You are on page 1of 20

Ултравиолетови зраци

 УВ-зраците се дел од светлинските зраци со бранова должина од 100 до 400 нм.Тие


се невидливи зраци и се граничат со видливите виолетови зраци од една и
ренгенските зраци од друга страна.
 Природен извор за УВ зраците е сонцето
Поделба на УВ-зраците

 УВ-А зраци со бранова должина од 400 до 315 нм


 УВ-Б зраци со бранова должина од 315 до 280 нм
 УВ-В зраци со бранова должина од 280 до 13,5 нм
Извори на УВ-зраци

 Од сончевиот спектар до Земјината површина допираат за ултравиолетовите зраци


со бранова должина од 290 нм, бидејќи оние со пократка бранова должина се
апсорбираат во атмосферата од озонот
 Вештачки извор на УВ-зраци претставува кварцната светилка.Таа се состои од
цефка направена од кварцно стакло со надолжна,полукружна или потковичеста
форма.Кварцното стаклоо се применува затоа што ги пропушта УВ-зраците со
бранова должина до 180 нм, додека обичното стакло пропушта само најдолгите
зраци од групата А, кои се биолошки најмалку активни.
 Секој бренер има одреден век на трање, кој обично изнесува 1500 од 2000 часа.
Пенетрација и апсорпција

 Дел од УВ-зраците се одбива од кожата,додека друг, поголем дел, продира во кожата


до длабочина од 0,1 до 0,5 мм. Најдлабоко продираат УВ-а,а најмалку УВ-Ц
зраците.Во кожата УВ-зраците се апсорбираат преку протеини и нуклеински
киселини.
Биолошко и физиолошко дејство

 Општи реакци
 Подобрување на имуниот систем-подигање на отпорноста на организмот кон инфекции.
 Зголемен број на еритроцити,зголемување на хемоглобин и дејство кај секундарни анемии
 Претворање на 7 дехидрохолестерол во холекалциферол-Витамин Д3,кој го подобрува
метаболизмот на калциум и на фосфор
 Зголемен број на леукоцити
 Нормализирање на гликемијата,холестеролот,Калциум и фосфор во серумот
 Промени во метаболизмот на азот
 Промени во ацидо-базната рамнотежа
Локална реакција

 Се покажува низ еритем,пигментација,стимулација на регенерација на


клетките,забрзана гранулација и епителизација на епителот,како и бактерицидно
дејство
Еритем и пигментација

 Биолошкото дејство на УВ зраците врз кожата се изразува со настанување на


црвенило или еритем поради дифузијата на УВ зраците во кожата и тоа што
предизвикуваат вазодилатација на капиларите,но не и на артериолите.Локално на
местото на зрачење по латентен интервал од 2,3 до 12 часа може да се јави
хомоген,јасно ограничен од нормалната кожа еритем кој што може да трае 2-3 или
повеќе денови.
Бактерицидно дејство

 УВ-Ц зраците предизвикуваат дезинтеграција на нуклеинските киселини и ензимско


распаѓање на бактериската клетка,па поради тоа УВ ламбите се користата во
операционите сали,родилни сали,сали за интервенција,во стерилизација на млеко и
т.н
Просторија за примена на зрачење

 Кварцната ламба би требало да се применува во посебна просторија одделена од


другите за да се избегни ширење на зрачењето.Во просторијата треба да има
кревет,закачлка и столица.
Дозирање

 За дозирање во пракса се користи минималната еритемна доза или


биодоза.Минималната еритемна доза е најмалото траење на зрачење кое, со
одредена УВ-светилка и од до одредено растојание,предизвикува праговен еиртем
на кожата на одредено лице и на одредено место.
 Биодозата се одредува со биодозиметар кој се состои од гумирано стакло со 6 или 3
правоаголни отвори со димензии 1x2 цм.
 Ако се применува општо зрачење,минималната еритемна доза се одредува на
подлактица или стомакот,а кога се работи за локално се одредува на местото на
зрачење.
Дозирање

 Ламбата се става на растојание од 50 цм со што зраците треба да паѓаат под агол од


90 степени.Се открива првото поле кое се зрачи 1 минута,потоа се открива 2,3,4,5,6
поле во рок од 6 минути.Со што првото поле е зрачено 6 минути,2-5 минути,3-4
минути,4-3 минути,5-2 минути и 6 само 1 минута.Кај деца зрачењето по поле
изнесува 0,5 минути или 30 секунди.
Одредување на минималната еритемна доза

 При одредување на резултатот се користи она поле на кое постои иницијален


еритем, односно благо тешко забележливо црвенило и тоа време изразено во
минути,се означува како индивуална минимална еритемна доза.
Доколку не се појави иницијалното црвенило во никое поле,тогаш постапката се
повторува со што се намалува растојанието меѓу ламбата и кожата
Подготовка на пациентот

 На местото кое треба да се зрачи претходно терапевтот треба да изврши инспекција


на кожата и доколку кожата е премачкана со различни пасти,масти или кремови или
па има орожнет епителен слој, кожата треба да се премачка со 90% алкохол.
Индикации

 Општо зрачење
 Се применува при нарушување на метаболизмот на фосфор и
калциум:остеопороза,остеопенија,остеомалација,рахитис.
 Анемија и боелсти поврзани со анемија
 Кожни заболувања:питириасис,розацеа,псоријаза
Индикации

 Локално зрачење
 Кожни болести (псоријаза,акни,алопеција,фурункул)
 Отворени рани и улкуси кој што не се инфицирани
 Ревматски болести-дегенеративни промени,мускулен
ревматиза,мијалги,ентезити,бурзити и тн
 Забавено создавање на калус
 Гинеколошки-заболување:аднексит,параметрит,дисменореа
 Невролошки заболувања:невралгии и неврит.
Контраиндикации

 Стандардни контраиндикации како кај сите видови на терапија


Можни грешки при работа

 При одредување на биодозата растојанието да не се измери прецизно,туку да се


одреди приближно,при што може да влијае на понатамошните апликации
 Кварцната ламба да не се загрее доволно
 На пациентот да не му се укаже дека зрачените места не треба да ги мие,мачка со
креми
 Веќе пигментираните полиња да се зрачат со иста доза,со што се изостанува
саканиот еритем
Несакани дејства

 Прекумерното УВ-зрачење може да предизвика оштетување на кожата и очите


 На кожата се јавуваат изгореници од прв и втор степен
 Доколку очите не се заштитени може да дојде до нивно оштетување како кератитис
и конјуктивитис.
 Предозирано општо зрачење може да доведе до шок

You might also like