You are on page 1of 12

„If Iwere not a physicist, I

would probably be a musician.


I often think in music. I live my
daydreams in music. … I get
most joy in life out of music.“
Albert Einstein

ВОВЕД
Не се знае дали е тоа некаква мистерија, но се чини дека музиката и музи-
цирањето многу ги привлекува физичарите. Познато е дека Алберт Ајнштајн сви-
рел виолина, Вернер Хајзенберг бил истакнат пијанист, Ричард Фејман удирал бон-
го...
Физиката и музиката изгледаат како дисциплини кои се наоѓаат на спротив-
ните страни од спектарот. Едната може да се каже дека е умствена, конкретна и за-
снована на докази. Другата пак е сензибилна, променлива и субјективна. Сепак,
добрите физичари многу често се и добри музичари. Никој не е сосема во можност
да ја лоцира врската - но многумина се прилично сигурни дека таква постои.
Дали вие сакате музика? Не, претпоставувам дека посоодветно прашање би
било каква музика сакате? Не верувам дека постои човек што не сака музика. Меѓу-
тоа, некои родители сметаат дека музиката што ја слушаат нивните деца е само бу-
чава. Исто така, ако децата во детството ја слушале само музиката на своите роди-
тели, некои од нив подоцна истата ја одбегнуваат на ист начин како што се одбег-
нува бучава. Можеби од тука е добро да се започне темата за тоа која е разликата
меѓу музика и бучава. Постои ли објективна, физичка разлика помеѓу музика и бу-
чава, или тоа едноставно е произволна проценка?
Општо познато е дека музиката што ја слушаат различни генерации е раз-
лична. Она што за една генерација е убаво, за друга е само бучава и непријатно. Тоа
од секогаш било така, па така и ќе продолжи. Повеќе од очигледно е дека не е лес-
но да се дефинира разликата помеѓу бучава и музика. Кога станува збор за музика
едно е сигурно, а тоа е дека има присуство на ритам во звуците кои ги нарекуваме

1
музика. Дефинирано на пософистицирано ниво, во музиката има присуство на то-
нови кои се комбинираат со други тонови уредно и на „пријатен“ начин. Од друга
страна пак, бучавата често е придружена со многу гласни и рапави звуци – хаотич-
ни звуци кои не звучат добро заедно или на некој начин се „непријатни“ за слуша-
ње. Најголем дел од луѓето би се согласиле дека звукот од пневматичен чекан кој
крши дел од улица е бучава, а звукот кој доаѓа од воен оркестар е музика. Но разли-
ката е многу посуптилна од тоа. Ако музиката се состои од звуци со ритмички то-
нови со одредени фреквенции, тогаш пневматскиот чекан би можел да се смета за
музички инструмент. Впрочем, тој удира на улицата со многу редовна фреквенција.
А ако бучавата се состои од гласни звуци, кои се непријатни за слушање, тогаш
звукот на чинелите кои се користат да ја засилат изведбата на воениот оркестар, би
можел да се смета за бучава. Претпоставувам дека сите ние различно ја дефинира-
ме точката во која музиката преминува во бучава. Веројатно тоа се базира на тоа
што ние најмногу слушаме, или на генерацијата со која сме пораснале или од која
сакаме да се одмориме. Но сепак треба да внимаваме кога зборуваме за „пријатни“
звуци кога опишуваме музички звук. Музиката која е пријатна за некоја личност,
може да не е пријатна за други. Џон Бертлс (John Bertles) од компанијата „Bash the
Trash“ која е посветена на конструкција и претставување на музички инструменти
од рециклирани материјали, кога дискутира за музички звук, повеќе користи дефи-
ниција на „намера“ отколку „пријатен“. Тој дава пример на повеќе автомобили чии
сирени свират хаотично на раскрсница. За најголем дел од луѓето овој звук се смета
за бучава. Но причината за бучавата не е толку потеклото на звукот, туку во недос-
тигот од намера да се организираат звуците од сирените. Ако некој од раскрсница-
та ги насочи автомобилските сирени да трубат определен број пати за специфични
периоди, бучавата ќе еволуира во нешто многу поблиску поврзано со музика.

ПОЧЕТОЦИ НА ДЕФИНИРАЊЕ НА МУЗИКАТА


Музиката прави да се чувствуваме добро, нè враќа назад во времето на на-
станите и луѓето од нашиот живот; таа нè спасува од монотонија и стрес. Нејзиното
темпо и динамика се испреплетени со природниот ритам на нашата психа.
Наједноставниот музички звук е некој вид на ритмичко удирање. Ваквата
музика, позната уште од древните времиња, е сеуште присутна во многу култури, и
таа всушност може воопшто да не вклучува мелодија во себе. Една од причините за
популарноста на музиката создадена само од ритам е дека секој може веднаш да
игра на неа, дури и без претходно вежбање. Децата тоа природно го прават постоја-
но. Фактот дека можеме да се фатиме себе си како спонтано удираме со стапалата
некој непознат ритам, или лежиме во кревет малку подолго слушајќи го задоволно
чукањето на своето срце, е сведоштво на блиската поврзаност помеѓу животот и ри-
тамот.
Друг аспект на музиката е поврзан со повеќе или помалку чистите тонови –
звуци со константна висина. Ако засвириме со усните многу нежно, тоа ќе звучи
како флејта што свири една нота. Но оваа една нота тешко дека е песна, а секако не
е мелодија или хармонија. За да го претвориме тој еден тон на нашето свирење во
2
музички звук, би требало да го менуваме истиот на некаков начин. Така, може да го
промениме начинот на кој ги држиме усните и да свирнеме повторно, овој пат со
друг тон. Одејќи напред и назад помеѓу овие два тона би можеле да произведеме
ритам кој останатите би можеле да го сметаат за музички. Би можеле да свириме е-
ден тон во траење од една секунда, па после три секунди да свирнеме друг тон во
траење од една секунда. Повторувањето на овој модел повторно и повторно би мо-
жело да ја направи нашата мелодија поинтересна. Можеме да додадеме и уште
повеќе тонови за да добиеме поголема софистицираност. Можеме дури да вклучи-
ме и некој пријател да свири со нас, но со различен тон кој звучи добро со оној кој
ние го свириме.
Ако сакаме да излеземе надвор од свирењето и да направиме музика со дру-
ги физички системи, би можеле да удриме по долга дрвена лента, да трзнеме затег-
ната жица, или да дувнеме во отворена бамбусова цевка. Додавајќи повеќе делови
со различни должини (и затегања, во случај на жица) ќе добиеме додатни тонови.
За да додадеме повеќе комплексност, можеме да свириме на нашиот инструмент за-
едно со други музичари. Сигурно е убаво да се добие звук од нашиот инструмент
комбиниран убаво со звукот на други инструменти и да се има можност да се сви-
рат мелодии кои ги смислиле други. Но, за да се направи ова, треба да се запознае-
ме со збирка од општи тонови. Постојат неколку комбинации на општи тонови, а
тоа се т.н. музички скали.
Овде мораме да запреме и најпрвин да опишеме што всушност е висина на
звук, како и да ги продискутираме различните карактеристики на звукот. Бидејќи
звукот е вид на бран, ќе треба да се навратиме малку наназад и да го воведеме кон-
цептот на бран. За да можеме воопшто да го воведеме концептот на бран, најпрвин
ќе се навратиме на осцилаторното движење и елементите кои го карактеризираат
истото.

3
ГЛАВА 1
ОСЦИЛАТОРНО ДВИЖЕЊЕ

Д вижењето кое се повторува во еднакви временски интервали е наречено


периодично движење. Ако телото, во текот на едно вакво периодично движење,
поминува низ истите положби, тогаш велиме дека тоа врши осцилаторно движе-
ње. На пример, осцилаторно движење имаме кај математичкото нишало кога тоа ќе
се отклони од рамнотежната положба и се препушти само на себе. Во зависност од
физичката природа на осцилаторните процеси, се разликуваат: механички, електро-
магнетни, електромеханички и др. видови на осцилации. Осцилаторните процеси се
широко распространети во природата и техниката. На пример, на осцилаторните
процеси е заснована целата радиотехника.
Во зависност од карактерот на дејство врз системот што осцилира, се разли-
куваат: слободни (или сопствени) осцилации, принудени осцилации, автоосцила-
ции и параметарски осцилации. Слободните осцилации се набљудуваат во систем
кој, откако претходно бил изведен од состојба на рамнотежа, се препушта сам на
себе. Пример за слободни осцилации се осцилациите што ги прави топче со мала
маса закачено на пружина, кое откако ќе се измести од рамнотежна состојба, се
препушта само на себе. Принудени осцилации на системот имаме кога во проце-
сот на осцилирање на системот дејствува надворешна периодична сила. Пример за
принудени осцилации се осцилациите на мост кога на него поминуваат војници кои
маршираат. Автоосцилации се принудени осцилации со таа разлика што системот
е тој кој што управува со надворешната сила. При параметарските осцилации ка-
ко резултат на надворешното дејство доаѓа до периодична промена на некој пара-
метар на системот.
Наједноставни се т.н. хармониски осцилации, т.е. осцилации при кои вели-
чините што осцилираат се менуваат според законот на синус или косинус.
Осцилациите во природата и техниката имаат карактер близок до хармонискиот,
додека пак периодичните процеси кои што имаат поинаква форма можат да се
претстават како сума од неколку хармониски осцилации.

ХАРМОНИСКИ ОСЦИЛАТОР
СЛОБОДНИ НЕПРИГУШЕНИ ОСЦИЛАЦИИ
Ќе разгледаме систем што се состои од тело со маса m закачено за пружина
чија маса можеме да ја занемариме во однос на масата на телото (сл. 1.1). Еден
ваков систем е познат под името хармониски осцилатор.
Нека осцилаторот се измести од рамнотежната состојба на растојание x = a
(координатата x се отчитува од рамнотежната положба) и се препушти сам на себе

4
(сл. 1.1а). Во овој момент осцилаторот има максимална потенцијална енергија
ka 2
еднаква на U max = , додека кинетичката енергија е еднаква на нула (Ек=0). Под
2
дејство на еластичната сила (Fel = - kx) која е насочена спротивно од изместувањето
на осцилаторот, топчето се движи кон рамнотежната положба. Притоа постојано се
зголемува неговата брзина, т.е. кинетичката енергија, а се намалува потенцијалната
енергија. Кога осцилаторот стигнува во рамнотежната положба, неговата по-
тенцијална енергија е еднаква на нула (сл.1.1б).

а)

б)

в)

г)

v)
д)

Сл. 1.1
Сл. 1.1
Значи, целата потенцијална енергија Umax на осцилаторот преминала во ки-
2
mv max
нетичка енергија E k max = . Кога осцилаторот ќе стигне во рамнотежната сос-
2
тојба тој не застанува, туку по инерција продолжува да се движи, сега во спротивна
насока. Притоа се намалува неговата кинетичка енергија, а се зголемува
потенцијалната. Осцилаторот ќе се движи се додека топчето не дојде во положба x
= - a во која кинетичката енергија е еднаква на нула, а потенцијалната енергија има
ka 2
максимална вредност U max = (сл. 1.1в). Во оваа положба, на осцилаторот деј-
2
ствува еластичната сила Fel = kx така да осцилаторот повторно се движи кон рамно-

5
тежната положба. Во рамнотежната положба, неговата потенцијална енергија е ед-
наква на нула, а кинетичката енергија има максимална вредност (сл. 1.1г). По инер-
ција осцилаторот продолжува да се движи, и ако во средината не дејствува сила на
триење, тој неограничено долго ќе се движи во областа меѓу x = a и x = -a. За вакви-
те осцилации велиме дека се слободни непригушени осцилации. При слободни
непригушени осцилации, енергијата на осцилаторниот систем се запазува. Во текот
на осцилирањето имаме постојана трансформација на потенцијална во кинетичка е-
нергија и обратно. (сл. 1.2).

U(x) x
x0=Acosϕ
A
Ek x0
Umax Ek,max t
-A
U
x
-a a
Сл. 1.3
Сл. 1.2

Равенката на движење на осцилаторот (вториот Њутнов закон) има облик:

d 2x
ma = −kx m 2 = −kx
dt
или:

d 2x
m + kx = 0 (1.1)
dt 2
k
Воведувајќи ја ознаката ω 02 = , горниот израз добива облик:
m

d 2x
+ ω0 x = 0 (1.2)
dt 2

Фреквенцијата ω0 се вика сопствена фреквенција на осцилаторниот систем.


Добивме дека, во отсуство на триење, движењето под дејство на еластичната
сила се опишува со диференцијалната равенка (1.2). Решението на оваа т.н. хомоге-
на диференцијална равенка со константни коефициенти, се запишува во облик:

6
x = A cos(ω 0 t + ϕ ) (1.3)

каде што A и ϕ се произволни константи. Изместувањето x се менува во текот на


времето по законот на косинус, така да осцилациите што ги прави системот под
дејство на еластичната сила се хармониски.
Графикот на хармониските осцилации, т.е. графикот на функцијата x(t) е да-
ден на слика 1.3. Бидејќи косинусот се менува во областа од –1 до +1, вредностите
на изместувањето x лежат во областа –A до +A. Максималното отклонување на сис-
темот од рамнотежната положба се вика амплитуда на осцилациите. Амплитудата
A е позитивна постојана величина. Величината ϕ ја дава вредноста на фазата во мо-
ментот на време t = 0 и се вика почетна фаза на осцилациите. Вредноста на почет-
ната фаза се определува со изборот на почетокот на отчитување на времето.

Бидејќи косинусот е периодична функција со период 2π, различните состој-


би на системот кој врши хармониски осцилации ќе се повторуваат за тој временски
интервал T за кој фазата на осцилациите се менува за 2π (сл.1.3). Овој временски
интервал T се вика период на осцилациите. Периодот T може да биде определен од
условот:

ω 0 t + ϕ + 2π = ω 0 (t + T ) + ϕ

од каде што се добива:


T= (1.4)
ω0

Бројот на осцилации во единица време се вика фреквенција на осцилациите


и се означува со f:

1
f = (1.5)
T
За единица фреквенција се зема фреквенцијата на тие осцилации чии периоди се
еднакви на 1 s. Оваа единица се нарекува херц (Hz).
Од изразот (1.4) имаме:


ω0 = = 2πf (1.6)
T

т.е. кружната фреквенција ω0 го дава бројот на осцилации за време 2π секунди.


Ако е познато изместувањето на осцилаторот во текот на времето t, може да
се пресмета брзината на осцилаторот. Диференцирајќи го изразот (1.3), за брзината
се добива следниот израз:

7
= − Aω 0 sin (ω 0 t + ϕ )
dx
v= (1.7)
dt
Од горниот израз можеме да видиме дека брзината исто така се менува по законот
на косинус, амплитудата на брзината е еднаква на Aω0 и дека брзината е фазно по-
местена за π/2 во однос на изместувањето x (сл.1.4). Забрзувањето на осцилаторот
можеме да го добиеме ако го продиференцираме изразот за брзината (1.7) по време-
то t:

= − Aω 02 cos(ω 0 t + ϕ )
dv
a= (1.8)
dt
Од изразот (1.8) гледаме дека забрзувањето се менува по законот на косинус, има
амплитуда Aω 02 и е фазно поместено за π во однос на изместувањето x (сл.1.4). Од
графикот 1.4 се гледа дека забрзувањето и изместувањето на осцилаторот се во
против фаза. Кога изместувањето добива максимална вредност, забрзувањето доби-
ва минимална вредност и обратно.

Sl. 1.4

Сл. 1.4

8
МЕХАНИЧКА ЕНЕРГИЈА КАЈ ЕДНОСТАВНО ХАРМОНИСКО
ДВИЖЕЊЕ
Еластичната сила што дејствува на осцилаторниот систем е конзервативна
сила. Следува дека, вкупната механичка енергија на хармониските осцилации треба
да се запазува. Да видиме како се менува кинетичката и потенцијалната енергија на
хармониските осцилации во текот на времето t. Кинетичката енергија е зададена со
изразот:

mv 2 mA 2ω 02
Ek = = sin 2 (ω 0 t + ϕ ) (1.9)
2 2
Кога го знаеме изместувањето од рамнотежната положба x, ние веднаш ја
знаеме и потенцијалната енергија. Таа е дадена со изразот:

kx 2 kA 2
U= = cos 2 (ω 0 t + ϕ ), k = mω 02 (1.10)
2 2
Вкупната енергија E се добива со собирање на изразите (1.9) и (1.10):

mA 2ω 02 mA 2ω 02
E = Ek + U =
2
[ ]
sin 2 (ω 0 t + ϕ ) + cos 2 (ω 0 t + ϕ ) =
2
(1.11)

Добивме дека вкупната енергија на хармонискиот осцилатор е постојана величина,


т.е. таа се запазува.

Во екстремните случаи, кога изместувањето е максимално ( x = A ), брзина-


та е нула, што значи дека кинетичката енергија ќе биде исто така нула, а потенци-
јалната енергија ќе биде максимална и ќе биде енаква на вкупната механичка енер-
гија U max = E . Во рамнотежната состојба, изместувањето е нула, брзината ќе биде
максимална, т.е. потенцијалната енергија е нула а кинетичката енергија е макси-
мална и еднаква на вкупната механичка енергија E k = E .

СЛОБОДНИ ПРИГУШЕНИ ОСЦИЛАЦИИ


Во секој реален осцилаторен систем, во помала или поголема мера, делуваат
сили на триење поради што доаѓа до намалување на енергијата на осцилаторниот
систем. Ако загубата на енергијата не се дополнува од надвор, тогаш доаѓа до при-
гушување на осцилациите. Во општ случај, силата на триење е пропорционална на
големината на брзината на осцилаторот:

dx
Ftr = −rv = −r (1.12)
dt

9
Овде r е коефициент на пропорционалност наречен коефициент на триење, а знакот
 
минус се јавува бидејќи силата на триење Ftr и брзината v имаат спротивни насоки.

Равенката на движење на осцилаторот, во присуство на сила на триење, гла-


си:

dx
ma = −kx − r
dt
или:

d 2x dx
m 2
+r + kx = 0 (1.13)
dt dt
Воведувајќи ги ознаките:

r k
2δ = , ω 02 = (1.14)
m m
равенката (1.13) се запишува во облик:

d 2x dx
2
+ 2δ + ω 02 x = 0 (1.15)
dt dt
Оваа равенка ги опишува слободните пригушени осцилации на системот.
Решението на диференцијалната равенка (1.15) се запишу ва во облик:

x = A0 e −δt cos(ωt + ϕ ) (1.16)

каде што A0 и ϕ се произволни константи, а


величината ω е определена со изразот:

ω = ω 02 − δ 2 (1.17)

Согласно изразот (1.16), движењето на си-


стемот во присуство на сила на триење, мо-
A(t ) = A0 e −δt же да се разгледува како хармониски осци-
лации со фревенција ω и амплитуда која во
текот на времето се намалува по законот:

A(t ) = A0 e −δt (1.18)

На слика 1.5 ни се претставени пригу-


шените осцилации, т.е. даден е график на
функцијата x(t). Горната крива со испреки-
ната линија ја дава функцијата A(t), каде што

Сл. 1.5
10
A0 е амплитуда во почетниот момент на време.

Брзината на пригушување на осцилациите се определува со величината δ,


наречена коефициент на пригушување.
Периодот на пригушените осцилации, согласно формулата (16.2.6), е една-
ков на:


T= (1.19)
ω 02 − δ 2

Од горниот израз гледаме дека со зголемување на коефициентот на пригу-


шување, периодот на осцилациите расте.

ПРИНУДЕНИ ОСЦИЛАЦИИ
Ако на осцилаторниот систем дејствува некоја надворешна сила која се
менува во текот на времето по хармониски закон:

Fx = F0 cos(ωt ) (1.20)

равенката на движење на системот во тој случај гласи:

d 2x dx
m 2
= −kx − r + F0 cos ωt (1.21)
dt dt

r k F
Воведувајќи ги ознаките: 2δ = ; ω 02 = и f 0 = 0 , горната равенка добива
m m m
облик:

d 2x dx
2
+ 2δ + ω 02 x = f 0 cos ωt (1.22)
dt dt
Изразот (1.22) ги опишува принудените осцилации на системот. Во горната равен-
ка, δ е коефициент на пригушување, ω0 е сопствена фреквенција на осцилаторот,
F
f 0 = 0 (F0 – амплитуда на принудената сила), а ω е фреквенција на принудената
m
сила.
Решението на равенката (1.22) може да се добие со помош на методот за ре-
шавање на хомогена диференцијална равенка од втор ред, или со помош на вектор-
ски дијаграм. Овде, нема да го дадеме начинот на решавање. После доволно долг
период на време, кога внесената однадвор енергија по циклус се изедначи со изгу-
бената енергија по циклус, се постигнува стабилна состојба во која осцилациите

11
продолжуваат со константна амплитуда. Во ова време, кога системот е во стабилна
состојба, решението на равенката (1.25) е:

x = A cos(ωt + ϕ ) (1.26)

каде што амплитудата A е:

f0
A= (1.27)
(ω 2
0 −ω2 )
2
+ 4δ 2ω 2

Амплитудата (1.27) на принудените осцилации е пропорционална на ампли-


тудата на принудената сила и зависи од фреквенцијата на принудената сила.
Равенката (1.27) покажува дека движењето на присилениот осцилатор е не-
пригушено заради дејството на надворешната сила. Значи, надворешната причина
ја обезбедува потребната енергија за совладување на загубите од силите на триење.
Може да се забележи дека при мали пригушувања, амплитудата станува доста голе-
ма доколку фреквенцијата на надворешната сила ω стане блиска до сопствената
фреквенција на осцилаторот ω0. Ваквиот драматичен пораст на амплитудата близу
сопствената фреквенција ω0 се нарекува резонанција, а ω0 се нарекува резонантна
фреквенција.
Од горниот израз следува дека,
при отсуство на сила на триење (δ = 0),
амплитудата на принудените осцилации,
при појава на резонанција, ќе се стреми
во бесконечност. Зависноста на амплиту-
дата на принудените осцилации од фрек-
венцијата на принудената сила (т.е. од
фреквенцијата на осцилациите) е прика-
жана на слика1.24. Одделните криви на
графикот одговараат на различни вред-
ности на коефициентот на пригушување
δ. Колку е помало δ толку пиковите се
потесни и повисоки. При многу големи
пригушувања не се набљудува резонан-
Сл. 1.6 ција. Кривите дадени на графикот1.6 се
викаат резонантни криви.

12

You might also like