You are on page 1of 6

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј” - Скопје


Медицински факултет

Семинарска работа по предметот медицинска Биохемија

Дијабетес мелитус Тип 1 и Тип 2

1
Содржина :

1. Вовед
2. Етиологија на болеста
3. Типови на дијабет
4. Превенција

2
Вовед

Шеќерна болест или дијабетес е хронично системско пореметување


на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, односно трајно зголемување на
нивото на глукоза во крвта. Генерално е
условен од наследни фактори, а настанува
како последица на намалено излачување или
намалено биолошко дејство
на хормонот инсулин,
Шеќерната болест или Дијабетес мелитус
претставува хронична, односно доживотна
болест, што се одликува со нарушување,
пред сè, на метаболизмот на јаглехидратите,
но и на мастите и на протеините како и
специфични промени на крвните садови.
Дијабетесот денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки заболувања, со тенденција
на зголемен пораст (особено во развиените земји на светот).

Етиологија на болеста

Дијабетот е последица на модерниот


стил на живот и зголемениот број на
надворешни етиолошки
предизвикувачи, меѓу кои посебно се
издвојува претераниот вишок на
килограми. Шеќерната болест
најчесто се јавува во поодмината
животна возраст како последица на
општите дегенеративни и
склеротични промени во организмот
(кои го зафаќаат и панкреасот), а кај
младите лица може да настане поради
генетски пореметувања или
оштетувања на панкреасот кај

3
одредени заразни заболувања.
Гликозата преку крвотокот патува низ целиот организам, но таа не може да се употреби за
енергија од страна на клетките, додека не навлезе во нивната внатрешност. Инсулинот
преставува клуч кој што овозможува гликозата да навлезе преку sидот во внатрешноста на
клетките. Ако нема доволно инсулин гликозата ќе се натрупува во крвта, клетките нема да
имаат доволно енергија за нормална работа, а следствено на тоа се јавуваат низа на симптоми
кои укажуваат на болест.

Типови на шеќерна болест

Тип 1 дијабет ( инсулинозависен тип на дијабет).

Овој тип на шеќерна болест се јавува при тежок недостаток на инсулин, поради автоимуна
деструкција на повеќето или на сите клетки на панкреасот, кои лачат инсулин. За да може
пациентот да се одржи во живот, тој мора редовно и доживотно да прима инсулин, во вид
на поткожни инекции. Се јавува кај млади и слаби лица , најчесто кај деца .

Тип 2 дијабет ( инсулинонезависен тип


на дијабет).
Овој тип шеќерна болест се јавува кога
панкреасот сеуште излачува инсулин, но
во недоволна количина и/или излачениот
инсулин не ги дава очекуваните ефекти.
Во поголем број на случаи, нивото на
гликозата во крвта може да се намали
само со диета или и со диета и таблети,
иако понекогаш е потребно да се во
терапијата внесе и инсулин.
Овој тип на дијабет обично се јавува кај
возрасни и обезни лица и има наследна
компонента. Почетокот е постепен и
често болеста се открива случајно.
Предизвикува ретинопатија , нефропатија , миокарден инфаркт и невропатии .
Главните симптоми на нелекуваниот дијабет се зголемено и зачестено мочање, зголемена
жед, јадеж на гениталните органи, екстремна општа малаксаност и заматен вид.

4
Овие симптоми обично се поизразени кај инсулинозависниот тип на дијабет (тип 1
дијабет).

Гестациски дијабет

Гестациски дијабетес претставува посебен тип дијабетес, кој за


првпат се јавува во бременоста. Во бременоста хормоните од
плацентата ја блокираат активноста на инсулинот. д голема
важност е гестацискиот дијабет да се препознае и третира
најрано што е можно, за да се минимизира ризикот од
компликации кај бебето. Најголемиот број трудници со
гестациски дијабет немаат никакви забележливи знаци и
симптоми на болеста.

Превенција

На наследниот фактор тешко може да се влијае, Но се препорачува заради превенција или


спречување на напредокот на болеста, да се практикува здрав начин на живеење , со
одбрана храна, физичка активност и избегнување на стресни ситуации.

5
Општа патолошка физиологија – Проф. Др. Даниела Поп Ѓорчева
www.promedika.com.mk
www.wikipedia.com
www.acibademsistinababy.com.mk
Институт за јавно здравје на Р.С. Македонија – официјална веб страна

You might also like