You are on page 1of 11

Проф.

д-р Викторија Коларовска-Гмирја

ИСТОРИЈА НА МУЗИКА 3

ПОДГОТВИТЕЛНИ ПРАШАЊА ЗА 1-от

ТЕСТ (ПРЕТКЛАСИЦИЗАМ, ГЛУК, ХАЈДН,

МОЦАРТ)

1. Како се нарекува 18-от век според доминантната општествена идеја?

- 18 век е време на големите идеи и општествени промени, во историјата е познат


како век на просветителството, 18 век го нарекуваат и филозофски век.

2. Годината на Француската револуција?

- 1789 година

3. Сижеата на операта seria?

- Историко- легендарна, митолошко, најретко битово.

4. Вокален стил на операта seria (на италијански!)?

- Bel canto

5. Кој се сметал за „првиот автор“ на операта seria: композиторот или либретистот?

- Либретистот.

6. Најзначајниот либретист во 18-от век?

- Пјетро Метастазио.

7. Како ја нарекувале операта seria со оглед на отсуството на драмското дејствие и


доминирање на виртуозните арии?

- Ја нарекувале концерт во костими.

1
8. Кои два вида речитатив (називите на италијански!) постоеле во тогашната оперска
уметност?

- Accompagnato и secco.

9. Како се нарекувале националните разновидности на комичната опера (насловот и


земјата)

- Италија – opera buffa, Франција – комична опера, Германија и Австрија –


Зингшпил.

10. Првата опера buffa (автор, наслов – на македонски ИЛИ оригинален1, година)?

- Слугинката господарка (1733) – Џовани Батиста Перголези.

11. Водечките композитори на операта buffa?

- Џовани Паезиело и Доменико Чимароза.

12. Двата модела на оперските увертири (називот на моделот и шемата на темпата)?

- Италијанска увертира (брзо-бавно-брзо) и Француска увертира (бавно-брзо-


бавно).

13. Дали музичкиот јазик на комичната опера одел во правец на усложнување или на
упростување и зошто?

- Упростување – едноставна пристапична музика блиска кон народната песна и


танц, затоа што поистакнат бил речитативот а музиката била како вторична.

14. Автор и наслов на првата француска комична опера?

- Жан Жак Русо – “ Селскиот врач”

15. Кој композитор е најзначаен во развојот на француската комична опера?

- Андре Модест Гретри.

16. Која е неговата најзначајна опера?

- Ричард лавовско срце.

2
17. Дали за тој период била карактеристична одвоеноста на композиторската и
изведувачката дејност?

- За тој период била карактеристична нераздвоеноста на композиторската


и изведувачката дејност.

18. Колку ставови има сонатно-симфонискиот циклус и во кои жанрови?

- 2 варијанти: 3 ставови (брз-бавен-брз) и 4 ставови (брз-бавен-менует-брз),


симфонија, соната, инструментален концерт, гудачки квартет и други камерни
ансамбли.

19. Која симфониска школа одиграла особено значајна улога во создавањето на


преткласичната (а потоа и класичната) симфонија?

- Мајнхајмската школа.

20. Од која земја потекнувале композиторите и други музичари – припадници на оваа


школа?

- Чешка.

21. Кој оркестарско-изведувачки ефект на оваа школа најсилно делувал кај


слушателите?

- Нивното crescendo делувало натприродно, наместо basso countinuo, улогата на


педалите била во дувачите. Се оформиле типични модели на тематизмот. Во
бавниот став карактеристични се “мајнхајмските воздишки” секундите надолни
интонации кои придонесувале за лирскиот, емоционалниот израз и понатаму се
користеле како важно изразно средство.

22. Кој од синовите на Ј. С. Бах извршил особено влијание врз Хајдн, со кои дела и со
каква форма?

- Карл Филип Емануел Бах – со сонатите за чембало кои имале развиено сонатно
алегро.

23. Годините на животот на Глук?

- 1714 – 1787.
3
24. Периодизацијата на творештвото на Глук

- Предреформатоски период.
- Реформаторски период во Виена.
- Реформатоски период во Париз.

25. Првата реформаторска опера на Глук, годината на создавањето, авторот на


либретото?

- “Орфеј и Евридика” (1762). Либретето било на Калцибиџи.

26. Која е главната идеја на оперската реформа на Глук?

- Главната идеја на Глуковата оперска реформа е синтезата на музиката и


драмското дејствије.

27. Дали Глук поаѓал од примарноста на музиката или на драмата?

- Драмата.

28. Во кои поголеми драматуршки целини Глук ги обединува одделните нумери

- Ариите, речитативите, хоровите, зачувувајќи ги самостојните функции, се


обединуваат во големи драмски сцени кои се монолитни и целосни.

29. Колку авторски редакции брои „Орфеј и Евридика“?

- Постојат два авторски редакции: Виенската (италјанската) и Париската


(француска).

30. Во која од оперите на Глук нема увертира туку оркестарскиот вовед?

- “ Ифигенија во Таврида ” се јавува оркестарски вовед “ Тишина (бура)”.

31. Од кои музички извори се оформила интонативната база на Виенската класичарска


школа?

- Органскиот спој на германските, унгарските, италјнаските, словенските,


тиролските извори станал интонативна база на творештвото на виенските
класичари.

4
32. Во кој став (и каква форма) на сонатно-симфонискиот циклус највеќе се пројавува
тоналниот и тематскиот контраст?

- Таквиот тематски контраст му е својствен пред се, на сонатното allegro (или


сонатна форма). Прв став на сонатно-симфонискиот циклус.

33. Кој вид на контрастот меѓу двете теми е задолжителен во експозицијата на


сонатната форма: тоналниот или тематскиот?

- Задолжителен услов е тоналниот контраст.

34. Дали мостот може да има самостоен тематски материјал?

- Може да има.

35. Како се нарекува новата тема во развојниот дел?

- Епизодна тема.

36. Кој дел може да следи по репризата?

- Coda.

37. Кој став (наместо Менуетот) го воведуваат Хајдн и Бетовен во сонатно-


симфонискиот циклус?

- Скрецо.

38. Годините на животот на Хајдн.

- 1732-1809.

39. Во која област на музиката е најголемиот придонес на Хајдн за светската музичка


култура?

- Најголемата заслуга му е во инструменталната музика, основоположник е на


класичната симфонија и гудачкиот квартет.

5
40. Периодизацијата на животот и творештвото на Хајдн?

- Творечкото формирање, пред почетокот на служба кај Естерхази (1751-1762)


- Капел-мајстор и композитор кај Естерхази (1761-1791)
- Последниот период, врвот на мајсторството (1791-1809)

41. Со кој композитор Хајдн го проучувал стилот на италијанската опера и вокалната


техника?

- Никола Порпора.

42. Кој став честопати е најобемен во симфониите на младиот Хајдн?

- Бавниот став.

43. Кај кое благородничко семејство се одвивала долгата служба на Хајдн?

- Дворот на кнезовите Естерхази.

44. Колку музичари броела дворската капела на почетокот на службата?

- 14 музичари.

45. Во кои оперски жанрови работел Хајдн?

- Опера buffa.

46. Со кој композитор Хајдн имал заемни влијанија во музиката и објаснете на кој
начин?

- Со Моцарт. Хајдн знаел за каков гениј се работи, а во неговите 80-90 години со


целата индивидуална самобитност може да се согледа влијанието на Моцарт, со
проширување на тематскиот матријал, развој, збогатување на тоналитетите и друго.

47. Во кој град вон Австрија Хајдн престојувал подолго време по завршетокот на
службата?

- Лондон.

48. Кои (и колку) најзначајни дела Хајдн ги напишал за изведбите таму?

- Лондонските симфонии. Првите 6 напишани во првото патување, вотрите6 во


второто патување, “Орфеј и Евридика”

6
49. Колку музичари броел оркестарот таму?

- 40-50 музичари.

Кои се последните дела на Хајдн во ораторијалниот жанр?

- Ораториумите “Создавањето на светот„ 1798 и “Годишни времиња„ 1800/1801.

51. Како се нарекува принципот кога во сонатната експозиција 1-та и 2-та тема се изградени
од истиот тематски материјал?

- Монотематизам.

52. Кој дувачки инструмент најдоцна се воведува во симфонискиот оркестар на Хајдн?

- Кларинетот.

53. Кои инструменти (група инструменти) имаат водечка улога во оркестарот на Хајдн?

- Гудачките инструметни кои го донесуваат основниот тематски материјал.

54. По кој елемент се разликува сонатната форма во 1-те ставови на симфонијата и


концертот?

- По сонатното allegro кое има две експозиции (во солист и во оркестар).

55. Кои новитети во третманот на сонатно-симфонискиот циклус се јавуваат во квартетите


на Хајдн?

- Самостојноста на инструментите, полифонизираноста на фактуратаи користење


полифони форми, промена на редоследот на средните ставови, воведување на скерцо
наместо менует.

56. Годините на животот на Моцарт?

- 1756-1791.

57. Дали може да се тврди дека Моцарт имал долг творечки век? Појаснете го Вашиот
одговор?

- Да, може да се тврди поради тоа што многу рано почнал да компонира, иако умрел на
само 35 години неговиот творечки живот бил околу 27 години и оставил многу голем број на
музички дела позади него.

7
58. Која карактеристика на уметничкиот развој повеќе одговара за Моцарт, а која за Хајдн:
брз, интензивен наспроти бавен, екстензивен?

- Моцарт – брз, интензивен, Хајдн – бавен, екстезивен.

59. Кои пристапи кон периодизацијата на животот и творештвото на Моцарт се


применуваат?

1. Според местото на живот:


- Салцбуршки период (1756 – 1780)
- Виенски период (1781 – 1791)
2. Според твиречките преокупации и дострели:
- Салцбург : до 1770 – најраниот период ( операта “Митридат, царот Понтиски„)
- 1771-1778 – постепено напуштање на ликот “чудо од дете„ инструментална музика,
собирање сознанија за создавање сопствена оперска естетика.
- 1778-1781- интензивна работа во Салцбург и конечно напуштање на службата кај
надбискупот.
- Виена: 1781-1786 (“ Грабнување од Сарајот„ до “ Свадбата на Фигаро„)
- 1787-1781 ( “ Дон Жуан„ трите последни симфонии до “ Волшебната флејта„ и “ Реквием„).

60. Во кои земји се одвивала првата голема турнеја на Моцарт?

- Германија, Франција, Англија.


61. Кое е значењето на престојот во Лондон?

- Средбите и професионални контакти со Јохан Христијан Бах.

62. Кои значјани настани се случиле за време на патувањето во Италија?

- Добива нарачка за операта “ Митридат, царот Понтиски„ го создава својот пр квартет,


работи со падре Мартини. Моцарт на своите 14 години бил избран за член на Болоњската
академија, Бил избран и во Филхармонската академија на Верона.

63. Која е првата опера (наслов и жанр) на Моцарт во Виена, по напуштањето на службата
кај надбискупот?

- “ Грабување од Сарајот„ – жанр Зингшпил.

64. За кој град Моцарт ја напишал операта „Дон Жуан“?

- За Прага.

65. Која опера на Моцарт највеќе ја навестува германската романтичарска опера ?

- “ Волшебната флејта„

8
66. Идеи на кое религиозно-етичко движење се одразиле во неа?

- Одредени идеи на масовното религиозно-етичко движење во чиишто редови биле и


Шикандер и Ммоцарт. Но во целост содржината на опеата е многу поширока, нејзините
персонажи се со индивидуализирани човечки карактеристики.

67. Оперите од последната деценија (наслов, жанр)?

- “ Свадбата на фигаро„ – опера buffa.


- “ Дон Жуан„ – drama giacosa (весела драма) синтеза на возвишена музичка трагедија и
buffa.
- “ Грабнување од Сарајот„ – Зингшпил.
- “ Така прават сите„ – опера buffa.
- “ Волшебната флејта„ – Зингшпил.

68. Барањата на Моцарт кон оперското либрето?

- Либретото треба да биде, по можност, концентрирано, без да го завлекува дејствието, и


соодветно на задачите на музичката драматургија, при доминирањето на музичкото начело и
со цел да се постигне единството на музичкото и драмското дејствије.

69. Во што е главната разлика на пристапот кон операта на Моцарт и Глук?

- Моцарт сметал дека музиката е основа на операта додека Глук обратното, односно дека
драмското дејствије е поважно од музиката.

70. Како се пројавува тематскиот контраст во симфониското творештво на Моцарт?

- контрастот на двете теми и воопшто изобилството на темите во сонатните ставови


( самостојни теми на мостот, завршната група, епизодните теми во развојните делови, нови
теми во одредени делови во репризата).
- внатрешно тематскиот контраст (првите теми на сонатно allegro најчесто систавени од
драмскиот и лирскиот елемент).

71. Во кои симфониски жанрови работел Моцарт ?

- Симфонии, серенади, дивертимента, касации, инструментални концерти.

72. Со кој од овие жанрови кај него највеќе е поврзана симфонијата ?

- Серенадата.

9
73. Годината на настанувањето, број, тоналитет и драматуршко-содржинските концепти на
трите последни симфонии?

- Симфонија бр. 39 Es-dur 1788 година (херојско-драмски концепт).


- Симфонија бр. 40 g-moll “Ветеријанска„ 1788 година ( лирско-драмски концепт).
- Симфонија бр. 41 C-dur “Јупитер„ 1788 година (објективно-епски концепт).

74. Во која од овие симфонии највеќе се користат полифоните техники?

- Симфонија бр. 41.

75. Жанровите на музиката на Моцарт за пијано?

- Сонати, варијации, рондо, фантазии (во кои важна улога е импровизацискота начело)?

76. Кои камерни дела на Моцарт му се посветени на Хајдн?

- Шесте квартети.

77. Жанровите на духовната музика на Моцарт?

- Мотети, кантати, миси реквием.

78. Составувачот на каталогот на делата на Моцарт?

- Лудвиг ван Кохел.

1
0

You might also like