You are on page 1of 5

1. Опсезите на виолина, виола, виолончело и контрабас?

- виолина: g – e4, виола: c – a3, чело : C – a2, бас : 1E – g1

2. Делови на виолина?

- РЕЗОНАНТНО ТЕЛО, ВРАТ и ГУДАЛО. Основниот дел е нејзиното тело (корпус во улога на
резонатор) врат стабилно прицврстен за телото на неговата горна потесна страна.
Долната површина на вратот е заоблена и многу мазна, да може по него раката полесно
да лизга додека на горната површина е прицврстен хватник. На крајот од вратот
продолжува глава со благо свиткување наназад, а нејзиниот завршеток го краси така
наречен полжав со по четити отвори низ кои најизменично се протнати чивии за
затегнување на жиците. Доминантна улога на главата добива седлото, мал праг со
прорези за поставување на жиците, и неговата улога е жиците да се подигнат и затегнат
над хватникот. Жиците се протегаат речиси над целиот инструмент. Кордер кој е
прицврстен за долниот дел од ободот на телото на инструментот. За поприкладен контакт
и држење наслонување под притисок на брадата се употребува подбрадник. Мост (
кобилицата) е тенка плочка од тврдо дрво поставена нагорно над резонантната плоча со
своите две ногарки. ЛАКОТ ИМА МНОГУ ВАЖНА УЛОГА

3. Групи штрихови?

- Три групи: долги -лежечки, кратки - скокачки и фрлени потези. Првите се одликуваат по тоа
што во фазата на изведба гудалото не се подигнува од жицата, кај вторите малку или повеќе
како да подскокнува а кај третите гудалото се фрла на жиците се одбива и повторно се враќа,
обично повеќе пати по ред, по тат на судрување на две еластични тела: жица и струни—коњски
влакна. Има и “натежнато” легато, тремоло стакато.

4. Гудало – должина, тежина на сите?


- виолина и виола - 75cm/55грама , чело – 70cm/78 грама, бас 70cm/150gr

5. Според Р. Корсаков гласови и опсези?


- сопран f1 - f2, тенор f - f1, алт h - h1, бас H - h, мецосопран d1 - d2, баритон d - d1

6. Ке ги има дадени да напишеме кое што значи?


Col legno – удар со дрвениот дел на гудалото по жиците
Col arco – после пицикато за да се употреби гудало
Sul ponticelo –во близина на мостот
Sul tasto – во близина на хватник
In modo ordinario – свирење на обичаен начин
Pizzicato – трзање на жиците директно со прст

7. Делови на гудало?

- пoсредник. Поседува дрвен дел изработен од добра врста на елка, пернамбука (бразилска
ружа) и сл. Горниот крај му е пократок и шилест и се нарекува врв или главица, а на долниот дел
поширок е сместена жабицата (механизам за затегнување). Паралелно со дрвениот дел помеѓу
врвот и жабицата се оптегнати коњски влакна од коњска опашка кои се микроскопски назабени и
потребно е да се поделат на половина и спротивно да се постават да може да влијаат врз жиците
и при надолно и при нагорно движење. коњските влакна се премачкуваат со калафониум—врста
на леплива смола, која го подобрува контактот на гудалото со жиците, Но затегнатите струни
(влакна)се услов за произведување на тон, со помош на механизмот за затегнување.

8. Димензии на чело ?
- должина - 121 cm на целиот инструмент, должина на корпусот - 74 cm, ширина - 43 cm,
длабината на резонантното тело 11,5 cm

9. Жиците на виолина, виола, чело и бас (се бележат со римски броеви I, II, III, IV)
- Виолина – e1, a1, d1, g, виола – a1, d1, g, c, чело – a, d, G, C, бас – G, D, A1, E1

10.Музејски инструмент?
- садивари, гванеди, амати, виола да гамба

- Самогласки: А Е И О У – ШТО ЗНАЕШ ЗА НИВ ? Кои се : Звучни : Б Ж З Г Д В, Безвучни: П Ш С К Т Ф

11.Капацитет на белите дробови на мажите 3500-5000 кубни сантиметри, на жените 3000-4000,


должина на гласниците мажи 20-25mm, жени 15-20mm. Со пулни плуќа колку време издишуваме
воздух ?

12.3 фази на создавање на звук кај човекот и со кој инструмент е сличен? – со оргуља. Спореди
ги:

а). Градниот кош дејствува аналогно со оргулскиот мев—резервоар за собирање на


воздух под притисок а воедно и усмерување на воздухот во правец на изворот на звук.

б). Гласилките (гласни жици) треперат под притисок на воздушниот млаз, слично на
јазичињата во свиралите, со одредена фреквенција најизменично се прекинува и се
пропушта млазот, создавајки притоа звучни бранови.

в). Телесните празнини (шуплини) над гласилките, соодветно како над јазичињата над
свиралите добиваат улога на резонатор поточно го засилуваат, формираат а воедно
интерпретациски и темброво го обликуваат тонот.

13.Лева и десна рака на виолина?

- Десната рака, во извесна смисла ,е со поактивна улога, бидејки таа непосредно произведува тон
движејки го гудалото низ жиците, ги активира со потези / штрихови. Левата рака, меѓутоа,
одредува фреквенција за бараниот тон, бидејќи со притискање на жицата се одредува звучната
должина, висина, боја итн.

14.Како се добива флажолет?


- сосема посебна врста на звук, кој според бојата потсетува на звукот на флејта, поточмо
на еден стар тип по кој и добил име. Тие се добиват - извлекуваат според редот на
тоновите од аликвотниот низ на тој начин што жицата лесно се дотакнува со прстот на
одредено место, а истовремено лесно се повлекува со гудалото. Местото на жицата каде
се добиваат флажолетите се чворови - јазол на неговото треперење. Именител на делот
каде жицатаќе со додир ке се подели тоа е всашност реден број на аликвотниот тон, кој
на дотакнатото место се добива во вид на флажолет. Нереални половични тонови.

15.Кастрат?
- Кастратски глас е вештачка и прилично монструозна –творевина, операција на полните
органи на детето, а со тоа се прекратува природната промена на машкиот глас на детето
во пубертетот (мутација), тоа е всушност конзервирање на гласот на детето со прекрасна
висина и боја до крај на животот. Тој е машки сопран, па и алт.

16. Што знаеш за синтисајзер

- Електронските студијски синтесајзери често се исклучително големи и сложени, со


непрегледен обим на звучните комбинации и ефекти, со можност за програмирана
работа и контрола на сите звучни параметри, но и приклучување на разни извори на
звук и апарати за снимање и репродукција. Меѓутоа, редовен напредок во микро—
техниката на електронските средства, овозможи денес да се конструира релативно мал
преносен синтесајзер, чии технички својства со другите спомнати инструменти се
неспоредливи. И најмалиот синтесајзер содржи бар два три осцилатора кои
проиузведуваат електрични импулси, потоа миксери кои ги комбинираат два или три
звука, филтери, кои служат да се влијанието на аликвотите, менува бојата на звукот,
генератор на шумови, надворешен приклуцок на други инструменти, или извори на звук,
регулатори на јачината, клавијатура, појачало, поврзување со звучници. Успешно да се
работи со таквите апарати потребно е колку музички толку и инженерски познавања.

17.Мартенови бранови

- едногласен инструмент, со чисто мелодиска примена. Десната рака манипулира по


тонската висина, а левата со јачината и бојата. Мануалот во првобитната конструкција бил
во вид на трака(лента) потоа “нема”клавијатура, блиска ориентација на местата за
притискање а подоцна се изработува и вистинска клавијатура, само со посебни можности
двоен или бочно движење на дирките, како би се постигнале помали интервали од
полустепен, ефектите вибрато и глисандо. Левата рака вклучува разни филтри, за
регулирање на аликвотните осцилации и варирање на бојата на звукот, во што
Мартеноовите бранови располагат со голем спектар, така под левата рака се наоѓа
посебна дирка или опруга, со чие активирање се влијае на моќноста (јачината) на звук.

Мартено пронашол и специјален тип на звучник наречен палма кој е опремен со


дванаесет резонантни жици, кои трба со својот призвук да ја оплеменат основната
звучност на инструментот, авоедно да продолжат со треперење и кога ќе престане
инструментот да звучи, добивајки притоа специфичен сфект. Тонот на инструментот е
необичен, карактеристичен и многу изразит, особено благодарни за вибратото, и
подлежен на убава артикулација. Успешно се употребува во програмската - филмската и
телевизиската музика.
18.Фалсет ?
- карактеристичен за машките гласови, гласилките при добивањето на овие тонови не се
прилепени и воздухот поминува слободно помеѓу нив а со тоа се активираат само
ивиците, а тие се максимално истенчени, а од тоа произлегува помека и динамички
ограничена звучност но со повисока фреквенција и со попродорна моќност.

19.Ансамбли

- гудачко дуо (виолина и виолончело, две виолини, две виолончела, виолина и виола),
гудачко трио (виолина, виола, виолончело), гудачки квартет (две виолини,виола и
виолончело), гудачки квинтет (две виолини, виола, виолончело и контрабас), гудачки
секстет ( две виолини, две виоли и два виолончела), гудачки оркестар кај кој секоја група
е застапена со повеќе инструменти.

- Дувачкиот квинтет: флејта,обоа, кларинет, фагот и хорна, поретко квартет: флејта, обоа
кларинет и фагот. ????

- Мал мешовит состави опфаќат, мал метален со додаток флејта (пиколо) кларинет (и
мал), хорна, труба и тромбон. Голем мешовит состав ѓи опфака сите дувачки
инструменти вклучувајќи обоа,(англиски рог) фагот, бас-кларинет, саксофони, група
удиралки: тимпани, ѕвончиња, ксилофон, тамбурин, кастањети

20.Човечки глас опсег


- сопран : c1 –c3, мецосопран : a – a2, алт : f – f2, тенор : c – c2, баритон : A – a1, бас : F – f1

21.Екстензија / мензура ?

- Виолина (1 жица зг4, 2 соседни м9), виола (1 жица ч4, 2 соседни 8), чело (1 жица г3, може и ч4)
контрабас (г2)

22.Флажолет кај виолина и чело ?


- Виолина - Ако жицата се допре на половина тогаш се добива вториот аликвотен тон
октава повисоко, ако се допре на и подели на третина тогаш звучи третиот аликвотен
тон(дуодецим),на четвртина четври (се добива втората октава) и т.н.

- Чело – Палецот во улога на вештачко седло редовно се користи почнувајќи од седма


позиција па нагорно, но неговата примена е неопходна и во пониските позиции, во
зависност од делницата и моториката со која се изведува. Исто така и некои двохвати се
неизводливи без помош на палецот, бидејки на соседни жици може да се добие
интервал од мала септима, а да се добие голема а и октава палецот се качува над
хватникот. Од двохватите најспретни се, секста, кварта и квинта, со таквата положба на
раката се овозможува почиста интонација а и олеснување на тризвуците и четиризвуците
но со помош на празните жици. Какви флажолети има кај виолина? – Природни и вештачки
(објасни ги)
23.Деманширање
- Палецот на левата рака немора да го предржува вратот од долна страна, па затоа може
да се постави над хватникот и да манипулира (претиска) по жиците како и останатите
прсти. Ова дозволува изведувачот да добие пошироки интервали сопрстите, а со тоа и
ослободување на раката за движење во високите позиции, добивајќи притоа
проширување на опсегот. Го има кај челото

24.Контрабас – најистакнато и најизразено е PIZZ (пицикато) Највиртуозен инструмент од сите.

25.Малечка виолина

- Педагошката практика наложува виолината да се гради во димензии помали од


нормалните, бидејки изучувањето почнува многу рано. Затоа се изработуваат
половинка(1/2), со димензија 52 –53 см. тричетвртини (3/4) од 55,5 см. со штимање на
жиците c1, g1, d2, и а2.

26. Кај кој инструмент може некогаш да се стават и 5 жици и објасни

27. Сите гудачи, кој каква боја (тембр) има?

28. На италијански како се викаат е,г ,ц жици ? sul e, sul g, sul c

29. Што е систем на позиции ?

30. До која позиција максимално може да се оди на една жица на виолина?

31. Димензии на виолина

32. Од кои природни материјали се изработува гудалото на виолина?

You might also like