You are on page 1of 1

Н.С.3.

2-Како ги гледаме нештата

Што забележуваш на рабовите од автопатите. Што има на столпчињата и


зошто тие служат?

На столпчињата има метални плочки и ако на нив падне светлина тие


стануваат видливи, а тоа ни е знак дека тука е ивицата на патот. Вакви
„светлечки“ плочки или ленти има на страничните делови од автомобилите,
велосипедите, ученичките торби и слично. Тоа се познатите „мачкини очи“.
Кога светлечките плочки ќе се осветлат во мракот светат многу поинтензивно
од околните тела. Причина за блесокот е во тоа што светлината којашто доаѓа
до нив се одбива или рефлектира.

Појаватана одбивање на светлината се вика рефлексија.

Некои тела можат целосно да ја впијат светлината . Појавата при која


светлината некои тела целосно ја впиваат се вика апсорпција.

Некои тела ја пропуштаат светлината . Појавата на пропуштање на светлината


се вика транспаренција .

Одбивањето на светлината од нерамни површини се вика дифузно


одбивање.

•Светлината патува како зраците.

•Кога зракот светлина паѓа врз предметот, тој може да се апсорбира,


рефлектира или пропушта.

•Непроѕирните предмети се несветлечки но се видливи кога светлината се


рефлектира од нив кон окото.

•Проѕирните предмети дозволуваат светлината да поминува низ нив.

•Прозрачните предмети и апсорбираат и рефлектираат по малку светлина.

You might also like