You are on page 1of 9

Проектна задача

Тема: Припрема и растварање на


медикаменти – антагонизам и синергизам

Изработила:
м.с. Стефани Алексоска

Скопје, 2019
Под поимот лек или медикамент се подразбира секоја супстанца
или комбинација на супстанции формулирани на начин за да
лекуваат или превенираат болести кај луѓето.
Лекот во современата фармакологија може да земе различна
форма и тоа: таблети, капсули, дражеи, ампули, флакони,
прашоци, креми, масти и сл.
Медицинската сестра е должна да ја знае формата на лекот и
како истата се употребува.
Парентералната терапија, медицинската сестрa треба да се
подготви на соодветен начин, да го подготви материјалот и
приборот за работа.

Подготовка на материјалот и
прибор за работа
- во работната соба, на работната
маса, медицинската сестра
подготува ампули и флакони со
лекови. Потоа шприцевите и иглите
за една употреба, физиолошки
раствор, тупфери од вата,
дезинфекциско средство, бубрежно
легенче и фототацна.
Се врши дезинфекција на грлото на
ампулата, фалконот, со тупфер натопен со
алкохол. Потоа се отвара ампулата и
фалконот се става на работната маса. Се
зема стерилен шприц и игла, во која лекот
се вовлекува или се раствара. Иглата за
подготовка на лекот се вади и се наставува
нова игла за паретералната апликација.
Кога се раствара флакон се внимава целата
прашкаста форма на лекот да се раствори и
да се вовлече во шприцот.
Во терапијата на одрадени болести
вообичаена е употребата на два
или повеќе лекови. Притоа, тие
реагираат меѓусебно. Резултат на
тоа може да биде зголемување на
нивното дејство (синергизам) или
намалување на нивното дејство
(антагонизам).
Синергизам

Во случајот кофа два лека дејстуваат меѓусебно и се


дополнува нивното дејство, станува збор за
зинергизам, а таквите лекови се наречени
синергисти.
Заедничкиот терапевтски ефект обично е ендаков на
збирот на нивните поединечни ефекти (адитивен
синергизам) и затоа синергистите треба да се
примаат во 1/3 или ½ помала доза од вообичаената.
На пример аспирин и парацетамол – терапевтските
ефекти на двата лека се собираат, а несаканите
ефекти не се собираат, бидејќи се различни.
Во случаите кога збирот на синергистичкиот ефект е
поголем од поединечниот, станува збор за
потенцирањена дејството. На пример триметоприм
(бактериостатик) го зголемува антибактериското
дејство на сулфометоксазол и ваквата комбинација
има бактерицидно дејство.
Антагонизам

Збирот на ефектот на два лека е помал од ефектот на секој


од лековите поединечно. Според механизмот на дејство, се
разликуваат:
Хемиски антагонизам – се заснова на хемиска реакција
помеѓу два лека при што се добида неактивно соединение.
Физиолошки антагонизам- настанува кога два антагонисти
дејствуваат на ист орган само на различни рецептори при
што настанува спротивен ефект.
Фармаколошки антагонизам – настанува како резултат на
компетиција на агонисти и антагонисти за ист рецептор.
Антагонизмот наоѓа употреба во лекувањето на некои
труења, при што се дава противотров (антидот).
Интеракција помеѓу лековите
Заклучок

You might also like