You are on page 1of 1

БЛОК ФЛЕЈТА

Блок флејтата е дувачки инструмент кој може да биде направен од дрво, но во


поново време и од пластика.
Може да биде составена од еден, два или три дела.
Во горниот дел кај отворот за уста, цевката е поширока, додека надолу постепено се
стеснува.
На цевката на Блок флејтата има седум отвори-дупчиња од горната страна и еден
отвор од долната страна.

Како се добива тонот во Блок флејтата

Тонот се добива со дување во цевката низ отворот за устата. За да се добие убав тон треба да
дуваме рамномерно, без напрегање. Со отварање и затварање на отворите се добиваат тонови
различни по висина. Во тоа главна улога имаат прстите од двете раце. Левата рака ги затвара
горните отвори, а десната рака ги затвара долните отвори.
Правилното редење на прстите се вика ПРСТОРЕД.

You might also like