You are on page 1of 3

Предмет МАСАЖА

Наставник Тања Тодорова

ДЕЈСТВО НА МАСАЖАТА ВРЗ КОЖА,МУСКУЛИ,ЗГЛОБОВИ,СВРЗНО


ТКИВО
Дејство врз кожата
1.Механичкото дејство
 подобрување на исхраната на кожата и нејзиниот
метаболизам;
 ги отстранува распадните продукти;
 ја олеснува и ја стимулира секрецијата и функцијата на
потните и на лојните жлезди;
 се отстрануваат насобраните и десквамирани епителни
клетки, секретот од потните и лојните жлезди и
присутните бактерии во кожата;
 порите на кожата остануваат отворени и кожата полесно
дише;
 настанува активна хиперемија (црвенило) се отвора
резервната капиларна мрежа, кожата станува
црвеникава, може да стане потопла;
 станува позатегната и поотпорна на надворешни
влијанија;
 со масажа се постигнува козметичко освежување на
кожата и на поткожното ткиво, се забавува стареењето.
2.Рефлексно дејство
 доаѓа до дразнење на голем број рецептори и се
активираат голем број рефлексни реакции;
 се стимулираат и активираат рефлексните Хедови зони;
 се ослободуваат ативни материи хистамин, серотонин,
брадикинин кои доведуваат до зголемена циркулација и
хиперемија.

1
Дејство на масажата врз мускулите
 се зголемува тонусот и еластичноста на мускулите,
нивната контрактилна способност;
 се забавува процесот на атрофија на мускулот, а влијае и
на подобрување на трофиката (исхраната) кај атрофични
мускули;
 ги опушта и ги истега мускулите, со што се намалува
напнатоста во нив;
 се стимулира циркулацијата на крвта во мускулите, се
активира резервната капиларна мрежа;
 се забрзува донесувањето на хранливи материи важни за
метаболизмот на мускулот, како што се кислород, гликоза
и белковини;
 забрзано отстранување на распадните продукти на
метаболизмот;
 поволно влијае кај лица кај кои се насобрала млечна
киселина во мускулот;
 влијае на намалување и исчезнување на заморот во
мускулот и намалување на болката;
 се намалува создавањето на фиброзно ткиво.
Се смета дека куса масажа од 3 до 5 минути побргу го
заздравува мускулот одошто пасивен одмор во траење од 10
до 20 минути.
Дејство на масажата врз зглобовите
 помага во ресорпција на отоци,
 подобрување на циркулацијата и исхраната,
 намалување на вкочанетоста во зглобот,
 зголемување на обемот на движења,
 намалување на болката,

2
 подобрување на трофиката на околните мускули, поради
што се користи по повреда и имобилизација на
зглобовите.
Дејство на масажата врз сврзното ткиво
Масажата на сврзното ткиво дејствува механички и рефлексно.
1. Механичкото дејство
 се кинат цврстите фиброзни влакна;
 се омекнуваат ткивата, се подобрува циркулцијата и се
зголемува количеството на вода во нив;
 се разбиваат стари и тврди лузни и атхезии, а доаѓа и до
намалување на болката.
2. Рефлексното дејство
 со масажа на одредена зона на сврзно ткиво се дејствува
врз функцијата на содветниот внатрешен орган.

You might also like