Professional Documents
Culture Documents
2. Колку поклопци имаат ? Флејта 16-18, обоа 20, кларинет 20-25/28, фагот 22
3. Кои се транспонирачки инструменти ? Љубовна обоа, англиски рог, хорна, алт флејта,
кларинет, труба и др.
5. Улога на вентилите ? Секој вентил има улога за зголемување на воздушниот столб, а со тоа
да се добие аликвотниот низ.
7. Опсег на сопран, алт, тенор и бас флејта ? Сопран c2 – c4, алт f1-f3, тенор c1-c3, бас H-fis2
9. Фактори кои произведуваат звук ? Извор на звук, материјална средина и рецептор за слух.
10. Особини на тонот ? Јачина (decibel - dB) , висина (Herzi - Hz), траење и боја (тембр- светла,
назална, темна)
11. Наброј ги металите ? Месинг, легура, цинк, бакар, никел, ново сребро (злато и сребро)
13. Како се добива тонот кај дрвените дувачки инструменти? Се добива преку трскасти
плочки, а преку систем на отвори со поклопци се добиваат различни тонови.
14. Какви вентили има хорна, какви труба? Хорната има ротациони, труба има клипни.
15. Какви видови усници има ? Инкаст и чашкаст. Од формата на наусникот ке зависи и тонот
на инструментот.
16. Кој инструмент каков усник има? Хорна, туба – инкаст, труба, тромбон – чашкаст.
17. Инкаст и чашкаст ? Кај инкастите наусници воздухот влегува директно ипроизведуваат
мек и заоблен звук (хорна) а кај чашкастите воздухот се собира и засилено влегува и
произведуваат остар и распрскувачки звук (труба , тромбон).
18. Напиши ги инструментите според партитура ? Дрвени дувачки, метални дувачки, ударни
со одредена и неодредена висина, клавијатурни, жичани, човечки глас, акустички и гудачки.
20. Пиколо – опсег, должина ? Опсег c2 – c5, должина 30cm, внатрешен промер 11 mm.
21. Англиски рог, опсег должина ? Пишано c1-f3,а звучи e – b2, долг 90cm
22. Карактеристика на фагот ? Фаготот е поширок и има триаголна форма.Изработен е од
јаворово дрво со должина од 2,45 м а вкупната должина на целиот инструмент (металната
цевка со трскастите плочки и дрвениот дел на инструментот) изнесува 2,60 м. Додека
димензијата на инструментот за употреба е сведена на 1,35 м, што значи, дрвената цевка е
извиткана на две, така да излезниот дел е извиткан нагоре а почетниот дел со металната
цевка е свртен надолу. А нив ги соединува колено или чизма. На почетокот внатрешниот
промер на чизмата е 4 mm а со постепеното ширење на излезот достигнува 40 mm. Токму
ширината на инструментот има големо значење, поточно, инструментите со германско
потекло се пошироко бушени па поседуваат помасивен тон, во споредба со француските
инструменти што имаат потесен бушен дел, со што француските инструменти се со
поплеменит/нежен тон и со можност за повисоките тонови да се поизразити а особено се
истакнува pp-то. Се состои од 4 дрвени дела споени со метални обрачи: 1 крило, 2 колено,3
врат и глава. Има 22 поклопци и 5 отворени дупки – 3 на крилото и 2 на коленото. Свирачот
го држи закочен со врпца и го држи накосо. Левата рака свири на крилото и вратот на
инструментот, а десната на коленото.
23. Разлика меѓу тромбон со цук и со вентили ? Тромбон со цук е стабилен интонациски,
технички нуди многу можности и е погоден за глисандо, за разлика од тромбонот со
вентили кој интонациски може да биде нестабилен и технички неможе да се изведе се.
24. Во кој регистар најдобро звучи флејта ? Во средниот регистар (h1 – c3)
25. Што е мртва зона на тромбон, и пиши ги тоновите ? Тие тонови што тромбон неможе да ги
добие - H1, C, Cis, D, Es
26. Како се добива тонот кај металните дувачки инструменти ? Тонот се добива со
растреперување на усникот. Поседуваат вентили со дополнителни цевки.
27. Љубовна обоа in A? Потсетува на англиски рог, но пократка – околу 73cm. За мала терца
пониска од опсегот на обоа (in A). Со тек на време овој инструмент исчезнал бидејќи
англискиот рог е усвоен и усовршен, во потполност го покрива тонското подрачје на
љубовната обоа и практично ја заменува.
28. Деловите на флејта, должина, висина ? Должина 67cm. Составена од три дела кои се
навлекуваат еден во друг со чие поместување благо се корегира штимот. 1)Глава – бочно е
поставен влезниот лабијален отвор за воздух. 2) средишен дел – најдолг и најбитен. На него
се наоѓаат отворите, како и механизмот со поклопци кој има 16/18 поклопци. 3) завршен дел
– 2/3 отвори и е со отворен крај од каде излегува воздухот. Поради усникот воздухот се дели
и на изведувачот му е потребна голема количина на воздух. Најподвижен инструмент,
погоден за пасажи и делници во брзо темпо.
29. Што е најкарактеристично на флејта, хорна, труба и кларинет ? Најподвижни! (Ф и К)
Флатерцунге – некоја врста на тремоло со јазик (drrr). Опишан е како звук на полетување на
јато птици.
30. Мем себи ? Пред н.е. познати биле две основни врсти Мем(слична на фрулата) и Себи (во
која се дувало слично како на денешната попречна флејта). Тие се едни од предците на
флејтата.
33. Опсег на метални музички инструменти ? Хорна 1H – f2, труба fis – f3, тромбон E- f2; туба
1C-f1
34. Разлика меѓу корнет и труба ? Оштрината и праскавиот тон од трубата се заменува со
поназален но доволно јасен и полн тон.Предност во споредба со трубата, корнетот
полесно доаѓа до образување на тон и поприкладноста во тембровото поврзување
со другите инструменти особено со хорната и дрвените дув. муз. инструменти, но и
со саксофоните бидејќи во изведувачка смисла се работи за дувачките оркестри.
Најчесто се употребува корнет in B со опсег од е-b2.
36. Сордината кај хорните за што служи? Да се прави нијансирање поточно по потреба да
се затвара инструментот, а со тоа и да се извлекува различни тембри-бои.
Гореспомнатата направа сордино е втор начин за пригушување на тонот која
целосно се вовлекува во излезниот дел на инструментот со конусна форма
направена од картон, лесно дрво, пластични материи а поретко од метал (нив ке ги
сретнеме кај трубата за добивање по резок и метален тон). Тонот сепак да може да
прозвучи од инсрументот потребно е на сординото да има прилепено мали
сунгерасти, гумени или од плута делови.
37. Кој инструмент во кој клуч се нотира? Во G Клуч : флејта, обоа, кларинет, хорна,
труба. Во F клуч : фагот, тромбон, туба
38. Регистри на кларинет : длабок – шалмајски, среден – чакански, висок – кларино
42. Набројани стари инстр. И за секој инструмент на кој инструмент е претходник (од
историјат)
46. Патот на звукот низ вода, воздух и челик? Воздух – 340 м/с, вода 1450 м/с, челик
4500 м/с
48. Кој каква писка има? – обоа двојна трскаста писка, кларинет една трскаста плочка
и фагот двојна трскаста писка.