You are on page 1of 8

ХЕЛИОТЕРАПИЈА

• Под хелиотерапија се подразбира примена на сончевата светлосна енергија во


лекување.Во секојдневниот говор овој вид е терапија со сончање
• Дејството на сонцето врз нашиот организам е повеќекратно.Обично тоа се поврзува
со престој на море,езеро,планина или покрај река
ФИЗИОЛОШКИ И ТЕРАПИСКО ДЕЈСТВО

• При сончање на телото истовремено дејствуваат инфрацрвените и ултравиолетовите и видливи


зраци, воздухот со својата топлина, влажност и притисок
• Често се сретнува поимот светлосна дразба која настанува преку сетилото за вид па потоа преку
оптичките патишта има секундарно дејство врза хипофизата.Ова е заслужно за општиот тонус и
вегетативните функции на организмот
• УВ-А и УВ-Б зраците кои допираат до површината на Земјата на кожата предизвикуваат еритем, а
потоа и пигментација.Под нивно влијание во кожата се создава витамин Д, кој влијае на
метаоблизмот на калциумот и фосфорот и ја стимулира остеогенезата. Во кожата се создаваат
биолошки активни материи,се намалува болката и воспалителната реакција.УВ зраците имаат и
бактерицидно дејство
ФИЗИОЛОШКИ И ТЕРАПИСКИ ДЕЈСТВА

• Инфрацрвените зраци дејствувајќи диренто врз артериолите во кожата може да


предизвикаат хиперемија,намалување на болка и мускулна спазма како и
ресорпцијан а отоци.
• Комбинираното дејство на УВ и ИЦ зраците во текот на сончањето го забрзува
зараснувањето на отворени рани и торпидни улкуси
• Нивното комбинирано дејство врз организмот дејствува неврорефлексно и
хуморално, се менува реактивноста на нервното ткиво,влијае на функцијата на
ендокрините жлезди се подобруваат имунолошките рекации и др
ФИЗИОЛОШКИ И ТЕРАПИСКИ ДЕЈСТВА

• Сончањето се користи во превентивни, тераписки,козметички и рекреативни цели.


• Ефектите на дејствување на сончевите зраци зависат и од:дебелината на
воздушниот слој,влажноста на воздухот,прашината, периодот на денот, годишно
време, надморска височина облачност и др.
ДОЗИРАЊЕ

• Се одредува хелиодоза според Ролије


• Ролије го поделил телото на шест сегменти, кои се експонираат еден по друг секој
следен.Се почнува од стапалата кои се зрачат само првиот ден само 5 минути,
следниот ден се зрачат потколениците 5 минути, а стапалата 10 минути а третиот
ден и натколениците, со што останатите делови од телото се зрачат во следните
денови освен главата.Понатаму зрачењето продолжува по 5 минути секој ден.
НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ

• Предозираноста на сончевата енергија врз организмот се изразува чувство на замор,


малаксаност, губење на апетит,главоболка, несоница и други симптоми.
• При неконтролирана примена на хелиотерапија може да дојде до појава на
изгореници од потежок степен на озрачената кожа
• При долготрајна и прекумерна експозиција,сончевите зраци предизвикуваат
превремено стареење на кожата, а кога се работи за предиспонирани лица може да
се предизвика канцер.
ИНДИКАЦИИ И КОНТРАИНДИКАЦИИ

• Индикации за тераписко сончање:рахитис и остеомалација, остеопороза,забавено


создавање на калус кај фрактури,остеохондропатии,псоријаза, акни на кожа,
хроничен егзем
• Контраиндикации
• Фотодерматози, системски лупус,терапија со лекови со фотосензибилизирачко
дејство, рендгенски дерматитис, малигни тумори,порфирија, активна ТБЦ и др.

You might also like