You are on page 1of 31

● Луминисценција, по дефиниција, е емисија

на светлина која не е директен резултат на зрачењето


на некое тело. Тоа е појава различна од сјаењето поради тоа што
обично се случува на ниски температури и затоа претставува
форма на радијација кај ладните тела.
Зборот
Луминисценција потекнува од латинскиот збор lumenis
што во превод значи светлина. Освен во видливиот дел од
спректарот, луминисцентното зрачење може да биде од
ултравиолетовата област,па се до инфрацрвеното зрачење.
Хемолуминисценцијата е процес на зрачење
на светлина без притоа да се врши топлотна емисија како
резултат на некоја хемиска реакција. Наједноставно кажано,
доколку ни се дадени реактантите A и B, како
и интермедијаторот ◊, тогаш општата формула на една
хемолуминисцентна реакција би изгледала вака:

[A] + [B] → [◊] → [продукти] + ослободена светлина


Хемолуминисценција
на луминол со хемоглобин
Електролуминисценција настанува при директно
претворање на електричната енергија во енергија на
електромагнетно зрачење,и тоа обично при електрично
празнење низ разредени гасови.Тоа се користи за изработка
на цевки за рекламирање или други потреби.Бојата на
луминисценцијата зависи од природата на гасот.На овој
принцип работат и флуоресцентните светилки.
Електролуминисце
нтна ноќна
светилка (користи
0.08W на 230V и
датира од 1960
година;
дијаметарот ѝ
изнесува 59mm)
Катодолуминисценција настанува како резултат на
енергијата што ја предаваат електроните при судир со
дадена материјална преопрека.Така работат различни
катодни цевки,радари,електронскиот микроскоп и други.
Механолуминисценцијата е луминисценција што е резултат на механичко
дејство извршено врз тврда супстанца. Може да биде предизвикана на неколку
начини, а најлесто со помош на ултразвук.
Се дели на три поттипови:
~Фрактолумисценција
Предизвикана од механичко дејство што предизвикува скршеници –
фрактури.
~Пиезолуминисценција
Резултат е на влијанието на притисок што предизвикува само еластична
деформација
~Триболумисценција
Првобитно се предизвикува како резултат на триење, но самата
механолуминисценција е всушност последица на фрактурите што
настануваат во текот на процесот на триење, па затоа, многу често, а
особено во модерните поделби, фракто- и триболуминисценцијата се
сметаат за синоними.
Феноменот на механолуминисценцијата најпрво беше
откриен во 1605 година од страна на
Сер Френсис Бекон од гребење шеќер со нож. 
Триболуминисценција настанува при деформација или
дробење на некои кристали,така што механилката
енергија се претвара во елекктомагнетно зрачење.
Сонолуминисенција е луминисценција побудена од ултразвук.

Ефектот е откриен на Универзитетот во Келн во 1934 година како резултат на


работата
на хидролокатор. Х. Frenzel иХ. Schultes стави ултразвук Трансдуцерот во
резервоарот на фотографската инвеститорот течност. Тие се надеваа дека ќе се
забрза процесот на развој. Наместо тоа, тие забележале мали точки на филм по
развојот и сфатиле дека меурчињата всушност  емитуваат светлина со вклучен
ултразвук .
Радиолуминисценцијата е феномен при кој луминисценцијата односно зрачењето
на светлина се предизвикува во одреден материјал преку бомбардирање
со јонизирачка радијација, најчесто со бета-честички. Типичен пример за
радиолуминисцентен материјал е тритиумот, односно изотопот на водородот со
два неутрона, кој се искористува како состојка во луминисцентните бои што
предизвикуваат светење на бројките кај одредени часовници. Уште еден
употреблив радиолуминисцентен материјал е веќе застарената смеса
на радиум и цинк сулфид допингуван со бакар која, слично како и тритиумот, се
користела како луминисцентна боја кај часовниците.
Рендгенолуминисценцијата е луминисценција
предизвикана со рендгенските зраци.
Фотолуминисценцијата е процес при кој една хемиска супстанца
апсорбира еден фотон (електромагнетна радијација) и го позиционира на
повисоко електронско ниво, а речиси истовремено зрачи еден фотон назад,
враќајќи го на пониско енергетско ниво. Периодот меѓу апсорбирањето и
зрачењето е многу краток и најчесто не изнесува повеќе од 10 наносекунди.
Сепак, под влијание на посебни услови, најчесто во лабараторија, и
особено во текот на фосфоресценцијата, овој период може да биде
продолжен и да трае повеќе од неколку минути, па дури и неколку часа.
При фотолуминисценцијата обично за возбудувања секористи
ултравиолетова светлина,а се појавува фотолуминисцентно зрачење во
видливиот дел од спектарот.
Телата што луминисцираат само за време додека трае
апсорпцијата на надворешната енергија се флуресцентни
тела,а појавата е наречена флуоресценција.

Ако пак телото продолжува да свети и по завршувањето на


апсорпцијата на надворешната енергија,таа појава е
фосфоресценција.

Флуоресценцијата е својствена за телата од сите 3


агрегатни состојби,додека фосфоресценцијата е својствена
само за тврдите тела.
Флуоресцентни минерали
Фософоресценција
~ За луминисцентното зрачење во одредени граници важи и
Стоксовото правило,според кое фотолуминисцентната
светлина се карактеризира со поголема бранова должина
отколку светлината штo ја предизвикала
фотолуминисценцијата.

I A L
hf = hfo - A

λ
Како илустрација на Стоксовото правило е даден графикот со кој е
претставен интензитетот I на апсорбираната спректрална лента (A) и
емитуваната (L) во зависност од брановата должина λ.Од сликата се гледа
дека максимумот на луминисцентната светлина L е поместен во однос на
макс. А на апсорбираната светлина кон поголемите бранови должини.
Луминисценцијата наоѓа широка примена кај различните
рендгенски апарати и при флуорографското снимање.
Луминисценцијата на некои органски кристали денес се
користат за детекција на неелектризирани честици и γ зраци.
Флуоресценцијата има широка примена во медицината.Со
анализа на флуоресцентни спректри се испитуваат
макромолекулите.Флуоресцентни материјали се користат за
флуоресцентно боење на препарати.Таа наоѓа примена во
кримтехниката,ареологијата и во многу гранки на техниката.
БИОЛУМИНИСЦЕНЦИЈА
- продукција и емисија на светлина
предизвикана од страна на ЖИВИ
ОРГАНИЗМИ, како резултат на
хемиска реакција при што енергијата
се претвора во светлосна.
- ПОТЕКЛО НА ИМЕТО:
- грч. збор bios_живот
- лат. збор lumen_светлина
КАРАКТЕРИСТИКИ:
- проценето е дека 90% од живите
суштества лоцирани во морињата и
океаните се БИОЛУМИНИСЦЕНТНИ
на еден или друг начин.
- некои типови на биолуминисценција
постојат само во текот на ноќта.
ПОСТОЈАТ 4 ТЕОРИИ ЗА
НАСТАНОКОТ И РАЗВИТОКОТ НА
БИОЛУМИНИСЦЕНЦИЈАТА КАЈ
ЖИВИТЕ ОРГАНИЗМИ
• КАМУФЛАЖА - начин едно суштество да
стане условно невидливо преку поклопување
на својот морфолошки изглед со оној на
околната средина.
• Пример за ова е биолуминисценција кај
АНТАРКТИЧКО РАКЧЕ
*ПРИВЛЕКУВАЊЕ – биолуминисценцијата се
користи како начин за привлекување на пленот од
страна на еден тип риби кои живеат на големи
длабочини, таканаречени АНГЛЕРИДИ. Еден
додаток на главата на рибите засветкува и ги
привлекува помалите риби. Еден малечок тип на
ајкула чиј загриз остава трага слична на колаче,
користи еден биолуминисцентен трик за да ги
намами своите жртви.На овој начин како што се
големите риби туната и макерелот, гледајќи го
само светлиот дел се доближуваат до ајкулата за
да бидат изедени.
АЈКУЛАТА ШТО СВЕТИ ВО
ТЕМНИНА ИМА УБИСТВЕНА
ДАМКА
ДИНОФЛАГЕЛАТИТЕ пак откриле
уште поинтересен трик.Кога ќе осетат
движење на некој од нивните предатори во
нивна непосредна близина тие
луминисцентираат предизвикувајќи уште
поголеми предатори да се соберат околу нив
и да ги изедат нивните првобитни напаѓачи.
Биолуминисценција кај динофлагелатите во
море
*ОДБИВАЊЕ – одредени подвидови на
СИПАТА користат биолуминисцентни
хемиски мешавини или бактериски смеси на
ист начин и од иста причина како што
останатите сипи користат мастило.

*КОМУНИКАЦИЈА – се врши комуникација


меѓу бактериите.Таа го помага симбиотичкото
навлегување на бактеријата во рамките на
нејзиниот домаќин, па дури го овозможува
брзото множење на бактериските групации.
ВЕШТАЧКА БИОЛУМИНИСЦЕНЦИЈА КАЈ
ТУТУНОТ ИНДУЦИРАНА СО ПОМОШ НА
ГЕНЕТСКИ ИНЖИНЕРИНГ

МЕДУЗА
ПИРОЗОМИТЕ се светло
биолуминисцентни, при што
емитираат бледа синозелена
светлина која што може да се
забележи и од неколку 10
метри. Понекогаш се
нарекуваат и “огнени салпи”.

ГРДОБИНАТА својот плен


го привлекува со мамец кој
се наоѓа близу нејзината
уста.Мамецот е полн со
бактерии и со неа живее во
симбиоза и произведува
биолуминисцентна светлост.

You might also like