You are on page 1of 1

Есеј

Тема:Треба ли зголемената телесна тежина да се смета за сериозен непријател за здравјето на


современиот човек?

Зголемената телесна тежина претставувa медицинска состојба на прекумерно


внесување на енергија од храна и масти, која поради недостиг на физичка активност или некои
други причини не се троши. Појавата на дебелината кај луѓето е сериозен проблем и таа се
јавува од различни причини. Некои од тие причини се: брз начин на живот, генетски причини,
психијатриски заболувања, недоволна активност, мрзеливост, прескокнување на оброци... И
сите овие причини можат сериозно да ја нарушат здравствената слика на личноста.

Така на пример дебелината ја зголемува веројатноста за добивање срцев удар, што се


добива како последица од зголемени масти и запушување на крвните садови. Голема е
веројатноста, луѓето што имаат зголемена телесна тежина да имаат дијабетис поради
зголемено количество на шеќер во крвта. Дебелината се јавува и како најголем непријател на
современиот човек кој е мрзелив за било каква физичка активност. Исто така, поради брзиот
начин на живот луѓето многу често ги прескокнуваат оброците што исто така доведува до
неправилна распределба на хранливите материи во организмот. Сè повеќе млади особено во
западните земји каде што се развиени синџири на ресторани за брза храна, како: Бургеркинг,
Мекдоналдс, КФЦ се подложни на брзо дебелеење. Од друга страна пак дебелеењето се
јавува и како резултат на исхрана добиена по вештачки пат, или ГМО храна. Како добри
пријатели на зголемувањето на телесната тежина се анксиозноста и депресијата како најчести
психички заболувања на денешницата. Поради анксиозност и депресијата многу млади но и
возрасни личности неможејќи да најдат решение за својте проблеми прекумерно јадат.
Единствената позитивна страна на дебелеењето е ако тоа е за цел да им помогне во
покачувањето килограми на луѓето кои страдаат од анорексија или оздравуваат од некоја
тешка болест или операција. Освен работите што ги на видовме како позитивна страна за
дебелеењето, сето останато поврзано со зголемувањето на телесната тежина има негативно
влијание врз човековиот живот.

Иако зголемената телесна тежина претставува проблем за животот на луѓето, сепак


постои решение за надминување на дебелеењето. Едно такво решение е правење диета
односно трошење повеќе хранливи материи отколку што внесуваме, друго решение е
зголемена физичка активност односно спортување и непрескокнување на дневните оброци. Со
овие решенија луѓето би ја намалиле својата телесна тежина и би ја подобриле својата
здравствена слика.

You might also like