You are on page 1of 11

ТЕМА: НЕВЕНОТ КАКО

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ЛЕКУВАЊЕ


НА ИНФЛАМАТОРНИ БОЛЕСИ
НА КОЖАТА

Изработил:
ВОВЕД
 Невенот е еден од најлековитите цветови кој има значајно присуство
во балканската народна традиција и повозрасните често го користеле
како средство за спречување на инфекции, зарази, за лечење на рани и
за хигиенски потреби.
 Од народната традиција па се до денешната модерна медицина сосема
јасно се согледани сите лековите и корисни својства на невенот за кој
велат дека не постои кожна болест која не може да ја спречи.
ИНФЛАМАТОРНИ БОЛЕСИ НА КОЖАТА

Akne vulgaris (акни) Егзем и дерматитис Псоријаза


• Состојбата се карактеризира • Инфламаторна кожна • инфламаторно-
со појава на кератински реакција што се хиперпролиферативна
чепови во лојните канали карактеризира со црвенило, кожна болест која се
(комедони), инфламаторни чешање, појава на екскудат, карактеризира со: плочести
папили, цисти и лузни. хиперкератоза, формирање лезии кои се вообичаено
красти и појава на групации црвени или розеви,
од папили или везикули. прекриени со бели лушпи,
капиларна дилатација во
дермисот и инфламација.
ТРЕТМАН НА КОЖАТА
 Појавата на инфекции и воспаленија, чешање, лезии, улцерации и
изгореници, како и други трауми на кожата, може привремено да ги
оштетат нејзините слоеви и да предизвикаат повеќе или помалку
сериозни проблеми во зависност од нивната јачина и траење.
Повредите на кожата се видливи и лесно достапни поради што може
да се примени надворешен (екстерен) третман кој е побезбеден и
вообичаено не предизвикува системски ефекти.
 Денес, сè почесто се препорачуваат и се употребуваат надворешните
(екстерните) препарати од природно потекло за третман на разни
кожни заболувања.
НЕВЕН
 Невенот, Calendula officinalis L.
fam. Asteraceae, е тревесто
растение со височина од 30-50 cm.
 Aвтохтониот ареал на
распространување е југо-источна
Европа, но расте и во другите
делови од Европа, Азија, Северна
Америка и северна Африка, а
најголеми извозници се Полска,
Египет и Унгарија.
терпеноиди

аминокиселини флавоноиди

Хемиски
состав на
невенот
каротеноиди кумарини

етерично масло хинони


МЕХАНИЗАМ НА ДЕЈСТВО НА НЕВЕНОТ
 Невенот се препорачува за третман на конјуктивитис, фарингитис,
афти, стоматитис, гингиво-стоматитис и други инфламаторни состојби
на кожата и на мукозните мембрани.
 Поновите испитувања покажуваат и определен капацитет за
антиканцер активност којашто се должи на ликопенот кој е инхибитор
на клеточната пролиферација на туморските клетки.
 Каротеноидите и флавоноидите имаат антиоксидативно дејство.
МЕХАНИЗАМ НА ДЕЈСТВО НА НЕВЕНОТ
 Поради своето антиинфламаторно, антисептично и антихеморагично
дејство, дрогата надворешно се употребува за третман на изгореници,
егзем, модринки и рани кои бавно заздравуваат.
 Поради антиоксидативното дејство дрогата се користи во кремови
против стареење и лосиони за сува, чувствителна и оштетена кожа.
 Каротеноидите го намалуваат ризикот од изгореници од сонце, од
алергии од сонце и од некои видови рак на кожа.
ПРЕПАРАТИ ОД НЕВЕН ВО НАРОДНАТА
МЕДИЦИНА
 Невенот долго време се користи во форма на масло од невен (Calendula oil),
што всушност претставува маслен инфуз од невен подготвен со маслиново
масло.
 А во народната медицина од невенот се приготвива:
 Маст за рани и изгореници
 Тинктури - се користат за различни воспалителни процеси, а одлични се кај
длабоки рани, но и кај други воспалителни процеси на кожа (акни, црвенило). и
 Чај од невен - се користи:
 за испирање на усната шуплина при вирусни и бактериски воспаленија,
 за смирување на менструални тегоби (се пие 7 дена пред менструација)
 за воспаленија на жолчката и црниот дроб и
 не се препорачува за време на бременост и доење.
ЗАКЛУЧОК
 Од досегашното излагање можеме да заклучиме дека цветот од невен
може да се користи за чистење на раните, воспаленија на кожата,
израстоци, акни, изгореници, псоријаза и други појави. За оваа намена
може да се користи и масло од невен кое делува како природен
козметички препарат, а може да се користи и во комбинација со
различни билки. Невенот е прилично безбеден за користење и не
предизвикува несакани ефекти, но сепак воопшто не се препорачува за
луѓето кои се алергични на амброзија и не смее да се користи во текот
на бременоста.
Ви благодарам
на вниманието!!!

You might also like