You are on page 1of 2

Вонр. проф.

д-р Тихомир Јовиќ


Вокална полифонија 1

ТОНАЛИТЕТ

Музиката во XVI век и понатаму се базира, иако повеќе во теоријата


отколку во праксата, на староцрквените начини (грегоријанските модуси) кои
произлегуваат од примитивните мелодии на католичката црква. По традиција
биле осум, а се поделени на четири автентични и четири плагални.1
На почетокот се разликувале по обична нумерација, а потоа добиле имиња од
старогрчките скали, но со различен редослед.

Глареанус (Henricus Loritus Glareanus) го зголемува бројот на модусите


од осум на дванаесет ("Dodecachordon", 1547), така што имало шест автентични
начини, со почетни тонови: до, ре, ми, фа, сол и ла, од кои секој од нив е
наречен finalis на одредениот модус. Двата автентични модуса кои ги додава
Глареанус почнуваат од тоновите до и ла. Тие одговараат на современите скали
- dur и mol (природен) и со текот на времето, како што е познато, потполно ги
истиснуваат старите начини.

Во XVI век во теоријата владее следниот тонален систем:

• tonus primus - дорски


• tonus secundus - хиподорски
• tonus tertius - фригиски
• tonus quartius - хипофригиски
• tonus quintus - лидиски
• tonus sextus - хиполидиски
• tonus septimus - миксолидиски
• tonus octavus - хипомиксолидиски

1Од IV век во употреба се четири автентични модуси (modus authentus или authenticus): дорски,
фригиски, лидиски и миксолидиски, а од почетокот на VII век и четири изведени, плагални
модуси (modus plagalis или plagius): хиподорски (грч. hipó - под), хипофригиски, хиполидиски
и хипомиксолидиски.

16
Вонр. проф. д-р Тихомир Јовиќ
Вокална полифонија 1

• tonus nonus - еолски


• tonus decimus - хипоеолски
• tonus undecimus - јонски
• tonus duodecimus - хипојонски

 Карактеристики на староцрквените модуси.

17

You might also like