You are on page 1of 14

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА МАТУРА

ПРЕДМЕТ:

Музичко образование

Тема:

Народни инструменти

1
Содржина:
1. Вовед...............................................................................................................3
2. Народни инструменти.....................................................................................4
2.1 Жични инструменти..............................................................................4
2.1.1 Ќемане......................................................................................5
2.1.2 Тамбура....................................................................................5
2.1.3 Гуслата.....................................................................................6
2.2 Ударни инструменти................................................................................6
2.2.1Тапан...........................................................................................6
2.2.2 Дарје...........................................................................................8
2.2.3 Тарабука....................................................................................9
2.3 Дувачки инструменти..............................................................................9
2.3.1Дудак..........................................................................................10
2.3.2 Зурла.........................................................................................10
2.3.3 Гајда..........................................................................................11
2.3.4 Шупелка....................................................................................12
3. Заклучок.......................................................................................................13
4.Користена литература..................................................................................14

2
1. Вовед

Македонските народни инструменти се делат на:

 Традиционални инструменти;
 Oриентални инструменти;

Традиционални инструменти се сметаат гајдата, кавалот, шупелката,


дудукот, зурлата, двојанката, разните видови на тамбури, тапанот и дајрето.
Традиционалните инструменти се употребуваат во различни комбинации.

Со мали варијации грнетата, ќемането, удот, лејтата, канонот, тарабуката


или дајрето се сметаат за ориентални инструменти и се составен дел од
ансамблите во ориентален стил кои се наречени чалгии.

3
2. Народни инструменти

Македонските народни инструменти се делат на:

 Традиционални инструменти;
 Oриентални инструменти;

Традиционални инструменти

Традиционални инструменти се сметаат гајдата, кавалот, шупелката,


дудукот, зурлата, двојанката, разните видови на тамбури, тапанот и дајрето.
Традиционалните инструменти се употребуваат во различни комбинации.

 Зурлата/ тапанот може да се слушаат на свадби и други слави каде се


свири народна музика
 Гајдата е фундаментален составен дел од македонската музичка
култура. Се свири со пар кавали, тамбура и ударни инструменти
(дајре/тарабука)
 Тарабуката се смета за традиционален инструмент и била донесена во
Македонија во XV и XVI век од Турците.

Народните инструменти се делат на:

 Жични инструменти
 Дувачки инструменти
 Ударни инструменти

Ориентални инструменти

Со мали варијации грнетата, ќемането, удот, лејтата, канонот, тарабуката


или дајрето се сметаат за ориентални инструменти и се составен дел од
ансамблите во ориентален стил кои се наречени чалгии.

2.1 Жични инструменти

Жичани инструменти се оние инструменти кои користат жица за да


произведат звук. Овде спаѓаат следните инструменти: ќемане, тамбура, уд и
др.

4
2.1.1 Ќемане

Ќемане е создаден (виолина) од пченка – името ќемане е повообичаен и


распространет. Како материјал за изработка на овој инструмент служат
страковите од пченка. Стракот од пченка се сече на две соседни колена.
Растојанието меќу нив го диктираат колената. Звукот се произведува со
движење на едниот преку другиот страк. При движењето на едниот страк преку
другиот настанува некакво чкртање цимолечки глас со одредена височина.
Инструментот го користат исклучиво децата како детска играчка.

Слика 1. Ќемане

2.1.2 Тамбура

Тамбурата (персиско – арапско потекло) е народен жичен инструмент со


долг врат и крушковиден облик, се прави од оревово дрво, спаѓа во
семејството на лаутата. Инструментот го донеле турците во Македонија во 14 –
тиот и 15 век.

Тамбурата произведува метален и боцкав звук, може да се свири соло


или во ансамбал на народна музика. Нејзината распростанетост е голема, во
исламските земји и е позната под повеќе имиња како: танбур, тамбурица, саз,
бозук, дотара итн.

Тамбурата е изработена од едно парче дрво. Корпусот, вратот и главата


ја прават целата конструкција на целиот инструмент. Ги има и од две парчиња
дрво, од едниот изработени вратот и главата, а од другиот корпусот и се
соединуваат си лепење. Должината на инструментот е некаде помеѓу 750 до
5
900мм. Корпусот е долг 250 – 300 мм, а длабочината оди 120 – 150мм. Има
крушковидна форма, потоа дол мост и долг гриф на чиј крај се поставени
клучеви наречени “чивии”. Жиците се придрѓуваат на дрвено парче, залепено
за корпусот, додека од другата страна се затегнуваат или опуштаат за
нагласување на звукот. Грифовите се нумерирени од 12 до 18, а има 2,6,8 или
12 жици.1

Слика 2. Тамбура

2.1.3 Гуслата

Гуслата е народен гудачки инструмент на кој се свири со гудало.


Најчесто е со една жица а може да биде и со две. Како инструмент се среќава
на Балканот најчесто.

Гулсарите најчесто биле месни или патувачки. Најчесто лица со телесен


хендикеп или оштетен вид. По ослепувањето на македонските војници по
Беласичката битка најчесто занимање на слепите луѓе било гусларството. Во
Македонија било застапено во градот Прилеп.

1
https://panoptikum.mk/tambura/

6
Слика 3. Гусли

2.2 Ударни инструменти


Не постои век во светот во кој не било направено некоја врста на ударен
инструмент за да овозможи ритмичка позадина за потребите на музиката.
Постојат два вида ударни инструменти:

 Определена тонска висина


 Неопределена тонска висина

2.2.1 Тапан

Тапанот е направен од буково, оревово или костеново дрво. Тапанот се


состои од празен валјак, преку чии страни е покриен со штавена овча или козја
кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со
јажиња дијагонално одат еден од друг обрач. Тапанот се свири со две посебни
палки наречени: кукуда (се изработува во форма на луле од ореово дрво, со
должина 440мм) и прачка ( се изработува од дреново или врбово дрво, со
релативно иста должина). Пред да се свитка во валјак дрвото се вари, двете
кожи што ја затвараат валјаковата шуплина се затегнуваат си дрвени обрачи
омотени со кожа.

Тапанот ретко се користи како соло инструмент. Тапанот е мебранофоничен


инструмент голем и мал. Поголемиот тапан има пречник од 500мм до 550 мм, а
малиот од 300мм до 350мм. Тонот се добива со удирање по распнатата кожа

7
со кукуда и прачка. Може да ја изгрже тежината на воздрасен човек при
изведба на ора и народни игри.

Слика 4. Тапан

2.2.2 Дарје

Дарје ( зборот дајре потекнува од tamborin од средно – перисикиот збор


tambur што значи лира, тапан) е мал рачен тапан со една мембрана,
растргнета на дрвен, а поретко на метален обрач. По должината на обрачот
врежени се отвори во кои се вметнати прапорци или метални плочки.
Инструментот се тресе или удира со рака или пак струга по опоната или
обрачот при што прапорците ѕвекаат. Дајрето е женски инструмент.

Дарјето има различни форми, најчеста кружна. Се користи како


придружба при танцување или пеење, а се појавува и во оркестар.

Како фолклорен инструмент дајрето е раширано низ Европа од средниот


век посебно во земјите на Средоземјето.

Слика 5. Дајре
8
2.2.3 Тарабука

Тарабука е народен ударен иснтрумент со арапско потекло, изработен од


глина во форма на вазна, затворена штавена кожа, по широката кружна
површина. Египетскиот назив за овој инструмент е дарабуке, а арапсккиот
дарабуках.

Во Македонија корпусот на тарамбуката се изработува од глина.


Тарамбуката се состои од два дела: горниот дел во форма на тимпан, со
кружен отвор, затворен со штавена кожа, поставен на празна цевка и
проширена при крајот. Вкупната височина на тарамбуката варира меѓу 200 и
450 мм. Корпусот може да биде украсен со шари или еднобоен тоа е по желба.
Тонот се произведува со удирање по распнатата кожа, наизменично со левата
и десната рака. Тарамбуката се држи под мишката најчесто, врзана со врвца
префрлена преку рамо.

Слика 6. Тарамбука

2.3 Дувачки
инструменти

Дувачки инструменти се оние кои произведуваат тон со дување, обично


со устата и плуќата на свирачот. Дувачките инструменти представуваат една
голема и разнолика фамилија. Се разликуваат по облик, материјал, начин на
дување и улога.

2.3.1 Дудукот

9
Се прави од дреново, јаворово или други дрва и го има во две големини:
700 – 780мм и 240 -400мм (дудаче). Свирењето на дудукот е прилично лесно.
Звукот му е чист и пријатен. Дудукот свири две октави, со дијатонички и
хроматски тонови.

Слика 7. Дудук

2.3.2 Зурлата

Зурлата е направена од ореово или сливово дрво. Се состои од два


дела и тоа:

 Конусна цевка
 Славец

Зурлата има седум дупки и една палечна дупка од задната страна, како и
издувни дупки при долниот дел и трска со диск на горниот дел. Овој
инструмент е гласен и има продорен звук и речиси секогаш е придружуван од
тапани. Стандарна комбинација се две зурли и два тапани.

Зурлата се кориси во народната музика од земјите во регионот особено


Ерменија, Бугарија, Хрватска, Ирак, Грција и други земји. Најчесто се
изработува од кајсисја. Името и доаѓа од турскиот збор “zurna,surla”, потекнува
од персискиот збор сурна.

10
Слика 8. Зурла

2.3.3 Гајда

Гајдата е двогласен народен дувачки инструмент и се сосотои од: гајдарка


која се прави од дреново дрво. Гајдарката има седум дупки на лицето и една
дупка за палецот на опачината. На крајот на цевката се прикачува славец,
брчало, бучало или рог кое е направено од три дела кои се спојуваат и
произведува втор глас. Дувалото е поврзано со мевот, мев направен од овча
или козја кожа.

Слика 9. Гајда

11
2.3.4 Шупелка

Шупелката е слична на кавалот ( отворен од двата краја), со исклучок на


тоа што шупелката е пократка. Шупелката е долга некаде 240 – 350мм, се
прави од оревово дрво, јасеново или јаворово.

Слика 10. Шупелка

12
3. Заклучок
Од овој проект може да заклучиме дека научивме повеќе за народните
инструменти и се делат на: традиционални инструменти и ориентални
инструменти. Кои инструменти каде спаѓаат и како се направени, како ќи
користиме.

Ги поделиме на дувачки, ударни и жични инструменти и за секој посебно


истраживме.

13
4. Користена литература

 https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE
%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE
%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%B8%D0%BD
%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8
 http://nikoletkapaneva.weebly.com/
 https://prezi.com/cijzmhlsk2bt/presentation/
 http://narodniinstrumenti.blogspot.com/
 https://panoptikum.mk/tambura/
 https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D1%83%D1%81%D0%BB%D0%B0
 https://www.wikiwand.com/mk/%D0%96%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%BD
%D0%B8_%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC
%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8

14

You might also like