You are on page 1of 31

ПРАШОЦИ – Pulveres

Прашоците се препарати од цврсти лековити супстанци, дроги или препарати од


дроги, кои се уедначени и со пропишан степен на уситнетост, а се изработуваат со
или без додавање на одредени помошни средства.

Прашоците како фармацевтски облик на лек порано многу повеќе се користеле во


терапијата, но денес се повеќе се истиснуваат од таблетите кои како релативно
понови лековити препарати се попогодни за земање.

Се приготвуваат од една или повеќе лековити супстанци уситнети до одреден


степен на уситнетост. За да биде уситнувањето полесно изведено потребно е
растителните дроги и супстанците да бидат доволно суви.

Според степенот на уситнетост прашоците се поделени на:

-Pulvis grossus – крупен прашок, најголемите честици на овој вид прашок се


помали од 0.75мм. Најчесто се изработуваат од дроги кои служат за припремање
на некои препарати (тинктури, инфузи, декокти), како и прашоци за ветеринарна
употреба.

-Pulvis subtilis – полуситен прашок, најголемите честици се на овој вид прашок


се помали од 0.3мм. Се приготвуваат по пропис на изработката за
фармацевтскиот облик “pulveres”

-Pulvis subtillissimus – според нашата фармакопеа ова е најситниот вид на


прашок чии честици се до 0,15мм. До овој степен на уситнетост се доведуваат
сите оние прашоци кои се со јако дејство, а особено тритурираните прашоци на
пр. Atropini sulfas /Sacharosa

Според степенот на уситнетост, кај прашоци со дроги исто така можат да бидат
групирани во три групи:

- Дрога ruditer conciase – грубо сечена дрога и се просејува низ сито број 6.

- Дрога conciase – сечена дрога (сито број 3)

- Дрога mimitum conciase – фино сечена дрога (сито број 2)

Со уситнувањето на лековитата супстанца се постигнува полесна примена и


побрзо растварање и ресорпција, додека со уситнувањето на дрогите се
постигнува побрза екстракција на активните принципи и полесна примена ако се
тие пропишани како составни делови на фармацевтските препарати.
Pulvers- прашоци; поделба/ видови

- Pulveres mixti – прашоци кои што се изработуваат од повеќе лековити


супстанции, дроги или препарати од дроги, односно нивни смеси, па поради тоа се
нарекуваат и сложени прашоци.

Нивните честици се рамномерно измешани така да не можат да се разликуваат со


голо око. При изработка на овие прашоци потребно е секоја од составните
супстанции претходно да се просее низ соодветно сито. Исто така мерењето,
пулверизирањето и мешањето на супстанциите треба да се изведува така што
најпрво се мерат оние кои се пропишани во најмала колчина, а потоа постепено се
додаваат оние прашкасти супстанци кои се пропишани во поголеми количини.
Одстапување од ова правило е дозволено ако е во прашање некоја волуминозна
компонента која се додава исклучиво на крајот. Пулверизацијата и мешањето на
помали количини на прашоци во аптекарски услови се изведува во порцелански
тријалници (авани) со пистили, а во индустријата во специјални кутии за мешање.
Во зависност од количината на прашоците, мешањето трае 5 до 10 минути, а се
меша со кружно движење на пистилот од десно кон лево. Мешањето не смее да
се врши под поголем притисок бидејќи фино уситнетите честици би можеле да се
слепат. Во текот на мешањето потребно е повремено со картица да се симнуваат
наслагите од прашокот по ѕидовите на тријалникот со цел тој да биде подобро
хомогенизиран и подобро измешан. Исто така смеат да се мешаат само хемиски
неактивни супстанции, а никогаш оксиданси и редукциони средства заедно. Ако
при изработката е пропишано етерско масло тогаш тоа се додава на крај.

- Pulveres standardisati – прашоци изработени од дроги со јако дејство кои


содржат пропишана количина на лековита супстанца како на пример Pulvis opii кој
претставува 9,5-10,5% безводен морфиум. Ако не е поинаку пропишано, како
средство за дополнување се употребува лактоза или скроб.

- Pulveres stabilisati – тоа се прашоци кои се изработуваат од свежи билки во кои


со соодветни постапки се инактивирани присутните ензими а потоа билките се
сушат, ситнат и се мешаат.

 Според пакувањето и начинот на дозирање постојат следниве прашоци:

-Pulveres nondivisi

-Pulveres divisi (Dosipulveres) – поделени прашоци каде секое пакување


претставува по една доза која пациентот треба да ја земе;

 Според примената се делат на:

-Pulveres pro usum interno – прашоци за внатрешна употреба;


-Pulveres pro usum externo – прашоци за надворешна употреба;

 А како посебни облици на прашоци фармакопеата ги води:

-Triturationes

-Granulata

- Salia

-Pulveres proinjectiones

1. Pulveres nondivisi (неподелени прашоци) – Тоа се прашоци чија што


целокупна доза е дадена во едно пакување. Се изработуваат најчесто од
супстанции со слабо дејство, па затоа можат да се издаваат и во поголеми
количини при што пациентот може сам, според упатството да ја земе потребната
количина.Тие можат да бидат:

-за внатрешна употреба – се сретнуваат поретко и овие прашоци се даваат во


различни количини во зависност од дејството и намената. (На пример.Carbo
medicinalis, Bismuti subnitricum, сода бикарбона...).

-за надворешна употреба (Conspergentia):

а).Conspergentia или прашоци за посипување; тоа се препарати за надворешна


употреба, наменети за посипување на кожа, слузокожа или рани. Во облик на
Conspergentia се применуваат лекови кои треба да делуваат локално на
нанесеното место и тоа антисептици, адстригенси, средства против потење,
чешање како и средства кои ја помагаат епителизацијата. Се изработуваат како
ситни и хомогенизирани прашоци, со или без додаток на помошни средства. Мора
да се растресити заради нивно полесно нанесување, не смеат да ја дразнат
кожата или да ја менуваат pH на кожата и треба добро да впиваат секрети.

Како основа (конституенс) за приготвување на прашоците за посипување се


земаат супстанции од органско и неорганско потекло како на пример: талк, МgО,
ZnО, скробови, прашкасти дроги, соли на виши масни киселини и др. Во
Conspergentia се вбројуваат и медицинските лековити пудри. Во нивниот состав не
смее да има токсични и супстанции кои ја дразнат кожата, истите мора да бидат и
стерилни.

б.) Pulvis adiposus – масни пудри се посебен облик на пудри кои се користат со
цел да се намали адсорпцијата на прашкастите супстанци, а и да се задржат
подолго на нанесеното место. Се приготвуваат според општите прописи кои важат
за изработка на сложените прашоци. Како масна состојка се користат течен
парафин, бел вазелин, ланолин и друго. Се приготвуваат така што масната
материја најпрво се топи, а потоа постепено и се додава на прашкастата
супстанција со постојано мешање за да се добие едноличен прашок или пак
масната материја претходно се раствара во органски растворувач, потоа и се
додава на прашкастата супстанција, добро се хомогенизира и се меша се додека
не се добие хомоген прашок; тој пак се остава одредено време за да испари
растворувачот. Се издаваат во картонски кутии, изолирани најчесто со цератна
хартија.

Pulveres nondivisi се испитуваат на:

-изглед: -прашоците мораат да бидат еднолични и да не се разликуваат поеднини


делови или честици;

-стерилност - кај оние прашоци кај кои стерилноста е неопходна;

2. Pulveres divisi – поделени прашоци. Тоа се дозирани препарати, кои претежно


се применуваат перорално, а се ресорбираат во желудникот. По правило се
изработуваат со додавање на помошни лековити средства како еднолични
прашоци со тежина околу 0,5 грама. Смесата од лековитите и помошните
супстанции рамномерно се меша, се дели на одреден број помали прашоци кои се
полнат во кесички или капсули од бела, глатка или цератна хартија. Ако не е
поинаку пропишано како средство за дополнување се користи лактоза. Овие
прашоци се препишуваат по:

-Метода на диспензија - кога е пропишана количината од секоја супстанција за


само еден прашок, што значи дека сите количини се множат со бројот на
прашоците кои треба да се подготват (Dentur Tales Doses N XIII )

-Метода на дивизија - кога е дадена вкупната количина на сите супстанции и


потребно е таа да биде поделена на одреден број прашоци (Divide in doses
aequles XII -подели на 12 такви дози)

Нивната изработка бара големо внимание и одговорност за лековитите


супстанции да бидат подеднакво распрашени (диспергирани) во индиферентната
материја (која игра улога на конституенс) и за да може подоцна измешаните
компоненти да бидат еднакво застапени во пооделните прашоци кои треба да се
со подеднаква и пропишана тежина.

Се испитуваат на:

-изглед;

-тежина;
Се чуваат на суво место, заштитени од светлина.

-да се олесни изработката на фармацевтскиот препарат бидејќи се користи во


мали количини.

3.Triturationes – тритурации – се смеси од лековити супстанци или препарати од


дроги , по правило со јако дејство и со средство за дополнување. Се изработуваат
со пропишана концентрација во облик на прашоци или масти. Се користат
исклучиво за изработка на други препарати т.е. не се наменети за непосредна
употреба. Се изработуваат така што лековитата супстанција или препаратот од
дрога се мешаат. добро со средството за дополнување се додека не се добие
хомоген прашок, односно маст. Се изработуваат во концентрација од 1:10, 1:100,
1:10 000. Лековитата супстанција со јако дејство се меша најпрво со еднаква
количина од средството за дополнување, потоа се додава и останатиот дел но
најпрво онолкава количина колку што е првобитната добиена смеса, а потоа и
остатокот. Бидејќи се работи за препарати кои содржат супстанции со многу јако
дејство, при нивната изработка неопходна е посебна внимателност, бидејќи многу
мала количина на лекот треба да се диспергира/ влие во голема количина
средство за дополнување. Цврстите (лековитите) состојки потребно е да бидат
иситнети на пропишан начин.

Средствата за дополнување (конституенсите) мораат да бидат:

-индиферентни, ако се работи за прашоци и ако не е поинаку пропишано тоа е


најчесто лактоза.

-неутрални и безводни ако се работи за масти и ако не е поинаку пропишано тоа е


најчесто вазелин или безводен ланолин.

4.Granulata - гранули - тоа се лековити препарати за внатрешна употреба кои


можат да се земаат само како такви или пак растворени во некоја течност како
вода, чај, млеко и др. при што лесно се поднесуваат. Се ресорбираат во
желудникот или во цревата. Се изработуваат со влажна гранулација според
прописот за изработка на гранули. Според потребата, гранулите се обложуваат со
одговарачка, заштитна облога. Се изработваат со додавање на помошни
средства, во вид на зрнца во различен облик и големина. Ако не е пропишан друг
начин тогаш големината на зрнцата одговара на сито број 2. По просејувањето,
добиениот гранулат се суши на температура од 50-60 C O Сувиот гранулат потоа се
сее низ одговарачкото сито се со цел да се раздробат настанатите слепени
агрегати при сеењето. Се испитуваат на:

-изглед - зошто мораат да бидат со еднаква големина, не смеат да бидат


слепени.Обложените гранули мораат да бидат глатки и сјајни по површината
-распадливост т.е. растворливост во вода, желудочен или цревен сок.

Гранулите претставуваат такви облици на лекови кај кои лековитата супстанца не


е дозирана како поединечна доза па затоа се земаат со лажичка или на врв од
нож.Предноста на гранулите над другите прашкасти препарати е во тоа што лесно
се земаат. Лековитите супстанции се постабилни, лесно им се корегира мирисот и
вкусот при изработката, со обложувањето се условува местото на нивното
растворање/разложување со што се зголемува стабилноста на лекот и др. Во вид
на гранули најчесто се земаат лекови кои имаат непријатен мирис и вкус па со
нивно обложување тоа се корегира. Се пакуваат во шишенца со широко грло или
во кутии од соодветен материал.

5.Salia - солите се посебна група на прашоци кои се приготвуваат како шумливи


соли добиени со мешање на органски киселини со алкални или земно-алкални
бикарбонати, со или без додаток на лековити супстанции. Со растварање
ослободуваат големо количество на јаглерод диоксид кој покрај тоа што го
поправа вкусот на лекот, делува и антиеметично.

6.Pulveres proinjectiones - прашоци за инјекции. Овие прашоци се употребуваат


за припремање на инјекциони раствори или суспензии. Се состојат од лековити
супстанции кон кои се додадени и средства за изотонизација, стабилизација,
пуферизација и слично. Нивната изработка бара големо внимание и мора да се
припремаат под СТЕРИЛНИ УСЛОВИ. Се пакуваат во стерилни флакони на кои
мора да биде означена количината на лековитите супстанции како и датата кога е
извршено испитувањето на стерилноста.

На чувањето на прашоците мора да се посвети особено внимание. Материите од


кои тие се припремаат може да се со различен степен на иситнетост како и од
растително, животинско, синтетичко и минерално потекло.Сите овие се на еден
или друг начин подложни на расипување. Прашоците од растително потекло
многу лесно привлекуваат влага. Прашоците пак кои содржат ароматични материи
по долго стоење лесно ги губат истите. Разни надворешни фактори како влага,
светлина, воздх штетно влијаат на многу иситнети супстанции. Хигроскопните
привлекуваат влага; затоа се чуваат во добро затворени садови заштитени од
светлост, кога е потребно и над средство за сушење.

ТАБЛЕТИ (Tabletae, Compressi)


Таблетите се цврсти лековити препарати кои содржат поединечно дозирани
активни принципи, а се изработуваат со компримирање (под притисок) на
кристално уситнети прашоци или гранули.

Тие се изработуваат како цврсти,најчесто округли плочки со рапава или испакната


површина и остри или рамномерно заоблени на краевите. Можат да бидат овални,
цилиндрични, издолжени или триаглести. Таблетите можат да бидат
обложени(глазирани) или изработени во повеќе слоеви. Името таблети потекнува
од латинскиот збор tabula што значи плоча и compressus – од comprima, pressi,
pressum – притискање. Таблетите се добиваат со притискање (компресија) и
поради тоа се викаат и компреси. Денес таблетите се изработуваат само
индустриски, за разлика од порано кога се изработувале во аптекарски
лаборатории со помош на рачни или електрични машини за таблетирење
наречени таблетерки.

Со помош на различни средства кои се додаваат може да се постигне брзо


дејство и брзо распагање уште во устата или распаѓање во желудникот и црева.

Таблетите по потреба можат да се обложуваат(дражираат) со средства кои


успешно прикриваат непријатен мирис и вкус на лекот кој се зема.

Можат да се изработуваат во различни големини што овозможува успешно


дозирање на лекот од слабо до најјако фармаколошко дејство.

ПРЕДНОСТИ НА ТАБЛЕТИТЕ

Широката примена на таблетите можеме да ја објасниме со низа предности кои ги


поседува овој фармацевтски облик :

-лесно се земаат

-лесно се чуваат и транспортираат

-лекот е точно дозиран,

-може лесно да се прикрие непријатниот мирис и вкус на лекот

-инкопатибилните супстанци можат да се комбинираат

-со начинот на изработка може да се одреди местото на ресорпција на лекот и да


се постигне подолготрајно делување.

- Точно дозирање на активниот принцип


- Стабилни се и во поглед на хемизмот на супстанциите и во поглед на
физиолошката активност на истото. За разлика од другиот препарат се одржуваат
физичките карактеристики на обликот во подолг временски период непроменети.

- Едноставна апликација, а кај таблетите за џвакање е постигнато


поедноставување.

ПОМОШНИ СРЕДСТВА (ЕКСЦИПИЕНСИ) ЗА ИЗРАБОТКА НА ТАБЛЕТИ

Услови кои треба да ги исполнуваат помошните средства за таблети за да се


користат како ексципиенси и нивна припрема :

1. Секоја компонента мора да биде униформно дистрибуирање во масата за


таблети и да биде избегната секаква можност од разделување на масата.

2. Смесата да има добри проточни особини( кај прашоци)

3. Смесата едноставно да се компримира т.е. да биде кохезивна, да има одреден


% на влажност, да не биде ни пресува ни превлажна бидејќи ќе се создадат
проблеми при приготвувањето на таблетите, а веќе приготвените таблети можат
да се раслојат.

Затоа е важен правилен избор на сите помошни супстанции кои ќе овозможат


поволни биофармацевтски својства на табелтите. Сите влезни суровини мора да
имаат секогаш ист квалитет. Треба да ни е позната големината на честици, % на
влага, а не само хемискиот состав. Во текот на изработката треба да се избегне
микробиолошка контаминација внимавајќи на внесените ингридиенти и на
производствениот процес.

Изборот на помошните средства зависи од повеќе фактори како што се:

- количината на лековитите супстанции,

- нивните физички и хемиски својства,

- како и целта во терапијата која сакаме да ја постигнеме со одреден вид на


таблети.

Помошните средства употребени во одредени количини мора да бидат


физиолошки индиферентни, нетоксични, хемиски стабилни и компатибилни со
лековитата супстанца. Помошните средства за изработка на таблети спаѓаат во
повеќе групи:

- средства за дополнување

- средства за апсорпција
- средства за врзување

- средства за бабрење

- средства за лизгање

- средства за обложување

- средства за боење

- средства за полирање

 Средства за дополнување - се додаваат кога е пропишана мала количина


на активните супстанци, затоа што најмала дозволена тежина на таблетите
е 0,1 гр. Како средства за дополнување -полнители (дилуенси) кои се
додаваат се:

-скробови

-шеќери

-шеќерни алкохоли

-целулоза и нејзини деривати

-неоргански материи

Најчесто користени полнители се:

Лактоза:

Растворлива во вода, стабилна на високи температури што е особено важно.


Компатибилна е со голем број лековити супстанци.

Сахароза:

Дисахарид, покажува кохезивни особини. При влажна гранулација значително го


помага врзувањето.Лесно е растворлива и хигроскопна. Во допир со кисели
супстанции потемнува.

Шеќерни алкохоли( сорбитол и манитол )

Во главно се користат кај таблетите за орална примена.

Сорбитолот е многу хигроскопен и во поедини случаи може при големо влажнење


да дојде до негово втечнување.
Манитолот е многу подобро компресибилен.

Скробови:

Полисахариди со висока молекуларна маса. Слабо се компресибилни и често се


користат нивни модификации како парцијално хидролизиран скроб, Nа-
карбоксиметилскроб и др.

Целулоза:

Како таква ретко се користи како полнител (нерастворлива е , а може и да ја


адсорбира лековитата супстанца.

NaCl:

Добро е растворлив. Често се користи за таблети кои треба бистро да се


раствараат пр. (Хиподермални таблети, а може и да се модифицира
изотоничноста).

Микрокристална целулоза:

Има изразито пластични особини, доста порозни честици и ги има во повеќе


видови зависно од содржината на влага и големината на честиците. Кај
нискодозажните препарати може да се користи за директно компримирање, а ја
помага и самата дезинтеграција.

 Средства за апсорпција - се додаваат кога таблетната маса содржи течни


компоненти. Како средства за апсорпција се користат: сахароза, магнезиум
оксид, калциум фосфат.

Средства за врзување се додаваат на масата за таблетирање за да ја пренесат во


гранулатот притоа да овозможат рамномерно протекување и така да ги направат
компресибилни таблетите . Имено најчесто во составот на таблетната маса се
наоѓаат прашоци со различна специфична тежина, што го отежнува
таблетирањето.Затоа за да би се добил гранулат со еднолична структура,им се
додаваат суви или растворени средства за врзување.Со додавање се слепуваат
честиците со различен степен на уситнетост, а подоцна со преминување низ
одредено сито се добива соодветен гранулат.Во фармацевтската индустрија се
додаваат најчесто 1-5% топол р-р на желатина или 5-10% р-р на скроб. Се
внимава многу на концентрација бидејќи со зголемување на концентрација на
средството за врзување многу се променува растворливоста на активниот
принцип (некогаш до неколку часа).

Како средства за врзување се користат:

- скроб, желатин, агар, сахароза, гликоза, арапска гума, полиетиленгликоли,


поливинилпиролидон и др.

Шеќери: сахароза, декстроза, глукоза, лактоза. Имаат добри адхезивни особини и


како раствори или суви супстанции. Се внимава да не ја превлажнат масата
бидејќи се многу растворливи.

Скроб: добро врзивно средство. Се користи 10 – 20 % воден раствор (т.н скробно


лепило). Се комбинира со желатина за зголемување на адхезивноста.

Желатина: се користи 5 – 10 % воден раствор, а се спрема со претходно бабрење


во ладна вода и понатамошно загревање. .

Трагаканта и акација: треба да се особено чисти и се подложни на бактериска


контаминација.

ПВП(поливинилпиролидон): може да се користи воден и алкохолен раствор или


раствор во водено алкохолна смеса. Можеме да користиме супстанции осетливи
на присуство на влага.

 Средства за лизгање се супстанции кои овозможуваат лизгање односно


протекување на прашоци и гранули, правилно полнење на матрицата и
спречување на внатрешно триење, овозможуваат лесно излегување на
готовите таблети од матрицата, спречуваат слепување на прашоците и
гранулите за ѕидовите на клипот и матрицата. Како средства за лизгање се
користат :

- талк, стеаринска киселина, магнезиум стеарат, калциум стеарат,


течен парафин, какаово масло.

Посебна група на средства за лизгање претставуваат лубриканси и


антиатхезиви кои спречуваат триење помеѓу внатрешните ѕидови на
матрицата и ѕидовите на таблетите како и помеѓу клиповите и ѕидовите на
матрицата и овозможуваат лесно излегување на готовите таблети од
матрицата.

Нерастворливи лубриканси:
-Стеаратите се одлични средства за лубрикација, но се слаби средства за
лизгање. Треба да се внимава на инкомпатибилии со кисели супстанции

-Течните парафини се користат но поретко поради потешко инкорпорирање во


масата за таблетирање.

-Талкот понекогаш се користи како лубриканс иако поизразени се неговите


особини како лизгач.

Се внимава на редоследот на додавање на лубрикансот и дезинтеграторот. Се


додаваат секвенционално со првично додавање на дезинтегратори. Ако се
додаваат заедно се намалуваат ефектите или на дезинтеграторот или на
лубрикансот.

Растворливи лубриканси:

Овозможуваат добар проток поради намалување на силите на триење на


честиците на гранулатот и овозможуваат правилно полнење на матриците.Ако не
се додаде лизгач масата нема да има добар проток, нема добро да се полнат
матриците што има последица од неправилно дозирање.Како добри лизгачи се
користат скроб,особено оној со покрупни честички(компиров, пченкарен)

Талкот е еден од најкористените лизгачи, а претставува и антиадхерентно


средство. Често се комбинира со скроб бидејќи на тој начин си ги дополнуваат
своите дејства.

И за лизгачите е битен

- -степенот на уситнетост

- -време на мешање на лизгачот со гранулатот пред таблетирање

 Средства за распаѓање (Дезинтегранси)се супстанции кои доведуваат до


распаѓање на таблетите во вода или нивно распаѓање под влијание на
дигестивните сокови. Средствата за распаѓање се додаваат на таблетната
маса за да се овозможи побрзо ослободување на лековитите супстанци од
таблетите после примената.

Како средства за распаѓање се употребуваат супстанции кои во вода бабрат.

Дезинтеграторите се делат во повеќе групи:

1.Дезинтегратори кои делуваат преку капиларен ефект

-Авицел
-смоли, т.е.катјонски изменувачи

-Скроб

2.Дезинтегратори кои бабрат

-Растворливи деривати на целулоза

-Деривати на скроб –Примогел (Nа- сол на скробгликолат т.е. претат, Nа-


карбоксиметилскроб), алгинска киселина- Nа алгинат

-одредени гуми: агар, трагаканта,

-ПВП и полисахариди

3.Дезинтегратори кои ослободуваат гас

4.Дезинтегратори кои се растопуваат на телесна температура

5.Ензими

-Протеази, инвертази, целулази

 Од Средства за бабрење се пропишани:

- скроб, агар, алгинати, желатин, бентонит, аерофил, деривати на целулоза и


др.

Се додаваат на таблетната содржина за да таблетите за одредено и најповолно


време се распаднат во вода или во желудечен сок.Со бабрење таблетата се
распаѓа а со самото тоа се ослободува лековитата супстанца од таблетата.

На брзината на распаѓање влијаат и други фактори како што се:

-големината на гранулатот,физичко- хемиски својства на останатите помошни


материи во таблетата,количината на материјата за врзување,содржината на
вода,формата,големината,притисокот при кој биле таблетирани.Од брзината на
распаѓање зависи и брзината на дејство на лекот.

 Како средство за обложување на таблетите се користи концентрирана


сахароза,калциум карбонат,какао путер,калциум фосфат, смеса од
сахароза и талк, р-р од полиетилен гликоли и др. Обложувањето се врши
поради корекција на вкус и мирис, што овозможуваат лесно внесување на
лекот, заштита од надворешни влијанија, но истотака се контролира
распадливоста на таблетата во одредени делови на дигестивниот тракт.
(пр:во тенкото црево).

 Како средства за полирање се користат: восок,смеса од восок и парафин


како и полиетилен гликоли.Се додаваат поради постигнување на поголем
сјај и поубав изглед.

 Бои

Имаат естетска функција. Често пациентите по бојата и ги разликуваат


теблетите.Во индустријата постојат шеми за користењето на бои со цел снаоѓање
во производството.

Се користат пастелни бои. Ги има природни,синтетски, и растворливи и


нерастворливи во вода. Најчесто се користат пигменти кои се најчесто на носач и
се означуваат како лакови. Носач е Al(OH) 3. Можат да се инкорпорираат директно
во масата за таблетирање со претходно диспергирање со одредено количество на
скроб.

Често бoите се додаваат со средство за врзување заедно или како суви да се


помешаат со полнителите.

Ако се работи за фотосензибилни супстанции се додаваат и УВ


адсорбери(салицилна, гална киселина,ПАБА и слично ).

Лаковите се едни од поновите средства за боење, а поради тешкотии со


употребата на растворливи бои кои доведуваат до создавање на ‘пегави’ таблети
ги истисна нив од употребата.

ВИДОВИ ТАБЛЕТИ

Разликуваме различни видови таблети во зависност од тоа каде се аплицираат и


тоа:

-Tabletae perorales

-Lingualettae

-Oriblettae

- Solublettae

- Vaginalettae
1. Tabletae perorales (Tabletae (stomachales) perorales)- тие служат за интерна
употреба на лекот по перорален пат.Се добиваат со компресија(притискање),па
затоа уште се нарекуваат Compressi perorales. Се распаѓаат и ресорбираат во
дигестивниот тракт.Овде спаѓаат:

-необложени таблети

-обложени таблети

-ефервесцентни

-дисперзибилни

-гастрорезистентни таблети

-таблети со модифицирано ослободување

2.Lingualettae ( Tablettae sublinquale – resorblettae) се таблети кои мора да се


ресорбираат во усната празнина.Тие се мали, округли,цврсти плочки со рамна или
испакната површина, без остри ивици со тежина од
0,1 до 0,15 грама и содржат точно определена
количина на лековита супстанца. Се аплицираат
така што се ставаат под јазик, а мораат да се
распаднат во рок од 5 до 30 минути.Со лингвалети
се дозираат различни супстанци обично средства
кои треба брзо да делуваат при различни акутни напади како на
пр.вазодилататори, антиастматици и слично. Истотака со лингвалети се
аплицираат и супстанции кои се разоруваат во цревата или желудникот. Се
изработуваат со помошни средства кои мораат да бидат растворливи во вода.

3.Оriblettae ( Tablettae oralis – pastillae – lozenge –


trochici)- тоа се таблети кои се наменети за лекување
на слузокожата на грлото и устата.Најчесто се
изработуваат со антисептици, благи дезинфициенси,
локални анестетици, антибиотици и експекторанси.

Се изработуваат со силна компресија на лековитата


супстанца и на помошните материи, но во нив не се додаваат средства за
распаѓање и средства за бабрење. На тој начин се постигнува подолготрајно
делување на лековитата супстанца односно истата постепено се р-ра во устата и
се отпушта од ориблетата. Ориблетите мора да бидат така обликувани да не
предизвикуваат саливација, и не им се додаваат средства за корегирање на
вкусот, како ни средства за распаѓање.

4.Solublettae - се цврсти или кружни плочки наменети за изработка на раствор за


надворешна употреба. Во вода треба да се растворат за максимум 10 минути. Со
р-рање на солублетите пациентот сам по потреба подготвува раствор за облоги за
испирање, дезинфекција и др.За да не се случи грешка овие таблети мораат да
имаат соодветни ознаки за надворешна употреба(црвена боја) а оние кои се
изработуваат од супстанци со јако и многу јако дејство (јаки отрови означени се со
++) тогаш таблетите мора да се изработуваат со пропишана интензивна сина боја,
а р-рот го бојат интензивно сино. Доколку содржат јаки отрови се издаваат
завиткани во црна хартија на која е втисната мртовечка глава, зборчето *отров* ,
името и количината на лекот.

5.Vaginalettae - се таблети кои се наменети за лекување на вагиналната


слузокожа и имаат локално дејство. Мораат постепено да се раствораат во
вагиналниот секрет. Можат да бидат со различен облик: овални, јајцести,
стапчести, без остри ивици. Од активни супстанци содржат:

-антисептици, антибиотици, антимикотици, сулфонамиди, локални контрацептиви


и др.Овој вид на таблети може да се користи за изработка на раствор за
гинеколошки потреби и тогаш се нарекуваат Iratablettae.

ОБЛОЖЕНИ ТАБЛЕТИ (Tablettae obducatae )

Со обложување на таблетите се постигнува заштита на лекот од штетни


надворешни фактори, покривање на непријатен мирис и вкус на лекот, се
овозможува полесно голтање, таблетите имаат поубав изглед и може да се
одреди местото на ресорпција на лекот.

Според видовите на обложувачи разликуваме три вида на обложени таблети:

-Дражеи( таблети обложени со шеќер)

-Филм таблети

-Ентеросолвентни таблети

Како средства за обложување на таблетите се пропишани: концентриран раствор


на сахароза, талк, CaCO3, Ca3(PO3), какаово масло, полиетилен гликол, арапска
гума, метил целулоза, целулозаацетатфталат и др.
ДРАЖЕИ

Дражеи се таблети обложени со шеќер. Технолошката постапка бара големо


искуство, долго трае, тешка е, и се заснова во
голема мера на емпирии. Овој процес се изведува во
бубањ за дражирање изработен од индиферентен
материјал, а самото дражирање претставува
всушност нанесување на повеќе слоеви сируп на
цврстите јадра на дражеи кои се со биконвексен
облик. Таквиот облик овозможува полесно
реагирање во бубањот, еднолично нанесување на
слоевите, а оневозможува меѓусебно слепување на дражеите. Пред да се
пристапи на дражеите од таблетите треба да се отстранат прашкастите честици
т.е. се врши отстранување на јадрото. Дражирањето се состои од повеќе фази:

-Покривање

-Привлекување

-Боење

-Глазирање

-Полирање

ФИЛМ ТАБЛЕТИ

Тоа се обложени таблети со многу тенка обвивка од природно или синтетско


потекло.Дебелината на овој филм е многу мала околу 100 микрометри што значи
дека филм таблетите минимално ја
зголемуваат својата тежина се до 5% и
побрзо се распаѓаат од дражеите. Филм
облогите ги штитат таблетите од
надворешни влијанија, го прекриваат
непријатниот мирис и вкус на лекот и им
даваат убав изглед и сјај на таблетите. За
обложување на таблетите со филм кој ќе се
раствори во желудочниот сок се
употребуваат целулозни естри, поливинилпиролидон и полиетилен гликоли.
ЕНТЕРОСОЛВЕНТНИ ФИЛМ- ТАБЛЕТИ се обложуваат со супстанции кои не се
раствораат во желудочниот сок, а се раствораат во алкалната средина на
цревниот сок. За обложување на ентеросолвентни филм таблети се користат
целулозаацетатфталат, зеин, естри на метакрилна киселина и др.

Постапката за изработка на филм таблетите е сличен со постапката а дражирање


само што трае многу кратко и изработката е едноставна. Филмување на таблетите
може да се изведе со Њурстеровата метода во струја на топлиот воздух.

За да се зголеми еластичноста на филмот се додаваат пластификатори како што


се: рицинусово масло, глицерол и др. А како растворувачи се користат етанол,
метанол, изопропил алкохол,хлороформ и др. Растворите за филмување можат
по потреба да се обојат, ароматизираат и засладат.

ТЕХНОЛОШКИ ПОСТАПКИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ТАБЛЕТИ

Таблетите према прописот се изработуваат со компресија на лековитите


супстанци кои претходно се технолошки обработени.

Таблетите можат да се изработуваат со компримирање на крупно пулверизиран


или фин прашок, или од гранули па според тоа се користат два начина на
компримирање, директно компримирање и компримирање на гранули.Таблетите
најчесто се изработуваат со компримирање на гранули,бидејќи е мал бројот на
лековити супстанци кои можат директно да се компримираат без додавање на
помошни лековити средства(антипирин, натриум бикарбонат, натриум хлорид и
др)

За технолошката обработка односно припремањето на прашоците и гранулите


потребно е големо знаење на својствата на лековитите супстанци како и
својствата на помошните лековити супстанци кои треба да се додадат за да се
добие бараниот гранулат, од кого со понатамошно компримирање ќе можат да се
добијат таблети со бараниот облик, големина и квалитет.Помошните лековити
супстанци мораат да бидат компатибилни со лековитите супстанци да бидат
хемиски стабилни и да бидат физиолошки индиферентни.

Помошните лековити средства кои се додаваат при изработка на таблетите


можат да бидат додадени за : дополнување, адсорпција, врзување, бабрење,
лизгање, корекција на вкус, обложување, полирање ,заштита и боење.
Технолошката постапка за изработка на таблети се состои од низа операции како
што се: сушење, мерење, уситнување, хомогенизирање, агломерација,
поресување, компримирање, обложување и полирање.

Гранулирање

За припрема на гранулатот потребно е извршување на одредени фармацевтски


операции:уситнување, мерење, мешање, сеење, сушење, влажнење,
гранулирање, дробење.Ова се многу значајни операции во технолошкиот процес
на изработка на таблети.

Од течности во процесот на гранулирање најчесто се користи вода , смеса од


вода и етанол, вода етанол и етер ,и др. Потоа уште влажна масата се просејува
низ сито.Впиениот гранулат се суши на воздушна струја најчесто загреан воздух
до 60 целзиусови степени или пак на собна температура.После сушењето
гранулатите повторно се просејуваат низ сито како ситните прашкасти супстанци
би се одстраниле, бидејќи тие неповолно делуваат на процесот на компримирање,
така да не се добиваат таблети со добар квалитет.Во пракса најчесто се
применува така наречено парцијално гранулирање кога се работи со лековити
супстанци во мали количини, како и супстанци осетливи на влага или на повисока
температура.Тогаш на претходно припремениот гранулат се додава постепено
лековитата супстанца.Во тој случај не е загарантирано точно дозирање на
лек.супс.,бидејќи лековитата супстанца не е рамномерно распоредена по целата
маса поради различната уситнетост и специфична тежина.

Процесот на гранулирање започнува со мешање на лековитите супстанции со


средства за дополнување по принципот на мешање на сложени прашоци. Смесата
по потреба се сее, се овлажнува рамномерно со средството за врзување така да
се добие влажна маса, со протерување низ пропишано сито се формира
гранулатот. Во процесот на гранулирање мора да се води сметка да сите
компоненти да добро се измешаат, да се изврши и добра дистрибуција на лекот со
што се овозможува точно дозирање на лекот.

Додавањето на растворот кој служи како врзивно средство мора да се изведува


постепено за да масата не стане премногу влажна и постојано да се меша се
додека се добие маса која ќе може да се гранулира. Вака припремената маса се
протерува низ сито 2 или 0,75. Потоа гранулатот се суши, ако е помала количина
се суши на хартија во тенок слој, а за големи потреби во специјални уреди. Еден
од современите начини на сушење на гранулатот се изведува со флуидизирање.
При ова сушење гранулатот е суспендиран во струјата на топлиот воздух и е во
постојано движење. Сушењето е многу побрзо од класично сушење во тацни и
контролата на температурата е подобра. За да големините на честиците на
осушениот гранулат се изедначат гранулатот повторно се просејува низ сито. Од
големината на гранулатот зависи рамномерно полнење на матрицата, точното
дозирање и др. По сеењето на гранулатот се додава средство за лизгање во
облик на фин прашок. Додавањето се врши со благо мешање како средството за
лизгање би ја обложило секоја гранула.

Парцијално гранулирање се користи кај лековитите супстанции кои се осетливи на


присуство на влага или се пропишани во многу мала количина. Оваа постапка се
изведува така што прашкастата лековита супстанца се меша со гранулатот
подготвен од средството за дополнување (granulatum simplex). Мешањето на
прашкастите лековити супстанции и гранулатот треба да се врши внимателно за
да не дојде до неточно дозирање. Со парцијално гранулирање се изработуваат
таблетите од дигиталис.

Процесот на изработка на таблети го делиме на две основни методи и тоа:

1. Сува метода - опфаќа директно компримирање на гранули добиени со сува


гранулација (брикетирање).

2. Влажна метода - опфаќа методи на влажна гранулација како и некои


посебни постапки за изработка

Директно компримирање - изработката на таблетите со директно компримирање


на фино кристални прашоци претставува многу погодна метода како од економски
аспект така и во погледот на брзината на изработката. Со директна компресија
може да се таблетираат асприн, уретан, салол, амониум хлорид, натриум хлорид,
бромиди на алкални метали, калиум хлорид, калиум перманганат, натриум
тиосулфат и др. Овие супстанции имаат погодна кристална структура која
овозможува директно таблетирање. Со директно компримирање се скратува
времето потребно за изработка што се одразува на цената на чинење. Таблетите
изработени со директна компресија лесно се распаѓаат што е многу важно
гледано од биофармацевтскиот аспект за брзината на отпуштање на активните
принципи од таблетите. Технолошката постапка за директно таблетирање
усовршена е со додавање на одредени средства за дополнување кои се посебно
обработени така да се многу компресибилни и за таа цел најчесто се користи
микрокристална целулоза, лактоза сушена со распрашување, калциум фосфат -
дихидрат, манитол, сорбитол и др.

Суво гранулирање (брикетирање) Суво гранулирање се користи при изработка на


таблети со лековити супстанции кои се осетливи на присуство на влага, на
повисока температура во текот на сушењето и кога се
сака да се изработи таблета со мал волумен. Таблетите
мораат да имаат одредена цврстина.Цврстината зависи
од добро избрани помошни средства како и средства за
врзување, како и од притисокот со чија помош масата се
компримира Гранулирање со сува постапка се изведува
така што под голем притисок се компримираат
прашкастите супстанции во големите таблети - брикети.
Добиените брикети се уситнуваат со кршење во
специјални машини (гранулар машини), потоа се сеат и
на тој начин се добива гранулат кој одговара на
големината на честиците. Кон добиениот гранулат се
додаваат средства за распаѓање и лизгање и потоа се
врши компримирање во таблетите. Затоа што при оваа
постапка не се користи вода можно е комбинирање на супстанции кои во
присуство на вода се инкопатибилни.

Квалитетот на таблетите зависи од гранулатот и применетиот притисок.Ако


притисокот е голем тогаш таблетите се многу цврсти, но ако е мал тогаш
таблетите се меки и лесно се дробат.

Влажно гранулирање се изведува со додавање на раствор кој служи како врзивно


средство или некој растворувач кој се распоредува по површината на честиците
на прашокот. Така се постигнува потребната кохезивност за изработка на лесно
протекувачки и компресибилен гранулат. Со процесот на гранулирање на
прашкастите супстанции го менуваме степенот на уситнетост така што од ситни
честици со голема слободна површина добиваме големи честици со мала
слободна површина со што ги исклучиваме неповолните особини на ситните
честици при таблетирање. Добиениот гранулат има подобри посипувачки и
лизгачки класични својства.

Точноста на дозирањето е многу важна во процесот на изработка на


таблети.Неточно дозирање се јавува кога во масата има малку средства за
лизгање, ако гранулатот не е едоличен со многу прашок и ако таблетирањето се
одвива со многу голема брзина.
Одстранување на овие недостатоци обезбедува точно дозирање на
таблетите.

МАШИНИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ТАБЛЕТИ

За изработка на таблети се користат различни машини во одделни фази на


обработка: различни мешалки за прашоци, машини за гранулирање, сушење и
специјални машини за таблетирање. Ако таблетите се изработуваат во мали
количини се користи: триалник со пистил, сито и рачна машина за таблетирање.

Машините за таблетирање по принципот на нивната изработка се делат на:

- ексцентрични машини

- ротациони машини

Овие два типа на машини за таблетирање се состојат од најважни делови како


што се левак за полнење на масата во матрица, една или повеќе матрици, горен и
долен клип, уред за регулирање на волуменот на полнење, уред за регулирање на
притисокот на компресија, уред за подигнување на клиповите, уред за сместување
на готови таблети и основа за матрица.

Кај ексцентричните машини за изработка на таблети се подигнува левакот во кој


се става гранулатот а матриците се недвижечки. Местење на горниот и долниот
клип се врши со длабинско внесување на гранулатот а со тоа и големината на
таблетите. Кај сите машини притисокот се пренесува со горниот клип и
таблетирањето се изведува со удирање на горниот клип, поради тоа долната
страна на таблетите е цврста. Овие машини денеска ретко се користат бидејќи се
со мал капацитет.

Ротационите машини се состојат од ротационен диск на кој се распоредени голем


број на матрици додека лековите за полнење се недвижечки. Притисокот
рамномерно се пренесува преку горниот и долниот клип на таблетата. Овие
машини имаат голем капацитет.
КАПСУЛИ (CAPSULAE)

Капсулите потекнуваат од минатиот век. Прво биле пронајдени еднотелните


капсули од страна на француски научници а потоа и двотелните од страна на
англиските научници.

Лековитите капсули се дозирани препарати на лекови кои се наменети за орална


примена, а се ресорбираат во желудникот или во цревата. Истите се поделени во
повеќе групи и тоа

 според конзистенција на цврсти и меки


капсули

 според составот на скробни и


желатински

 според одредени специфики се


поделени на гастрорезистентни и со
модифицирано ослободување

Претставуваат чаури и тоа најчесто со цилиндрична, јајцевидна


или округла форма. Тие содржат дозирана количина на
лековити супстанции (цврсти, полуцврсти или течни) наменети
за внатрешна употреба.

Капсулите и лековитите суспстанции не смеат да реагираат и


мораат да бидат физиолошки индиферентни и нетоксични.

Предности

- точно дозирање

- практично пакување
- лесно се транспортираат

Недостатоци

-капсулата може да се залепи за површината на желудникот и да изостане


ослободувањето на лековитата супстанца( според некои автори)

Тие се изработуваат најчесто од скроб или желатина и други помошни


средства( ПАМ, засладувачи,средства за надополнување, антимикробни
средства,дозволени бои и ароматични средства). Супстанциите кои се
употребуваат за изработка на капсулите мораат да одговараат на принципите на
фармакопеата. Според чаурта капсулите можат да бидат

• Capsulae amylaceae

• Capsulae gelatinosae

Изработка на капсули

1.Подготовка на маса за изработка на празни капсули

- меки( скроб, вода, омекнувачи)

- тврди( желатин, вода, омекнувачи)

2. Подготовка на маса за полнење

- течна ( раствори, суспензии, емулзии м/в)

- цврста (влажна или сува гранулација, директно таблетирање)

3. Полнење
-меки ( накапување, искапување,штанцање, пресување)

- цврсти(зафатнинско, компримати)

Во зависност од видот на капсулата изработката е различна.

 Изработка на скробни капсули

На апаратот за дозирање, полнење или


затворање на скробните капсули, односно на
шуплините кои одговараат на испакнатините на
капсулите се редат долните делови од капсулите
во еден или повеќе редови. На другиот дел од
апаратот се редат горните делови од капсулите и
тоа повторно во отворите кои одговараат на
испакнатините од капсулите. Во подвижниот налевач кој е монтиран на самата
справа, се става мешаниот прашок кој треба да се дозира. Полнењето се одвива
со повлекување на налевачот преку долните делови на капсулите. Потоа со
спуштањето на подвижниот горен дел од справата за полнење и со благо
притискање на претходно поставените горни делови од капсулите, се врши
затворањето на долните делови од капсулите кои се наполнети со прашок.
Затворањето на капсулите со широки ивици (краеви) со нивно претходно
натопување односно квасење на ивиците

 Изработка на желатински капсули

Од односот меѓу желатинот, глицеролот и водата зависи конзистенцијата на


капсуларната смеса т.е маса, односно дали ќе се добијат тврди или меки капсули.

Маси за изработка на капсули:

1. Маса за цврсти капсули 2. Маса за меки капсули

Gelatina 30gr Gelatina 23gr

Aqua destilata 60gr Aqua destilata 32gr

Glycerolum 10gr Glycerolum 45gr

Иситнетиот желатин рамномерно се наквасува во порцелански сад со


пропишаната количина на вода и се остава еден час. Потоа се додава и
глицеролот кој се раствора на водена пареа. Од вака припремената маса, со
помош на специјално полирани калапи од калаисано железо, се добиваат
еластични – меки капсули. Калапите претходно се мачкаат со масно масло (како
би можеле подоцна оладените капсули полесно да се вадат од калапите), потоа
се потопуваат во врелата маса, се вадат потполно да се оладат и потоа лесно се
вадат од калапите. Вака приготвените чаури се оставаат еден до два часа на
ладно и суво место да се исушат.

Комбинација на формулирање на тврди желатински капсули

Capsulae amylaceae

Кај овој вид капсули чаурите се од скроб. Представуваат бели или готово бели
чаури, без мирис и вкус. Се изработуваат од скроб. Можат да бидат со различна
големина и со различна форма.

Составени се од два дела:

- долен дел кој е помал и пократок и


потесен, и

- горен дел кој е поширок од


долниот.

Горниот дел се навлекува на долниот, во кој се дозира прашкастата супстанција,


така да во целина изгледаат како кутија и поклопец. Горниот и долниот дел имаат
на средината по едно испакнување кое е значајно само при полнењето и
затворањето на капсулите со помош на посебни справи за дозирање на овие
прашоци.
Во скробни капсули се пакуваат супстанции со мошне
непријатен или горчлив вкус кои не се хигроскопни и кои не
реагираат со скробот. Лесно се распаѓаат(ресорбираат) во
желудникот. Можат да содржат од 0,25г до 1,5г лековита
супстанција (прашок). Доколку се потопат во вода мораат најнапред да омекнат, а
во рок од десет минути да дадат кашеста смеса без мирис и вкус.

Capsulae gelatinosae

Кај овој вид капсули чаурите се од желатин. Тие се


прозирни, скоро безбојни или бледо жолти, односно
непрозирни, обоени чаури, без мирис и вкус. Ги има со
различни големини. Се изработуваат од желатин,
глицерол и вода со или без додаток на сахароза, бои
или други помошни средства. Служат за точно
дозирање на лековите а особено за прикривање на
непријатниот вкус или мирис на лековите. Во нив лековитата супстанција е
заштитена од надворешните фактори и штетните влијанија (влага, светлина,
бактерии и др.)

Постојат различни начини за добивање на овие капсули.

Желатинозните капсули можат да бидат тврди (durae) и


еластични или меки (mollae).

Малите тркалезни желатинозни капсули се нарекуваат


перли.

Меките капсули служат најчесто за дозирање на течни лекови (маслени раствори,


суспензии или емулзии). Полнењето се одвива со пипети или бирети а
наполнетите капсули се затвараат со капнување на неколку капки растопен
желатин на истиот отвор. Затворените чаури се оставаат добро да се исушат, а
потоа уште еднаш се проверува дали се тие добро затворени.

Цврсти желатински капсули

Предности :
Дозволуваат полнење воглавно на цврсти супстанци но немора тие да бидат само
прашкасти туку можат да бидат и гранули, микротаблети, а во предвид доаѓаат и
полуцврсти маси. Можат да се вклучат и инкопатибилни супстанци(како
микротаблети)

Негативни страни:

- воглавно се од економски аспект –ограничен број на производители на капсулни


тела. Полнењето е поспоро и посложен процес од таблетирањето.

Материјали за изработка – Тоа е најчесто желатинот и други ингридиенти (бои,


средства за непровидност, пластификатори, а може да се користат и
конзерванси). Одредени капсулни тела може да бидат обложени или да содржат
ентеросолвентни обвивки(гастрорезистентни капсули).

Меки желатинозни капсули

Полнењето е доста едноставно и прецизно во


споредба со претходните би требало лековитата
супстанца побрзо да се ослободува па може да
очекуваме зголемена биорасположливост. Поради
херметичкото затварање на овие дозажни форми,
добри се заштитници на супстанциите осетливи на
надворешни влијанија посбено на оние кои лесно оксидираат.

Негативни страни – исклучително треба да се внимава на инкомпатибилијата за


што се јавува зголемена можност бидејќи медиумите што се користат најчесто се
течности. Воедно негативна страна е миграцијата на активната супстанца, и тоа
се одразува на нејзиното ослободување со препаратот.

Capsulae operculatae - се цврсти желатинозни капсули изработени само од


желатин. Тие имаат цилиндрична форма. Горниот дел на капсулата е пократок од
нејзиниот долен дел. Служат за дозирање на цврсти лекови (прашоци). По
полнењето се затвораат така што горниот дел се навлекува на долниот, во кој се
наоѓа дозираниот прашок. При затворањето поклопецот треба од внатре да се
намачка со растопена желатинозна маса.

Чаурите од желатин служат за полнење на прашоци и течности кои не се


раствораат во желатин.
Capsulae geloduratae– се чаури од желатин обработен обработени со
формалдехид или со некое друго одговарачко средство. Отпорни се на
желудочниот сок,а се раствораат во цревниот сок.

ИСПИТУВАЊЕ НА КАПСУЛИ

Kапсулите се испитуваат на изглед, варирањето на тежината на содржината и


распадливоста (растворливоста).

 Изглед – капсулите мораат да бидат еднолични и со глатка односно мазна


површина.

 Варирањето на тежината на содржината – ако не е пропишано на друг


начин, поединечно се мерат 20 капсули наполнети. 18 од нив смеат да
отстапуваат за најмногу +/- 20%, а 2 капсули за +/- 15% од просечната
тежина на содржината.
 Распадливост или растворливост – Капсулите кои се распаѓаат во вода, се
распаѓаат на температура од 30Cº во рок од 15 минути. Капсулите кои мора
да се распаднат во алкалниот цревен сок, се распаѓаат за време од околу 2
часа на 37 Cº.

You might also like