You are on page 1of 3

FMU 2011/2012

Audiovizija 1 za EKTS
doc. m-r. Darija Andovska/ avtorizirana skripta

7. Релативно и апсолутно вон кадарот

- без сликата, звуците вон кадарот се акустички подеднакво присутни и


подеднакво одредени, како звуците во кадарот. Восприемањето на звуците и
нивното просторно распределување е потпомогнато со сликата.

- Ефектот на кулиса настанува кога некој звук, поврзан со причинителот кој


може да се појави во кадарот (или кој самошто излегол од кадарот), останува
и понатаму да одекнува на страничните звучници поставени вон полето на
екранот (звук на чекори од лик кој се приближува или оддалечува, звук на
авотмобил кој проаѓа)- тој впечаток го потпомогнува чувството дека
аудиовизуелната сцена продолжува во салата и надвор од рамката на
екранот. Ефектот на кулиса е резултат на инженерот на звук, распоредот на
звучници и/или режисерот до крај да ги искористат можностите на звукот
вон кадарот, кои ги дава повеќеканалниот тон.

- Вон кадар- ѓубриште е посебен случај, кој настанува кога звучниците


поставени надвор од површината на екранот собираат разни шумови
(свиркање, експлозија, кршење) кои се резултат на некоја катастрофа или пад
кој се одигрува во средиштето на екранот.

- Активен звук вон кадарот- ситуација во која акузматскиот звук поставува


прашање (што е тоа, што се случува тука), чиј одговор треба да се наоѓа во
кадарот и го наведува погледот да оди таму и да го бара.

- Пасивен звук вон кадарот- звук кој создава одреден амбиент, кој ја опфаќа и
умирува сликата, не предизвикувајќи при тоа желба кај гледачот да го побара
неговиот извор или да го претпостави изгледот, т.е. да ја промени точката на

1
FMU 2011/2012
Audiovizija 1 za EKTS
doc. m-r. Darija Andovska/ avtorizirana skripta

гледање. Пасивниот звук воглавно се состои од просторни звуци и елементи


од звучниот декор.

7.1. Продолжување- Звучна модулација на визуелниот кадар и вон кадарот


- Звукот е способен да создаде простор вон кадарот, чие продолжување може да
се менува (слика: снег; звук- чекори кои се доближуваат и заминуваат, волци и
ветер во далечината, крцкање на гранки во близина, итн...), како и да ги вклучи
сите сетила, освен видот, во доживувањето на сликата (звук на море може да
предизвика мирис на јод/море, чувство на благ ветрец, итн).

- На истата неподвижна слика, со продолжено траење, може да се растегнува


просторот со помош на звуци (ширење на перспективата на слушни звуци), како
и да се смали просторот (со фокус на звуци од предмети, кои, доколку не сме им
близу, не би ги чуле).

7.2. Промена на продолжувањето (екстензијата)


- под поимот продолжување на звучниот амбиент подразбираме конкретен,
помалку или повеќе отворен простор кој звуците го привикуваат и создаваат вон
кадарот, како и околу ликовите во рамките на тој кадар.
- нулта продолжување на звучниот простор се само оние звуци кои единствено
ги слуша одреден лик и кога други звуци нема (внатрешен глас на ликот, кој
само тој го слуша).
- големо продолжување (екстензија) на просторот е кога во некоја просторија,
освен звуците на просторијата, ги слушаме и звуците вон просторијата (звуци
од скалите, влезот, улицата, сирена во далечината).
- Dolby stereo ја поттикнува употребата на продолжувањето на звукот.
- смалување на просторот по принцип на редукција на звуците од
продолжувањето (звучен zoom in), зголемување на просторот по принцип на
додавање на звуци и екстензија на звучниот амбиент (звучен zoom out).

2
FMU 2011/2012
Audiovizija 1 za EKTS
doc. m-r. Darija Andovska/ avtorizirana skripta

8. Точки на слушање
8.1. Точки на слушање во просторен и субјективен смисол

- поимот на точка на слушање е изведен од поимот на точка на гледање. Во


филмот точката на гледање има две значења, кои се често, но не секогаш,
меѓусебно поврзани:
а. точка, од која јас, гледачот, го посматрам дејствието (од која точка во
просторот ја посматрам дадената сцена: одозгора, одоздола, од плафон, итн); тоа
е строго просторно значење на поимот.
б. кој лик во посматраното дејствие го гледа истото што и јас, тоа е субјективно
значење на поимот.
- субјективното значење може во потполност да биде последица на монтажата.
- точките на слушање, како и точките на гледање, можат да имаат две различни
значења, кои можат, но не мораат да се поврзани:
а. просторно: од каде ги слушам тие звуци, од која точка во просторот
претставен на екранот или во звучната маса?
б. субјективно: кој лик, во дадениот момент на дејствието, би требало да го
слуша истото кое јас го слушам?

- Скотомизација на окото/увото: Од грчкиот збор scotoma- губење на дел од


видното поле, слепа флека, неспособност да се види/чуе нешто што во
стварноста постои.

You might also like