Истражување бр.1: Како патуваат звуците преку ѕид, прозорец,
врата, завеса? Во кој случај најгласно го слушаш звукот?
Истражување бр.2: Затвори ги очите и отвори го прозорецот. Наброј
ги звуците што ги слушна, а доаѓаат од надвор.
Истражување бр.3:
Чекор бр.1 Нежно дувни во грлото на празно шише. Дали се
создава звук? Чекор бр 2;Наполни со вода една третина од шишето и повторно дувни во грлото на шишето. Дали сега звукот е поинаков? Чекор бр.3 Наполни со вода две третини од шишето и повторно дувни во грлото на шишето. Дали звукот е поразличен? Чекор бр.4 Наполни го со вода целото шише и повторно дувни во грлото. Што забележуваш во врска со звукот?