You are on page 1of 3

Симфонија

Поимот симфонија потекнува од грчкиот збор simphonia што


значи „единство или збир на звук“. Најпрвин во музиката се
употребувал за вокална, а подоцна за инструментална и вокално
инструментална музика. Со развојот на симфонискиот оркестар, се
употребува само во инструменталната музика.

Таа е всушност големо оркестарско дело, најчесто составено од


4 става (делови). Италијанскиот вид на симфонија, кој честопати во
оперите се користел како увертира или интермецо, постанал
стандардна форма составена од три става: брз став, бавен став и друг
брз став, но Хајдн и Моцарт, чии рани симфонии биле во ваква форма,
подоцна почнале да ја користат формата со четири става така што
додавале втор среден став. Симфонијата од четири става станала
доминантна во втората половина на XVIII век и во цел XIX век.
Правилната форма на четирите става била I став-брз; II став-бавен;
III став-умерено темпо и IV став – брз.

Голем број на композитори пишувале симфонии, а меѓу


најплодните композитори од времето на класицизмот се Јозев Хајдн
кој напишал најмалку 107 симфонии во период од 36 години и
Волфганг Амадеус Моцарт со напишани 47 симфонии во период од
24 години. Подоцна исто така и Лудвиг ван Бетовен го проширил
симфониското творештво со своите 9 симфонии.

Во периодот на романтизмот (XIX век) многу други композитори


пишувале симфонии како што се Петар Илич Чајковски, Роберт
Шуман, Феликс Менделсон, Франц Шуберт, Камиј Сен Санс,
Антонин Дворжак и др.
Симфониски оркестар

Најголемиот инструментален состав во музиката е симфонискиот


оркестар. Во овој оркестар се внесени без малку сите инструменти, а
нив ги има околу 32. Ваков оркестар се смета оној во кој учествуваат
голем број на инструменталисти (свирачи). Бројот на музичарите
анганжирани во изведба на делата може да варира од 70 до преку 100
во зависност од делото кое се изведува и големината на местото на
изведба.

Секоја држава си има свој симфониски оркестар т.н


филхармонија.

You might also like