You are on page 1of 1

Корална предигра или корален прелудиум може да се стави во засебна врста на оргуљски

прелудијум кој што е во тип на протестанско богослужење,обично применуван како вовед и


групно пеење на корал.Како далечни предци на коралната предигра може да се сметаат
Оргуљските преработки на грегоријанските корали,а непосреден корен лежи во праксата која во
тек на 16ти век прераснала во протестантски ритуал-пеењето корали да се прати со оргуља.

Како што е познато мелодијата на протестантскиот корал тече претежно во еднакви нотни
вредности,четвртини или половини од кои секоја носи посебен слог.
текстот е во стихови а мелодијата е јасно расчленета-секој верс е своја посебна целина од 2-4
такта,со корона на последниот тон.Тактот е рамноделен 4/4,а понекогаш и троделен 3/2.

Начини на обработка на мелодијата се различни а во поголемиот случај во предиграта е присутна


како кантус фирмус.Од почетокот се наоѓала во тенорот,а подоцна е преместена во дискантот.

1.Корална мелодија е дадена во оргинален вид или орнаментирана,а останатите гласови ја пратат
хомофоно или во слободен полифон став,без некоја изразена работа на мотив.

2.На коралната мелодија се приклучуцаат контапунктирачки гласови во кои малку или повече се
обработуваат карактеристични мотиви.Некогаш се истакнуваат самите контрапунктирачки гласови
како водечки елемент.

3.Малку потежок начин е односот на корална мелодија со конрапунктските линии ако мотивите се
земени од самата корална мелодија и по правило во диминуција како што би со својот жив ритам
контрастирале на широкиот свечен корал.

4.Почетокот на коралните мелодии може да се употреби како тема за фуга или фугета,секако се
зема само почетен фрагмент од мелодијата по потреба ритмички модификуван,за да одговара на
карактерот на истата.

5.Најомилен начин на разработка е при водење на коралната мелодија во канонска


имитација,најчесто на октава или квинта.Ако мелодијата не може во целост да се вклопи и да е
погодна,секако мали делови моќе да бидат сменети или со правилен избор на временски
интервали помеѓу пропостоата и риспостата.

Доколку композициите имаат поголем и послободен склоп,тогаш станува збор за корални


фантазии.

You might also like