You are on page 1of 3

Поделба на жичаните инструменти

Според начинот на добивање на тонот жичените инструменти се делат на:

Трзачки инструменти – каде тонот се добива со повлекувајќи по жиците со


прсти или трзалка

Гудачки инструменти – каде тонот се добива со влечење на гудало по


жиците

трзачки инструменти се::

 Мандолина
 Гитара
 Харфа

гудачки инструменти се:

 Виолина
 Виола
 Виолончело
 Контрабас

Гудачки инструменти
Името го добиле според начинот на свирење. Со влечење на гудалото по
жиците, тие треперат и произведуваат тон. Висината на тонот зависи од
должината и дебелината на жиците.

Гудачките инструменти имаат иста форма и имаат по четири жици, но


различна големина и начин на држење на инструментот. Основни делови на
гудачките инструменти се:

 резонантен корпус
 врат
 чивии
 жици
 гудало

Гудалото претставува дрвена палка на која се прикачени струни. Струните се


направени од обработени коњски влакна прицврстени на двата краја на
гудалото. Едно гудало содржи околу 150 коњски влакна.

Поради широкиот регистар (можност да се отсвират повеќе тонови), ја имаат


доминантната улога во класичната музика и претставуваат темел на
симфонискиот оркестар.
Виолина
На резонантната кутија е прицврстен вратот, во продолжение следува главата
на која се наоѓаат чивии и завршува со полжав. Помеѓу вратот и главата се
наоѓа праг, штичка од тврдо дрво. За чивиите се закачени жиците кои преку
кобилицата завршуваат до држалката за жици која е прицврстена за дното на
виолината.

Виолината има милозвучен светол и нежен тон. Таа е исто најмла од сите
гудачки инструменти и дава највисоки тонови.

Виола
Виолата има поголема резонантна кутија за разлика од виолината. Жиците на
виолата се подолги и нивното штимање е различно, па затоа се разликува по
бојата и висината на тоновите.

Произведува карактеристичен назален, мек, нежен и потемен тон. Најчесто е


оркестарски и камерен инструмент, поретко солистички.

Виолончело
Корпусот му е двојно поголем, но има подолги и подебели жици, поради
што звучи за октава пониско од виолата. Освен по опсегот и звучноста,
виолончелото се разликува и по начинот на држење при изведбата.
Изведувачите на овој инструмент се викаат челисти.

Поради широкиот регистар на тонови, подвижноста и топлиот и поетичен


тон, овој инструмент има значајно место во солистичката, камерната и
оркестарска музика.

Контрабас
Според градбата, тој е најголем од сите гудачки инструменти.

Контрабасот поради големината на корпусот поседува најдлабока звучност.


Има најдебели и најдолги жици на кои се свири со гудало. Со треперењето на
жиците се создава темен, помалку чкрипав тон.
Застапен е во разни видови оркестри и камерни ансамбли. Како солистички
инструмент се јавува во џезот, додека во класичната музика, има оркестарска
улога.

Трзачки инструменти
Кај овие инструменти тонот се добива преку трзање на жиците со помош на
прстите или со трзалка. Овие инструменти се разликуваат според формата,
висината и бојата на тонот, техничките можности и според начинот на
свирење.

Харфа
Харфата e висока 180 см има седум педали: четири од десната и три од
левата страна. Секој педал одговара на тон од дијатонските скали и го носи
неговото име. Има 46 или 48 жици, на кои се свири со повлекување со
прстите на двете раце по жиците. Некои жици се црвени (C-жиците) или
сини (F-жиците) со што се олеснува ориентацијата на изведувачот при
свирењето. Сите останати жици имаат жолтеникава боја.

Гитара
Гитарата има шест жици. Се свири со повлекување на жиците со прсти или
со трзалка и со нивно треперење се создава тон. Прстите од левата рака
притискаат на жиците и така се добиваат тонови со различна висина.

Најголема примена има во забавната и популарната музика. Се користи и


како класичен солистички инструмент.

Мандолина
Најголема примена има наполитанската мандолина со четири дупли жици.

Тонот се добива со повлекување на двете жици одеднаш, со трзалка, со брзо


движење на десната рака нагоре-надоле. Металните жици произведуваат
јасен, ѕвонлив и милозвучен звук.

Мандола е сличен инструмент на мандолината. Таа е малку поголема од


мандолината и произведува потемна боја на тон.

You might also like