You are on page 1of 3

Предмет МАСАЖА

Наставник Тања Тодорова

МАЗНЕЊЕ
Мазнењето е ритмичко
рамномерно,бавно,непрекинато ,површинско во вид на
лизгање и благо притискање движење на рацете по кожата на
третираниот .
 најчесто применувана техника во сите фази и меѓуфази на
масажата;
 секоја масажа почнува и завршува со мазнење;
 може да е и единствена техника или во склоп на другите
техники(при преод од една во друга техника);
 се користи и за нанесување на средството за масажа;
Техника на мазнење
 Се изведува со дланките(цела шака или нејзин дел-корен на
шаката,тенар или хипотенар) ,јагодиците на палецот или
сите прсти,дорзална страна на прстите во зависност од
површината;
 Секогаш во правец на венската циркулација и лимфата од
периферијата(крајни делови на телото) кон
центарот(срцето);
 На почетокот притисокот е помал,а потоа се зголемува за на
крај да се намали;
 Враќањето во почетна положба се врши без прекин на
контактот со кожата;
 Ако се зголеми болката при мазнење притисокот треба да
се намали;
 Рацете треба да се опуштени,движењата ритмички,мирни
без нервозни и нагли движења.
Видови мазнење

1
1.Рамно или плоснато површинско мазнење
-прв контакт на масерот со третираното лице;
-благ притисок,нежно движење најчесто на поголема
површина(грб,цел екстремитет)-од прстите до рамото и
потпазувната регија каде се наоѓаат лимфните јазли;
-целта е припрема (загревање ) на масираниот дел за погруби
техники кои понекогаш се болни.
2.Рамно длабинско мазнење
-се применува поголем притисок за да се зафатат и подлабоките
слоеви на кожата-поткожното ткиво;
-има поголемо дејство на лимфната и на венската циркулација.
3.Опфатно мазнење
-се прави со дланката и прстите заедно при што регијата се
опфаќа меѓу палецот и останатите прсти или еден прст како
клешта;
-може да биде прекинато и непрекинато (со лизгање и со
прекини;
-тоа е подлабоко мазнење
4. Мазнење во вид на лепеза
-на почеток рацете се на средина на сегментот , се лизгаат нагоре
со благ притисок,рамномерно и без повлекување на кожата
нагоре и на крајот се шират лево и десно како лепеза.Потоа со
послаб притисок се враќаат по страните назад и на почетната
положба и се почнува нов круг.
5.Кружно мазнење- рацете се поставуваат паралелно на едната
страна на телото и наизменично со двете раце се прават кружни
движења(затворен цел круг)
6.Мазнење со палци-за помали површини

2
-палците се поставени еден покрај друг .Прво едниот палец лизга
нагоре на својата страна по што следи другиот палец на својата
страна и масажата продолжува со повторно со првиот палец над
регијата каде завршил претходниот палец.
7.Чешлање-со дорзалната страна на прстите кои се втиснуваат
како тап чешел
8.Гребенасто мазнење-со истакнатите делови на малите
зглобови на прстите ,раката свиткана во тупаница
9.Мачкино мазнење
-со многу лесни движења на едната рака надолу за смирувачко
дејство.Кога едната рака ќе го достигне крајот на третираната
регија другата рака се спушта на горниот дел од телото и ја следи
патеката на првата рака која сеподига и се пренесува до
почетната положба.
Дејство на мазнењето:
-забрзува венска и лимфна циркулација ;
-делува врз кожата и поткожното ткиво;
-помага при респорпција на отокот(се масира над отокот и многу
благо на отокот ) ;
-намалува болка,стрес,делува смирувачки;
-намалува напнатост на мускулите и ги смирува надразнетите
нерви.

You might also like