You are on page 1of 2

Предмет МАСАЖА

Наставник Тања Тодорова

ВИБРАЦИИ
Вибрации се масажна техника која се состои од брзи,
ситни, рамномерни, во вид на треперења кои се
изведуваат со еден или со неколку прсти или со цела
дланка, во зависност од површината која се масира.
Вибрации можат да се изведуваат
-со една или со двете раце ;
-надолжно или напречно;
-од 8 до 11 движења во секунда.
Во зависност од тоа дали масерот ги одвојува рацете
од кожата, се разликува:
- стабилна вибрација, која се применува на одделни
делови од телото, односно на болни точки;
- лабилна вибрација, која се применува на поголеми
регии и најчесто долж нервни стебла, од нивниот корен
кон периферијата.
Вибрациите не смеат да предизвикуваат болка.
Вибрациите се заморен фат за терапевтот, така што често
се прават со помош на електричен масажер.
Се применуваат главно
- за масажа долж нервно стебло,
-за масажа на болни точки.

1
- детонизирачко дејство -вибрации со фреквенција од 50
Hz
-Енергичните вибрации дејствуваат надразнувачки врз
нервниот систем, додека благите вибрации дејствуваат
смирувачки.
-намалување на заморот, намалување на болките при
невралгични состојби и намалување на едемот.
Кога се применува масирањето по Хедови зони, тогаш
може да влијае на сите делови од телото и органи преку
неврорефлексното дејство, така што влијае поволно на
функцијата на внатрешните органи
Индикации: болни точки кај миофиброзитис, долж
нервно стебло при болни состојби, невралгии.

You might also like