената мускулатура,подобрување на белодобниот капацитет,подобрување на постурата и зголемување на
белодобната експанзија ,зголемување на еластичноста на ѕидовите на градниот кош.
Доколку респираторната функција е компромитирана се применува опертивен зафат за корекција на овој деформитет.
Лекување на пациенти со кокошкини гради

 Лекување на рахитисот
 Вежби за дишење
 Јакнење на мускулатура на рамениот појас, респираторна мускулатура и грбни
мускули
 Лежење во кревет на стомак
 Носење мидери со еластична пелота, која што врши притисок на градната коска
(период од 4 до 5 год.)
 Исто така овој проблем кај децата може да се реши со оперативен зафат (остеотомија
на градна коска)
Лекување и на пациенти со вдлабнати гради

 Кинезитерапијата има за цел извлекување на вдлабнатата коска, ова се постигнува со


активни вежби на мускулите на рамениот појас, предниот ѕид на градниот кош и
екстензори на трупот.
 Вежбите треба да се изведуваат на справи (рипстол,греди), вежби во лежечка
положба со реклинација
 За време на спиење треба да се обезбеди рамен кревет без перници.
 Респираторна кинезитерапија подразбира длабоко вдишување, задршување и бавно
издишување.
Изравотила
Елма Јаховиќ

You might also like