You are on page 1of 12

Проектна задача по физика

Тема: СВЕТЛИНА

Изработил: Матео Нешовски, VIIIВ

Скопје, јуни 2017 год.


Светлината претставува електромагнетен бран чија бранова должина е
видлива за човечкото око.

Извори на светлина

Телото што зрачи сопствена светлина се нарекува извор на светлина.


Најважен извор на светлина на Земјата е Сонцето. Сончевата светлина е
интензивна во текот на денот и претставува природен извор на светлина. Како
важен извор на светлина, за луѓето отсекогаш бил и огнот, од праисториските
огништа до керозински ламби кои веќе се заменети со електрични светилки.

Изворите на светлина можат да бидат примарни и секундарни. Примарни


извори на светлина се оние извори на светлина кај кои доаѓа до претворање на
внатрешната енергија (топлинска, хемиска, атомска или друга) во светлина.
Секундарни извори на светлина се сите тела што не опкружуваат и ги гледаме
само поради тоа што од нив се рефлектира светлина.

Телата што емитираат светлина од себе се означуваат како самосветлечки.


Оние тела кои не емитираат светлина се означуваат како несветлечки. Тие
само ја одбиваат светлината од некој примарен извор на светлина.
Од илустрацијата може да се заклучи дека несветлечкото тело, во овој случај
цветот, е видливо поради сончевата светлина која се одбива од него.

Распространување на светлината

Светлината се шири праволиниски. Ова може да се докаже со едноставен


експеримент. Ако поставиме повеќе парчиња картон со отвори на истото место
и на едниот крај поставиме светлосно тело (свеќа или светлосна батерија), на
другиот крај на отворите со окото можеме да забележиме дека светлината
поминува низ отворите и доаѓа до окото.

Сончевата светлина се распространува праволиниски. Од фотографијата долу


може да се забележи дека сонцето е скриено од облаците и се гледаат само
неговите зраци според кои може да утврди положбата на сонцето.
Кога светлината паѓа врз некој предмет, резултатот зависи од материјалот на
предметот. Па така,
- Светлината се пропушта ако материјалот е проѕирен,
- Светлината се апсорбира ако материјалот е непроѕирен,
- Светлината се рефлектира.
Понекогаш во исто време може да се случат повеќе од овие процеси.

Сенки

Појавата сенка е последица на попречување на праволиниското движење на


светлината од некој непроѕирен предмет. Светлината не може да го заобиколи
предметот и се создава сенка.

Најлесен начин за да се истражат сенките е да се постави извор на светлина


пред непроѕирен објект зад кој ќе има ѕид.
Постојат сенки и во Вселената. Сенките во вселената не се со остри рабови. За
големи извори на светлина секогаш се формира темен централен регион околу
кој се наоѓа посветла сенка. Таа посветла сенка се нарекува полусенка.
Ефектот на полусенка се гледа при затемнување на Сонцето.

Кога настанува затемнување на Сонцето, Сонцето, Месечината и Земјата се


подредуваат во права линија. Во оваа поставеност, како и поради различната
оддалеченост на Месечината од Сонцето и на Месечината од Земјата,
Месечината го блокира патот на светлината од Сонцето до Земјата. Целосното
затемнување на Сонцето може да се види само од мал дел на површината на
Земјата. Од поголем дел на земјата се гледа само делумно затемнување на
Сонцето.
Во вселената настанува и затемнување на Месечината. Ова се случува кога
Месечината ќе се најде зад Земјата гледано од Сонцето. Во овој случај,
Месечината се наоѓа во Земјината сенка.

Каква ќе биде сенката, нејзината големина и острина зависи од големината на


светлинскиот извор, големината на осветлениот предмет, нивната заемна
положба и оддалеченост. Како што се менува положбата на светлинскиот
извор така се менува и сенката.
Во текот на денот сенките во природата ја менуваат својата положба и
големина поради промената на местоположбата на Сонцето.
Камера обскура

Камера обскура е природен оптички феномен кој се случува која слика се


проектира на рамна површина преку многу мал отвор. Сликата која се појавува
на површината е превртена, а боите и распоредот остануваат исти. Изразот
камера обскура е латински израз што значи темна соба. Камера обскура може
да биде и кутија и соба со отвор на едната страна низ кој влегува светлината.
Колку е помал отворот толку е поостра сликата.
Преносната верзија на камера обскура станала популарна во 17-иот век.

Камера обскура го претставува почетокот на модерната фотографија.

Одбивање на светлината (рефлексија)

Светлината се одбива од сите предмети. Сепак, во огледало можеме да си го


видиме одразот, а на бел лист хартија не можеме. Тоа се случува поради
површината на предметот од кој се одбива светлината. Всушност, белиот лист
хартија има рапава површина и ја распрскува светлината во сите правци.
Огледалото, пак, има мазна површина, и светлината се одбива без расејување,
туку сите зраци се рефлектираат во ист правец.

Одбивање на светлината од огледало


Одбивање на светлината од бел лист хартија

Закон за рефлексија

Законот за рефлексија ни кажува под кој агол ќе се одбие зракот кој паѓа врз
огледалото.

На сликата се гледа следното:


Вертикалната линија е огледалото; шрафираниот дел е задната страна
од огледалото. Влезен зрак е зракот што паѓа на огледалото. Зракот што
излегува излегува е рефлектиран (одбиен) зрак. Правецот на одбиениот
ако нацртаме нормала на огледалната површина.
Според законот за рефлексија на светлината аголот на рефлексија е еднаков
со влезниот агол.

Пеперовиот дух е една од примените на законот за рефлексија. Како пример за


Пеперовиот дух може да го земеме тоа што се случува кога ќе погледнеме низ
прозорец доцна во ноќта. Светлиот предмет во собата изгледа како да лебди.
Стаклото овозможува да гледаме низ него, но и рефлектира светлина од
предметите внатре во собата.
Пеперовиот дух имал голема употреба во театри за да се креираат појави на
духови.

Оптичка илузија

Оптички илузии се лажно перцепирани слики кои во реалноста се разликуваат


од тоа окото го гледа. Окото и мозокот се залажуваат со илузии со разни бои,
контраст, облици но и со движење.

Рефракција

Светлината се прекршува кога поминува од еден во друг проѕирен материјал.


Промената на правецот на светлинскиот зрак кога влегува или кога излегува од
проѕирен материјал е наречена прекршување на светлината или рефракција.
На сликата моливот изгледа како да е прекршен на местото каде што влегува
во водата.Светлинскиот зрак се прекршува различно: поблиску до нормалата
кога преминува од поретка до погуста средина и подалеку кога преминува од
погуста во поретка средина.

Спектар на бела светлина

При истовремена појава на дожд и сонце на небото може да се види виножито.


Боите на виножитото се видливи кога бела светлина минува низ стаклена
тристрана призма. Белата светлина се прекршува кога ќе падне на призмата.
На другата страна, при излегување од призмата, светлината уште еднаш се
прекршува.
Белата светлина се разложува на спектар од бои. Оваа појава се вика
дисперзија. Спектралните бои секогаш се појавуваат во ист редослед, од
црвена кон виолетова. Луѓето сметале дека стаклото е тоа што ги создава
боите, но според Исак Њутн белата светлина всушност претставува смеса од
сите бои во спектарот.

Светлина во различни бои

Различни бои се добиваат со поставување филтер пред силна бела светлина.


Светлинскиот филтер претставува обоено парче стакло или пластика. Тој
пропушта само една од боите на белата светлина, а другите бои ги апсорбира.
Овој процес се вика суптрактивно мешање на боите.

Адитивно мешање на спектрални бои

Призмата може да ја разложи белата светлина на спектралните бои. Црвената,


зелената и сината боја ги викаме основни спектрални бои. Кога комбинираме
две или повеќе спектрални бои, тогаш станува збор за адитивно мешање на
спектралните бои. При адитивно мешање на основни бои се добиваат изведени
бои. На пример, со мешање црвена и сина боја ќе добиеме виолетова боја, а со
жолта и сина ќе добиеме зелена боја.

You might also like