You are on page 1of 22

Терапевтски пристап при претман

на кожа склона кон акни

Ментор: Кандидат:
Доц.д-р Елена Дракалска Серсемова Тања Костадинова
Вовед
• Акните се често хронично воспалително
заболување на пилосебацеалните единици
• Комедони, лезии(папула, пустула и нодус) и белези
• 85% кај младатта популација
• Девојчиња од 12-14 години
• Момчиња постари од 15 години
• Адултни акни
Ексцесивна секреција на себум
предизвикана од андрогени
ЕТИОПАТОГЕНЕЗА
хормони
• Себумот во жлездите е стерилен, составен
Пореметување на од триглицери, кој претставува одлична
подлога за раст на бактерии.
кератенизација на фоликулите
• Триглицеридите се разложуваат до
• Кератиноцитите на површината на кожата
глицерол и слободни масни киселини, кои ја
не се отстрануваат(лупат) туку густо се
иритираат кожата и делуваат
доближуваат, што резултира со појава на
проинфламаторно.
микрокомедони о кои понатаму астануваат
комедони.

• Цитокините (IL-1α)

• Намалена концентрација на линолна


киселина во себумот
ЕТИОПАТОГЕНЕЗА Процес на воспаление
• Акните имаат силно воспалително
дејство што може да предизвика
слободување на хемостатските
Инфилтрација на
фактори како лимфоцити,
Propionbacterium acnes
неутрофили и макрофаги.
• Кератиноцитите и себоцитите
• P.acnes е анаеробен грам позитивен можат да бидат активирани од
патоген кој се колонизира во P.acnes преку TLR и молекулите
лојните жлезди. CD14 и CD1.
• P.acnes произведува ензим липаза,
кој ги метаболизира триглицеридите
во себумот до глицерол и масни
киселини, кое води до формирање
на комедони и воспалителни акни.
ЦЕЛИ НА ТРУДОТ

Акните се вообичаена инфламаторна болест на кожата која влијае на пилосебацеалните


единици на кожата. Со оглед на фактот дека можат да предизвикаат и сериозни психолошки
ефекти врз пациентот сѐ поголем е интересот за примена на ефикасна терапија без
последователни несакани ефекти.
Целта на овој труд е да се направи целосна евалуација на топикалниот и системскиот третман
на акни. Исто така, поради тоа што широката јавност покажува зголемен интерес за поприродни
и општо побезбедни опции за третман, се дискутира и за употреба на дополнителни и
алтернативни лекови (CAM) за лекување на акни. Патентираните препарати пласирани во
аптеките детално се анализирани и се наведени предностите и недостатоците од употреба на
истите. Направен е преглед и на употребата на физички терапии, како екстракција на комедон,
криотерапија, електрокаутеризација, интралезионални кортикостероиди и оптички третмани.
МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ
За реализирање на наведените цели користевме податоци од релевантни литературни
извори од примарна, секундарна и терциерна литература, со акцент на оригиналните
научни истражувања за карактеризација и евалуација на различни активни супстанци
што се користат за третман на акни и обработка на резултатите од истите.
Сумираните литературни податоци ги систематизиравме според актуелноста на
третираната проблематика, ги нотиравме формулациските аспекти при користење на
различни активни супстанци и ги наведовме предностите и недостатоците со
нагласување на можностите од оптимизирање на терапијата при третман на акни. Исто
така, направивме детална евалуација на најпотрошуваните препарати пласирани во
подобро снабдените аптеки.
Обработените резултати ги дискутиравме, табеларно ги претставивме патентираните
препарати и извлековме соодветни заклучоци од евалуираните резултати.
РЕЗУЛТАТИ И ДИСКУСИЈА
ГЛАВНА ЦЕЛ НА Т РЕТ МАНОТ СО АКНИ Е КОНТРО ЛА И ЛЕК УВАЊЕ НА ПОСТОЈНИТ Е ЛЕЗ ИИ НА АКНИТЕ И СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЈАВА НА ЛУЗ НИ.

Вид на третман примери


Топикални ретиноиди: Третиноин, адапален, тазаротен.
Топикални антибиотици: Клиндамицин, Еритромицин.
Топикален третман Други локални третмани: Салицилна к-на, хемиски пилинг, бензоил
пероксид, азелеинска к-на, сулфур, ниацинамид, триклосан, дапсон
Орални ретиноиди: Изотретиноин
Орални антибиотици: Клиндамицин, Азитромицин, Еритромицин
Системски третман Доксициклин, Миноциклин
Хормонска терапија: Орални контрацептиви, Флутамид, Ципротерон
Ацетат, Спиронолактон
Комплементарни и Босилек, Копаиба, Зелен чај, Оригано, Минерали, Ресвератрол,
алтернативни лекови Таурин бромамин, Чајно дрво, Прополис, Алое вера
Физички третман Екстракција на комедони, Cryoslush терапија, Криотерапија,
Електрокаутеризација, Оптички третман
Топикален третман
• Топикалните производи имаат предност директно да се применат на погодената
област, со што се намалува системската апсорпција и се зголемува изложеноста на
пилосебацеалните единици на активната супстанца. Сепак, главен несакан ефект на
локално применетите производи против акни е иритација на кожата. Производите за
локална примена се достапни во облик на различни фармацевтски формулации,
вклучувајќи креми, гелови, лосиони, раствори и сл.

Системски третман
• Системската терапија е индицирана кога акните се отпорни на коректно применет
локален третман, кај широко распространети или тешка форма на acne vulgaris или
доколку акните се манифестираат како нодуларни лезии и оставаат лузни. Оралната
терапија е најпосакуваниот избор во третманот на воспалителни лезии. Исто така,
може да се бара примена на системски третман за да се спречи социјалниот срам и
психолошкото нарушување кај луѓето кои страдаат од акни. Најчестиот системски
третман вклучува изотретиноин, орални антибиотици и хормонални агенси
Оригано – Origanum vulgare
• Chuang at al., 2018 спровел in vivo студија за докажување на можното супресивно дејство на
етанолен раствор од оригано врз процес на инфламација предизвикан од P.acnes.
• Метод – испитувањето било направено на десно уво на глувци кои биле поделени во две
групи (тест и контролна група). И на двете групи им било инјектирано одредена количина на
P.acnes. Кај тест глувчињата било ко-инјектирано етанолен раствор од оригано.
• Резултати - добиени со мерење на дебелина и тежина на увото и на двете групи на глувци, со
што се потврдила ефикасноста на ориганото во инхибиција на P.acnes.
Taleb at al., 2018 спровеле in vitro
клиничка студија на 7-те најчесто
користени есенцијални масла
(оригано, мајчина душица,
лимонова трева, чајно дрво, нане,
лаванда и камилица) со цел да се
процени нивната потенцијална
активност врз S.epidermidis и
P.acnes, во споредба на
Клиндамицин и Еритромицин.
 Метод на дифузија на агарозен
диск
Резултати – разлики во дијаметар
на зона на инхибиција
Чајно дрво – Tea tree
• Рандомизирана двојно-слепа плацебо клиничка студија (Enshaieh at al., 2007) за
докажување на ефикасноста на 5% масло од чајно дрво во лекување на благи до
умерени acne vulgaris.
• Метод – 60 пациенти ( 15 до 25 години) со лесни до умерени акни, кои по случаен
избор се поделени во две групи. Едната група била третирана со 5% масло од чајно
дрво, а другата со плацебо.

• Резултати – ефикасноста на третманот била


отценета со вкупно броење на лезии (TLC)
и индекс на серизност на акните (ASI).
o 5%масло од чајно дрво било за
3,55 и 5,75 пати поефикасно од плацебото.
Зелен чај во третман на акни
• Yoon at al., 2013 спровел in vitro студија за докажување на ефикасноста на
епигалокатехин-3-галат (EGCG)
• Резултатите добиени од студијата ја докажале дека EGCG делува директно на
три патолошки процеси – намалување на себум, инхибиција на раст на P.acnes и
антиинфламаторни ефекти.
• Mahmood at al., 2010 спровел студија за докажување на ефикасноста на 3%
екстракт од зелен чај во намалување на себум
• Методи – студијата била спроведена на образите на здрави волонтери во
период од 8 недели
• Резултати – производството на себум се одредувало со себометар, со што
се потврдила ефикасноста на 3% ектракт од зелен чај.
Ресвератрол
• Fabbrocini at al.,2011 спровел клиничка студија за докажување на ефикасноста на
ресвератрол во облик на гел во третман на акни.
• Методи – испитаниците( со воспалителни Acne vulgaris) биле третирани со гел од
ресвератрол на десната страна на лицето, и со плацебо на левата страна од лицето
во период од 60 дена.
• Резултати –
кај испитаниците било забележано
значително намалување на
воспалителните лезии,
како и на макро и микро комедоните.
Комбинирана терапија
• Двојно-слепа In vivo студија ( Mazzarelo at al., 2018) за докажување на ефикасноста
на анти-акне крем составен од 20% прополис, 10% алое вера и 3% чајно дрво
(PTAC) во споредба со Еритромицин.
• Методи – 60 пациенти (благи до умерени акни) поделени во 3 групи, по случаен
избор. Едната група е третирана со PTAC, друга група со 3% крем од Еритромицин и
третата група со плацебо
• Резултати – се добиени на база на определување на индекс на сериозноста, вкупен
број на лезии и намалување на еритема.
ПРЕПАРАТИ ПРОТИВ АКНИ ПЛАСИРАНИ ВО
АПТЕКИТЕ
• Препарати за чистење на кожа склона кон акни
Име на препаратот Активни компоненти Дејство Употреба

Avène Cleanance Gel Авене термална изворска вода, Против-воспалително, Наутро и навечер
Monilaurin Регулира вишок на себум и ја
матира масната кожа

Young derm сапун Цинк РСА, глицерин длабински ја чисти кожата, Наутро и навечер
pH5.5,хидрира
Young derm лосион Екстракт од алое вера,млечна Чисти, смирува, хидрира, пилинг Наутро и навечер
киселина, површински активни
материи

Eucerin гел за миење лице Површински активен измивачки Чисти и отстранува вишок на себум Наутро и навечер
комплекс (6% ampho-tensidi) без
сапун

Eucerin пилинг гел Млечна киселина и измивачки Интензивно ја чисти Еднаш седмично
микрогранули проблематичната кожа

Eucerin мицеларен раствор за APG комплекс- исклучително нежна Отстранува нечистотии и шминка Наутро и навечер
лице состојка
• Препарати за тонизирање и нега на кожа склона кон акни
Име на препаратот Активни компоненти Дејство Употреба
Avène Cleanance МАТ Monolaurin, Avène термална Регулација на себум, матира, Наутро и навечер
изворска вода смирува

Avène Cleanance solaire SPF 50+ Филтри за УВА и УВБ зраци, Заштита од УВ зраци, лесна, Пресд изложување на сонце
антиоксиданси немасна

Young derm безалкохолен бисаболол Хидрира, ја смирува иритацијата, Наутро и навечер


тоник

Eucerin sun-oil control крем-гел Карнитин за себорегулација, Заштита од сонце, специјално Наутро
SPF50+ широкоспектарен УВ-филтер, дизајниран за мрсна кожа склона
ликохалкон А, глицеритинска кон акни
киселина

Eucerin тоник за лице Млечна киселина Интензивно ја чисти кожата Наутро и/или навечер со памучна
блазница

Eucerin матирачки крем- Салицилна к-на, ликохалкон Редуцира акнеичните промени, Наутро и/или навечер
флуид А, карнитин, декандиол обезбедува 8-часовен мат ефект
• Препарати за специјална нега на кожа склона кон акни
Име на препаратот Активни компоненти Дејство Употреба
Avène TriAcnéal EXPERT Diolenyl, X-Pressin TM, Намалува размножување на навечер
retinaldehid,термална изворска бактериите,црвенилото,
вода кератолитик, антивоспалително

Avène Cleanance EXPERT Diolenyl, X-Pressin TM, Антибактериско,го намалува Наутро и навечер
Monolaurin, Avene термална црвенилото, регулира
изворска вода хиперпродукција на себум,
елиминира митесери, смирува

Avène Cleanance HYDRA Триглецериди на кокос и шафран, Хидрира, хранлив, смирува Наутро и навечер
Avène термална изворска вода

Young derm крем за интензивна Екстракт од камилица и манго, Антиинфламаторно, хидратација, Наутро и навечер
нега Витамин Б3, бисаболол ги стеснува порите
Young derm крем за длабински Масло од чајно дрво,екстракт од Суши и отстранува вишок на себум, навечер
третман камилица, бисаболол, екстракт од антиинфламаторно, ги стеснува
манго порите
Heaven 7 face clean гел Витамин Б3, бисаболол, алантоин, Антивоспалително.смирува, Наутро и навечер
пантенол, Витамин Е кератолитик, хидратација,
антиоксидант
Име на препаратот Активни компоненти Дејство Употреба
Eucerin регенеративна крема 10% хидрокси комплекс- гликолна, Ги отвара порите, редуцира Навечер
салицилна киселина, ликохалкон А, акнеични промени и превенира
пантенол повторно појавување

Eucerin интензивна смирувачка SymStive, ликохалкон А, серамиди, Редуцира несакани ефекти на кожата Наутро и/или навечер
крема пантенол предизвикани од медикаментозна
терапија

Eucerin стик-коректор Салицилна киселина и прекривни Ги редуцира и прикрива Ако е неопходно и до 3 пати
пигменти воспалителните процеси дневно

Лосион со клиндамицин Клиндамицин Инхибира раст на P. Acnes Наутро и навечер на чиста кожа

Лосион со хлорамфеникол Хлорамфеникол, салицилна Инхибира раст на P. Acnes, пилинг и Наутро и навечер на чиста кожа
киселина ги чисти затворените пори

Сона крем 1% Адапален Антивоспалително, инхибира раст Навечер, на добро исчистено лице
на P. Acnes

Acnefug oxyd wash Бензоил пероксид 4% Антибактериско, антивоспалително Наутро и навечер


ЗАКЛУЧОК
Според обработените резултати заклучувме дека:
Основна цел на лекувањето на акните е да се ублажат симптомите, односно да се намали бројот и
тежината на лезиите, да се успори прогресијата на симптомите, да се спречи појава на лузни или
хиперпигменатција.
Успешна фармаколошка терапија на акни треба да делува барем на еден од четирите патолошки
процеси вклучени во настанување на акните, а изборот на терапијата ќе зависи од тежината на акните
Најчесто користени лекови во топикална терапија се ретиноиди, азелаична киселина, салицилна
киселина, бензоил пероксид, локални антибиотици и производи кои содржат сулфур како активна
компонента.
Најчесто користени топикални антибиотици се клиндамицин и еритромицин. Од ретиноидите најчесто
користен е адапален.
Системската терапија вклучува примена на антибиотици, хормонска терапија и изотретиноин.
Оралниот изотретиноин се смета за најзначаен препарат кој се користи во третман на акни, но
тератогеноста на овој препарат значително ја ограничува неговата употреба.
Антибиотици кои најчесто се користат за системска терапија се
тетрациклин, доксициклин, миноциклин, еритромицин и при нивно
препишување важно е да се земе предвид можна појава на резистенција.
За да се надмине проблемот со резистентноста во последните години се
повеќе се посветува внимание на употреба и докажување на ефиксноста
на природните препарати како алтернатива за антибиотиците.
Фармацевтот е најчесто првиот извор за давање на совети за лекување на
акни со помош на OTC препарати кои се достапни во аптеките
Најчесто употребувани препарати, согласно потрошувачката во аптеките
се: Eucerin, Avene, Young Derm, Aknefug oxyd wash од Dr.Wolff и лосионот
со клиндамицин и хлорамфеникол.
ВИ БЛАГОДАРАМ НА
ВНИМАНИЕТО

You might also like