You are on page 1of 5

1. Кои видови на гитара познаваш ?

- Акустична,електрична и бас гитара .

2. Делови на харфа ?

- Основата на која цел инструмент е потпрен,се нарекува ПОСТОЉЕ,на него има 7


педали за штимање на жиците.Лева D,H,C и десна Е,F,G,H.На постољето стои
столб и низ неговата внатрешност се наоѓаат челични плуги што ги поврзуваат
педалите за горниот механизам за штимање.Вториот крак е резонатно тело долго
125cm и е поставено косо спрема постољето.

3. Како се свири на харфа ?

-Харфата се свири со по четири прста на двете раце,малиот прст не се употребува


,поради тоа што е краток и доаѓа до израз .Свирачот седи позади харфата,а харфата е
потпрена на десното колено и рамо,десната рака тешко ги достигнува
крајните,најдлабоки штимани жици,па со неа обично се свири високиот регистар(како и
кај клавирот).Левата рака во таа смисла е послободна и може по потреба,лесно да ја
фати секоја жица.

4.Како се изведуваат флажолети на харфа?

Со левата рака се допира жицата со долната ивица на дланката,а трзајот е со некој од


прстите,десната прави допир со зглобот од показалецот а трзајот на жицата е со
палецот,затоа левата рака може да изведе по два ,а во исклучителни случаи и три
флажолети наеднаш,а десната изведува само поединечни.

5. Опсег на харфа?

-Зафаќа шест ипол октави : При горната положба на педалита од Ces1-fes4/as4.

6.Со која боја се бележат F жица,а со која C?

-F жица со со плаво,а C со црвено.

7.Како се добива енхармонијата на харфата ?

-Остварувањето на звучната хроматика делумно помага на енхармонската замена на


тонови.

За да може да се повторуваат тонови на харфата,се користи енхармонијата,бидејќи


секоја жица може да даде по три тона што се од различна висина,овозможено е секој
тон да добие своја енхармонска замена, освен D,G и A .

Ако две соседни жици со штимање се подесат на енхармонска тонска висина,тогаш со


наизменично трзање на тие две жици се остварува звучно,повторување на ист тон.
Енхармонијата овозможува брзо повторување на еден ист тон, или повторување на два
до три тона истовремено.

8. За што служи лева рака на хармоника,а за што десна ?

- Левата рака служи за растегнување, ги држи басовите и ги менува регистрите ,а


десната рака служи за држење на десниот блок ,за свирење на клавијатурата.

9. Колку регистри има органата(оргуљата) ?


Има 6 регистри.

-Органски регистар

-Лабијантски регистар(најсличен на флејтата)

-Гудачки регистар(што наликува на гудачки инструмент)

-Лигвален регистар(што наликува на дрвени дувачки инструмент со трскаст јазик)

-Мутација (се поврзува со сите регистри)

-Микстура (на една дирка одговараат истовремено неколку свирала)

10. Како се делат ударните според висината ?

-Ударни со одредена висина,ударни со релативна и ударни со неодредена висина.

11.Кои ударни инструменти се изработени од метал ?

-Чинели,гонг и там там,триангл,ѕвоно и вибрафон .

12.Кои ударни инструменти се изработени од дрво ?

-Глокеншпил, ксилофон, кастањети, клавес, дрвен добош, гиро, чегртаљка и бич.

13.Кои ударни инструменти се со мембрана ?

-Тимпан,голем тапан,мал тапан,тамбурин,бонго и конга.

14.Гитара во кој клуч се нотира ?

-Во виолински клуч,звучи за октава горе од реалниот звук. E,A,d,g,h,e1

15. Koј е најсложениот и најтешкиот музички инструмент и од кои делови е составен ?

-Оргуља.Делови:мануали,клавијатура,педали,плочки,регистри.

16. Балалајка,бенџо според нивното потекло на кои инст.припаѓаат ?

-На групата жичани народни инструменти .

17. Составни делови на тимпан ?

Котао(во улога на резонатор),мембрана(како извор звук),постоље (каде што одмара


котао),обрач на која што е кожата растегната,палици.

18. Со што се озвучува клавичембалото ?

Со перца кои трзат на жиците.

19. Улогата на педалите кај харфата ?

-Од секоја жица можат да извлечат тонови од различна висина.

Еден педал со механизмот ги зафаќа истовремено жиците со истоимените тонови во сите


октави .

Бројот на педалите изнесува седум .Лева нога:D,C,H.Десна нога:E,F,G,A.

20. Лаута колку жици има и кои се тие ?


-Лаутата има изглед на расечена крушка. Има 11, 5 унисоно штимувани паров и и една-
највисока. Се штимаат најчесто : G, c, f, a, d1, g1, но може и најразлично обично во
квартно и терцно растојание.

21.Мандолина каков облик има и колку жици?

-Го сочувала изгледот на својот претходник – вид на лаута. Бадемест облик .Жици 8 кои
се штимаат во парови: g, d1, a1 и e2.

22.Колку видови тимпани постојат и нивниот опсег ?

-Голем 71cm F-d, длабок 81,5cm D-B, мал 64,5cm A-fis, висок 56cm c-c1.

23.Опсег на ксилофон,маримба,глокеншпил и камбана ?

-Ксилофон : c1 – c4, маримба : f – f3, Глокеншпил : c2 – c4, камбана: g – g2

24. Кои ударни се нотираат во петолиние ?

- Ударни музички инструменти со одредена висина на тонот, а тие се: тимпани,


камбана, звончиња, вибрафон, металофон, ксилофон, маримба, антички пијати,
гонгови,цимбало

25. Кои ударни се нотираат на нотна црта ?

- Ударни музички инструменти со неодредена висина на тонот, а тие се: голем


тапан, тенор тапан, там там, маракас, систрум, кастањети, клавес, гиро, раганела
– чегртаљка, фруста- камшик.

26. Кои ударни се нотираат на четири или помалку нотни линии?

- Ударни музичк инструменти со релативна висина: бонги-конги, чинели, триангол, дрвен


добош, темп блок, мал барабан, тамбурин, кравји ѕвона, Том-том.

27. Кои ударни инструменти одат по пар од моментот на одзвучување?

-Чинели,бонго и конго,маракас,кастањети,клавеси.

28. Ксилофон ?

- Најважен во групата дрвени ударни инструменти, бидејќи пружа најмногу можности за


музичка употреба. Има пирамидеста форма, тонски распон од 3 октави.

29. Клавирот кој има англиско потекло ?

- Вирџинел, наједноставна варијанта, сличен на клавикорд во правоаголен сандук и


жици поставени паралелно на клавијатурата.

30. Жици на италијанска,руска и хавајска гитара ?

Италијанска : E, A, d, g, h, e1 Руска : D, G, H, d, g, h, d1 Хавајска : E, A, e, a, cis1

31. Англиска и виенска репетациона техника ?

-Кај виенската механика чеканот после ударот по жицата доаѓа од таква положба од која
повторен удар е невозможен додека дирката сосема не се опушти.Кај оваа техника
може да се оствари највеќе 6-8 удари во една секунда.
-Кај англиската механика чеканот после ударот се враќа само делимично и тоа во таква
положба ударот да се повтори без постепено отпуштање на дирките што многу ја
олеснува брзата репетиција на поедини тон.Кај оваа техника може да се достигне и до 12
удари во една секунда.

32. Опис на цитра ?

-Цитра претставува комбинација инструменти со хватник и без хватник.

Од нејзините 25 до 45 жици,5 се над хватникот и тие жици со скратување со помош на


прстите од левата рака,даваат разни тонски висини,а останатите се употребуваат само
како празни .

Жиците над хватникот се штимувани како ЖИЦИТЕ НА ВИОЛАТА со највеќе удвоени:

a1,a1,d1,g,c (удвоените служат за изведба на мелодијата),а останатите жици се


штимаат по квинтно тркало и се користат само за придружба.

Линијата на цитрата се нотира како клавирска (на два линиски системи со виолински
клуч за мелодијата со десниот палец и бас клуч за придружба со останатите прсти на
десната рака).

Мекото вибрато е карактеристично за цитрата.

Цитрата се развила во втората половина на 18тиот век од примитивниот баварски


народен инструмент наречен ШАЈТХОЛТ кој потекнува од ПСАЛТЕРИУМ.

Освен во фолклорот наоѓа примена и во забавниот жанр.

33.Изгледот на челеста ?

-Дрвен резонатор за секој тон,звучни вилушки(се нарекува типофон поради тоа што
наместо жици има звучни вилушки),чекани од филц.

Се нарекува уште Мистелов клавир.

Звукот на челестата е помеѓу звукот на ѕвончиња,клавир и харфа.

Челеста означува небесно.

По изглед е сличен со пијаниното .

34.Што знаеш за цимбал ? / хакбрет/

-Плиток четвртастен корпус со низ од жици распространети попречно во однос на


свирачот.

Корпусот има димензија од 135cm на предна и 92cm на задна страна во трапезен


облик.

Бројот на жиците е многу голем,тие опфаќаат тонски низ од E до e3

хроматски и поради тоа се штимаат највеќе по три или четири жици на ист
тон,хватник нема па и интонацијата е фиксирана.

По жиците се удира со дрвени стапчиња,главите им се обложени од една страна


со филц и може да се добие тон по воља или тврд или мек .
35. Во репродуктивната литература, како се јавува клавирот?

- како корепетиција, транскрипции за пијано за увежбување на балет, модерна музика,


модерни преработки, соло изведби. (замена за оркестарот, придружба на соло пејачите
или инструментите).

36. Кое се значење го има клавирот во едукативниот процес?

- се развиваат моторни способности кај личноста во прстите, самостоен и подеднаков


развој на двете мозочни хемисвери (лева и десна) при што се остварува способност на
независност на функционирање на двете раце, а истовремено и корелација помеѓу нив.
Се развива хармонски и мелодиски слух, се збогатува знаење од област на изведувачка
техника, се забрзува процесот на брзо читање ноти се до степен на читање ноти А ВИСТА
без проблем, се осознаваат различните техники и приоди за свирење на делници со
различна артикулација, и се гради сопствен изведувачки стил во различни жанрови.

37. Свирала на камбана, изглед?

38. Страна 100, пример 41 да се напише како се изведува акорд на харфа?

You might also like