You are on page 1of 4

Танци и ора

Ора

Невестинско оро – потекнува од Мијачките села ,


западно играорно подрачје. Во него играат осум
жени кои се претставени како друшки на невестата.
Држењето на играорките е за китките на рацете,
свиткани во лактите до висина на рамената и малку
издадени нанапред. Играњето започнува со
истовремено пеење на песната „Прстен ми падна,
мале, отаде река“. Погледот е скромен и одмерен,
чекорите елегантни до перфекција, а движењата на телото сообразени со
патријархалното однесување.

Тешкото — оро кое се смета за едно од најубавите и


најтешките македонски ора. За него е многу
напишано и многу зборувано бидејќи претставува
важно дело на македонскиот музички фолклор.
Географски како и носиите во кои се игра потекнува
од областа Галичник во Северозападна Македонија,
на планината Бистра. Во основа потекнува од
моментите кога печалбарите заминувале на печалба. Го играле на крајот од селото, на
местото каде се разделувале со најблиските пред да се впуштат на патот кон
непознатата исцрпувачка работа во туѓина. Но со тек на време прераснува во химна не
само на печалбарството туку и на сета тежина и горчина собрана во македонските
души низ безбројните векови робување.

Пајдушко оро - македонски народен танец во


5 такта, поделени на 2+3 („брзо-бавно“).
Традиционално, ова е машко оро, но во поново
време понекогаш го играат и жени.

Орото почнува тргнувајќи на десно, со по


четири чекори со подигнување на ногата, а
потоа на лево: со десната нога се прескокнува левата и тежината се префрла на
десната нога, додека левата се движи на десно. Играорците потоа се движат наназад
со по четири чекори.
Калајџиско - машко македонско оро, кое
кореографски потекнува од Велешко. Ова е
умерено брзо оро кое кон крајот се забрзува.
Се одликува со мирни движења и
балансирани чекори. Се игра со потскоци и
ниски потклекнувања. Обилува со драмски
елементи, својствени на калајџискиот занает.
Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Се држат за рамо.
Ритамот е 11/16. Постојат две варијанти на ова оро.

Осоговка - народно оро од Кочанско, кое


географски потекнува од селата на Осоговските
планини. Тоа е типично темпераментно машко
народно оро, со изразито балансирање,
потскокнување, доскокнување и остри движења
со двете нозе. Се игра со голема екстраваганција
и одважност и на одредени моменти со гласни
извици на играорците. Карактеристично за орото Осоговка е што во еден момент во
играта еден од играорците го подигнува другиот повисоко од своите раменици, за што
е потребна извесна умешност и сила. Целта на ваквите ора била да се прикаже силата
на играорците кои го играле, како и нивната ритмичност заради релативно брзиот
ритам и разиграни чекори.

Танци

Современ балет - вид на танц кој е под влијание и


на класичниот и на модерниот танц. Ги вклучува
принципите на основната техника и контрола на
телото (користејќи ја абдоминалната сила) на
класичниот балет, но овозможува поголем опсег на
движење од класичниот балет и може да не се
придржува до строгите линии на телото или одѕивот
кој ги вклучува техниката на класичниот балет. Многу
од неговите концепти доаѓаат од идеите и иновациите на модерниот танц на 20-от век,
вклучувајќи ги работата на под и свиткување на нозете. Овој стил на балет обично се
изведува бос.
Хип-хоп танц- однесува на танцувачки стилови кои
најмногу се играат на хип – хоп музика или кои
еволуирале како дел од хип – хоп културата. Ова
вклучува широк спектар на стилови како што се
брејкинг, локинг и попинг кои биле развиени во 1970
– тите години од страна на црните и латино
Американците. Она што го одделува хип – хоп
танцувањето од другите стилови на танцување е тоа што по природа, најчесто, е
слободен стил и тоа што танчерите често се вклучуваат во битки – формални и
неформални натпревари за танцување во слободен стил. Неформалните сесии и битки
во слободен стил најчесто се изведуваат во прстен: „кружен простор кој се формира
спонтано откако ќе започне танцувањето“. Овие три елементи: слободниот стил,
битките и прстенот се клучните компоненти на хип – хоп танцот.

Салса - кубанско–карипски жанр, популарен низ латинска


Америка и меѓу Латинците, кој се стекнал со меѓународна
слава преку кубанските и порториканските музичари.
Салсата вклучува многубројни стилови и варијанти.
Терминот се употребува за опишување на речиси секоја
форма на популарен жанр кој води потекло од Куба или
Порторико, како што се ча ча ча (chachachá) и сон (Son).
Сепак, салсата се однесува на одреден стил, развиен во
1960-тите и 1970-тите години од страна на Порториканци и
Кубанци кои имигрирале во областа на Њујорк. Салсата се однесува и на неговите
подоцнежни стилски потомци меѓу кои се вбројуваат салса романтика (salsa romantica)
како и други подвидови.

Румба - семејство на перкусивни ритмови, песни и танцови, кои


имаат потекло од Куба, како комбинација на музичките
традиции од Африканците, донесени во Куба како робови и од
шпанските колонизатори. Името потекнува од кубанско-
шпанскиот збор rumbo што значи „забава“. Нема никакви врски
со религијата. Ритмички, афро-кубанската фолклорна румба се
базира на рамка од 5 удари, наречена clave.
Поппинг - танц во кој е вклучено целото тело. Во него, главната
работа е правилната контракција и релаксација на мускулите.
Токму овие дејства можат да предизвикаат ритмички потреси.
Пантерот се движи без да застане, јасно влегувајќи во ритамот на
музиката.

You might also like