You are on page 1of 9

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ

ИСТОРИЈА НА ВОКАЛНА УМЕТНОСТ

“Фаринели,најпознатиот кастрат,живот и дело”

Професор Изработил студент


Горан Начевски Кристијан Андоновиќ
Негивиот живот накратко објаснет

Фаринели е роден во Андриа,јужна Италија на 24.01.1705 година.


Тој бил еден од најпознатите кастрати во времето на операта во XVIII
век.Својот прекар односно уметничко име го наследил од своите
добродетели,браќата Фарина.
Учел во Наполи кај Никола Порпора кој е пак еден од водечките композитори
и учители во тоа време.Кај него учеле едни од најдобрите и најпознатите
композитори како што се и Јозеф Хајдн,Кафарели и Матео Капраника.
На 15 годишна возраст го прави првиот голем настап во Рим со серенадата на
Порпора “Ангелика” чиј текст е на Пиетро Метастазио,тогашен најпознат
либретист.Тогаш тој стекнал доживотно пријателство со Порпора.
Веста за неговиот моќен глас се проширила низ Италија,како и во Виена и
Лондон.Препознатлив бил по својот чист и моќен глас,технички јаки
можности со флоридно украсување,како и неговото музичко изразување.
Во 1734 година тој се придружил на Порпора во Лондон појавувајќи се во
неговите опери како и со кастратот Сенесино во операта “Артасерсе” чиј
автор бил Јохан Хасе.
Во 1737 Фаринели отишол во Шпанија каде што неговото пеење ја
олеснувало длабоко вкорената меланхолија на кралот Филип V.
Секоја вечер наредните десет години тој ги поминал пеејќи едни те исти
песни на кралот.Во 1746 година,но Фаринели останал во Шпанија дури и кога
владеел Фердинанд VI,дури до 1759 година,притоа добивајќи ја титулата
“импресарио” и активно учествувајќи во секакви јавни работи.
Заради разлките во политиката со Чарлс III тој е разрешен од својата
функција,тој се стекнува со големо богатство како и пензија.
Останатите години од животот мирно ги поминува во Италија.
Починал на 16.09.1782 година во Болоња.
Родно место,ран живот.

Во мало градче,веднаш над петата на чизмата на Италија,односно


Андриа(област Апулиа),роден е Карло Броски,во 1705 година.Правилното
име му било Карло Мариа Микеланџело Никола Броски,но во кариерата
бил познат под името Фаринели.Роден бил во семејство музичари.Татко му
се викал Салваторе и бил Капелмаистер,односно главен композитор во
Црквата Св.Никола во Андриа,додека мајка му Катерина Баресе била
граѓанка на Наполи.Војводата на Андриа,Фабрицио Карафа го почестил
Капелмаистерот Броски,таткото на Фаринели,да пее на крштевањето на
својот втор син кој бил крстен Карло Мариа Микеланџело Никола.Подоцна за
оваа чест Фаринели ке напише “Војводата од Андриа ме држеше на
изворот”.

За разлика од многу кастрати кои што биле сиромашни Фаринели бил


поврзан со помало благородништво дури и од двајцата родители.
Во 1707 година неговото семејство се преселува во Барлета,па подоцна во
1711 во Наполи,каде брат му во 1712 година се запишува на универзитетот
Св.Марија ди Лорето,специјализација на композиција.
Поради покажувањето на талент за пеење уште од рана возраст,Карло
односно Фаринели бил претставен пред тогашниот успешен композитор на
опери и професор Никола Порпора,кој што во тоа време ги имал
најуспешните ученици,врнви пејачи од тоа време.Но,Фаринели сакал Никола
да го учи приватно.

Заради прераната смрт на татко му,во 1717 година,неговиот постар брат


Рикардо,донесува одлука Карло да биде кастриран.За да се извши такво
нешто морало да се има причина,што за неговиот случај била пад од коњ.Ма
да,можел и порано да биде кастриран,но непосредно по смртта на татко
му,тој имал 12 години и бил во зрело доба за кастрирање.
Неговиот прв голем настап
Така на неговата 15 годишна возраст тој го прави своето деби со серенадата
на Порпора Анџелика е Медоро 1720 година.Либретистот за оваа серенада
бил Пиетро Метастазио.Фаринели нагласил дека двајцата тогаш го
направиле своето деби,останувајќи пријатели за цел живот.Двата водечки
гласа биле препуштени на Мариана Бенти Булгарели или Ла Романина и
Доменико Гици.
Уметничкото име не се знае за точно од каде било,но се претпоставува,од
браќата Фарина,двајца браќа адвокати,кои му биле спонзори низ целото тоа
време.
Тој бргу станал познат низ Италија под името il ragazzo(момчето).
Во 1722 се оддржал неговиот прв настап во Рим каде што се појавил во
делото на Никола Порпора “Flavio Anicio Olibrio”,како и неговото водечко
учество како женски глас во делото на Лука Антонио Предиери “Sofonoisba”.
Тоа претставувало како генерална проба на кастрат да се појави како водечки
глас од спротивниот пол односно “en travesti”.ОД социјални причини
женските улоги како и гласови биле пеени и играни од момчиња или
возрасни мажи,се дур не се прифатило и жените да почнат да учествуваат на
сцена.

Овие негови изведувања и настапи биле прифатени од публиката со голем


ентузијазам и бргу го прославиле,особено моментот кога требало да пее
арија со труба облигато каде што требало да звучи нешто измеѓу трубач и
пејач.Фаринели толку многу го надминал трубачот во техника и
орнаментирање со што на крај конечно бил замолчен само од акламациите
на публиката.

Секако сите овие настапи и пеења,го прославиле до тоа ниво,што на крај ке


стане Крал на кастратите,што е и потенцирано во некои книги и ракописи.
Кариера во Европа

Во 1724 год. Фаринели за прв пат настапува во Виена,на покана од Пио ди


Савоиа,тогашниот директор на империјалниот театар.Остатокот од сезоната
тој го поминува во Наполи.
Во 1726 год. Фаринели ги посетува градовите Парма и Милано,каде што го
слушнал Јохан Јоаким Куанц,притоа за него велејќи “Фаринели располага со
убав,моќен,пенетрирачки,полн,богат сопран глас со опсег од тонот “a1”,до
тонот “d6”.Неговата интација е чиста,неговиот трилер преубав,контрола на
издишување предобра,неговото грло многу агилно,со што ги изведува и
најшироките интервали со голема леснотија и сигурност.Исто
така,пасажите и остатокот од мелизми не беа никаква препрека за
него,како и во слободното орнаментирање во адаџото се покажал како
многу богат.”

Куанц бил сосема сигурен во своите зборови затоа што тој го слушал
Фаринели додека настапувал како сопран во оперите,при што имал свој лик
и тоа "Fremano l'onde" во операта на Пиетро Тори “Никомед”. Исто така тој
го игра  "Troverai se a me ti fidi" во операта на Николо Конфорто “Ла Песка”.
И двете содржеле тон C6.

Во Болоња во 1727 год. Фаринели настапувал каде го сретнал кастратот


Антонио Бернаки,кој бил 20 години постар.Двајцата заедно настапувале во
операта “Антигона” од Орландини, каде што Фаринели ги покажал своите
вокални можности,изведувајќи бројни пасажи со леснотија и голем
виртуозитет при што тие биле проследени со огромни аплаузи. Незачуден,
Бернаки го повторил секој трилер,пасаж на младиот ривал,но притоа по
исклучително, попривлечно,додавајќи самиот свои орнаменти на секое од
нив. Фаринели,признавајќи пораз,бара од Бернаки да му даде лекции по
таквиот начин на пеење како него,при што Бернаки се согласува.
Во 1728 год настапува во Минхен со операта “Никомед” од Тори,притоа
давајчи уште некој концерт во Виена.

Подоцна во 1729 год, во сезоната на Карневалот во Венеција Фаринели


настапува во две опери и тоа Като во Утика од Леонардо Лео,нормално
текст на Метазтазио, а исто така и операта Semiramide Riconosciuta со
музика на Порпора, текст исто на Метастазио.

Во двете драми, изведени во театрот Сан Џовани Грисостомо ви


Венеција,покрај него и заедно со него пееле многу големи имиња во тоа
време. Некои од нив биле Џусепе Мариа Броски, Луциа Фачинели, Доменико
Гици и други.

Во ова време,тој неможел да направи ништо погрешно со неговиот глас.


Неговиот богат, убав, моќен глас застрашувачки како изведувач, неговиот
ривал и колега Ѓоачино Конти со прекар Гициело, се зборело дека се
онесвестил слушајќи го Фаринели како пее.
Хендл исто така сакал да го придружува Фаринели, заедно да го посетат
Лондон, при што би можеле и да соработуваат во некое дело, дури и во 1730
год Хендл се обидел да го сретне Фаринели, но сето тоа не се остварило.
Во 1731 год Фаринели ја посетува Виена за трет пат. Таму бил примен од
Светиот Римски Император Чарлс VI, после чиј совет според првиот
биограф на пејачот, Џиовенале Саки, Фаринели го видоизменил своето
пеење, пеејќи поедноставно и емоционално. После неколку сезони патувања
и турнеи низ Италија, и уште една посета на Виена, пеејќи ораториуми,
неговата кариера продолжила во Лондон, во 1734 година.

Фаринели во Лондон
Откако пристигнува во Лондон Фаринели се приклучува на “Операта на
благородништво” која е формирана од Порпора и кастратот Сенесино.
Првин се појавил во пастициото “Artaserse” чија музика била на брат му
Рикардо и на Јохан Адолф Хасе. Исто така ги изведувал и ариите “Per questo
dolce amplesso” (Музика на Хасе) ; “Son qual nave” (музика на Броски).

За првата арија Чарлс Бурнеј рекол дека Сенесино играл и пеел арија на
бесен тиранин,додека Фаринели на несреќен херој во синџири. Но уште на
почетокот,заробеникот толку многу го разнежнил срцето на тиранинот што
тиранинот дошол,заборавајќи на ликот,го прегрнал затвореникот.
Од друга страна пак, за втората арија каде што Рикардо ја напишал музиката
заради одличните гласовни способности на својот брат,Фаринели одлично се
покажал и тука.Чарлс Бурнеј исто така дал многу пофални зборови,меѓу кои и
дека истата била аплаудирана пет минути со огромен аплауз.

Уште еден либретист Паоло Роли,близок пријател на Сенесино рекол дека


Фаринели многу го изненадил со гласот и способностите,што досега ги имал
слушнато околу 10 проценти со квалитетите на другите,но после
Фаринели,има слушнато буквално се.Дури една жена си даде за слобода од
публиката во театрот тогаш да викне на цел глас – Еден е Бог, Еден е
Фаринели.

Успехот на Фаринели во Лондон беше одличен,поголем и од тој на Операта


на благородништвото и тој на компанијата на Хендл,чии успеси брзо
исчезнаа.Неговата месечна плата беше 1500 фунти,но со бакшиши од
обожавателите достигнуваше до неверојатни 5000 фунти,месечно надреална
сума за тоа време.Останува во Лондон се до 1737 година кога прима
телеграма од Сер Томас Фицергард,секретар на Шпанската амбасада во
Лондон,во која пишува дека се бара Фаринели да го посети Шпанскиот
кралски двор.

На кралскиот двор во Шпанија


На патот до Шпанија,тој добива покана да оди во Париз,каде што на 9-ти Јули
настапува во Версајската палата на Кралот Луис XV,кој што му дал негов
портерт во дијаманти,исто така и 500 златници Louis d’or,исковани лично од
кралот Луис III.На 15-ти Јули тргнува за Шпанија,а стигнал околу месец дена
подоцна.

Шпанската кралица Елизабета Фарнес,според докторите и физичарите кои


работеле на нејзиниот двор,верувала дека музичката терапија ќе помогне во
лечење на депресијата на нејзиниот маж,кралот Филип V.На 25-ти Август
1737 година,Фаринели е промовиран во дворски музичар и пеел само на
кралскиот двор,исто така добивајќи функција на слуга на кралската
фамилија.Никогаш подоцна во Шпанија не пеел во јавност.

Фаринели станал омилен и многу влијателен на дворецот.За последните


девет години од животот на кралот,тој давал ноќни приватни концерти на
него и на жена му.Исто така пеел на други организирани забави на
благородници од дворецот,кралската фамилија како и музичари од други
кралски палати.Дури во 1738 година тој ангажирал пејачи и оркестар од
Италија,да дојдат во Мадрид спиецијално за кралот да настапат.
На синот на кралот,Фердинанд VI,Фаринели станал упте поомилен и
повлијателен.Тој бил силен музичар,а неговата жена Барбара,била музички
фанатик.

Врската помеѓу пејачот и монархот била јака.Тој и кралицата пееле дуети


заедно а кралот ги придружувал на чембало.Фаринели земал водсвто и бил
главен за одржување на сите спектакли и забави на дворот.Тој дури и самиот
беше промовиран и официјално примен во редовите на Орденот на
Калатрава,Витези,во 1750 година,на што бил посебно горд.Секогаш се држел
на страна од политиката.

Пензионирање и смрт
Заради синот на кралицата Елизабета Фарнес,Чарлс III,Фаринели бил
приморан да го напушти дворецот,воедно и Шпанија,иако таму стекнал
огромна пензија.Тој се пензионирал во Болоња,каде што во 1732 година
остварил државјанство,а воедно и имот.Иако бил многу богат и познат,тој
доста самувал во својата старост,иако посетуван од големи музички имиња
како Моцарт,Бурнеј,Казанова и тн.Повеќето од неговите пријатели а и
колеги биле починати и тој бил сосема сам.

Го оддржувал пријателството со Метастазио,либретистот,умирајќи неколку


месеци после него.На негова желба Фаринели побарал да биде закопан во
униформа од Редот на Калатрава,и да биде погребан во Манастирот Капучин
во Санта Кроче во Болоња.Неговиот имот вклучувал големи подароци од
благородниците,голема колекција цртежи од благородници вклучувајќи
уметнички дела на најголемите уметници од тоа време.

Фаринели починал на 16-ти Септември 1782 година.Неговото оригинално


погребно место било уништено во освојувањата на Наполеон,а во 1810
година неговата пра внука инсистирала неговите остатоци да се премсетат во
Ла Сертоса во Болоња.Во 1798 година била продадена и куќата на Фаринели.
Во 2006 година неговите остатоци се дезинтетрираат од Ла Сертоса.Секако
немало ни траг од иниформата на Редот на Калатрава.Според
остатоците,музиколозите кои учествувале во таа работа,рекле дека
Фаринели бил доста висок.

Тој не само што пеел,туку и бил добар чембалист.Во своите стари


години,научил да свири и Виола д’aмор.Напишал дури и кантата за
испраќањето во Лондон,каде што постигнал огромен успех,и станал еден од
најголемите кастрати на сите времиња.

You might also like